Како до лесна имплементација на Design Thinking во компанијата.

Како до лесна имплементација на Design Thinking во компанијата.

Вработените се еден од најважните ресурси со кои располага едно претпријатие. Но кога се работи за нивно менаџирање, компаниите се соочуваат со големи предизвици. Предизвици како: недостаток на пасија, мотивација и комуникација помеѓу вработените. Покрај тоа, тие, како домино ефект водат до намалување на продуктивноста, квалитетот на работата и незадоволство кај вработените. Сите овие аспекти ја дефинираат културата во компанијата која влијае на сите вработени, како сегашни така и идни.

Важноста на секојдневните процеси во компанијата се повеќе од очигледни, но соочувањето со нив не е лесна задача. Природно, компаниите бараат пример од успешните приказни на големите компании во нивната индустрија. И, постои едно решение кое го применуваат водечки брендови од сите индустрии, решение кое е адаптабилно и докажано како успешно.

Фотографија од Design Thinking обука

Решението е Design Thinking методологијата, која го трансформира начинот на работење преку редефинирање на структурата во компанијата и менување на начинот на размислување кај вработените. За успехот на методологијата зборуваат примерите на најголемите компании во светот од најразлични индустрии и поднебја, како Google, IBM, AirBnB, Ikea, Volkswagen и Bank of America.

Сепак, идејата за имплементацијата на Design Thinking, како и секоја друга нова практика, може да предизвика голем отпор. Човекот по природа не сака промени и затоа ваквите одлуки се пресретнати со негодување, особено од страна на вработените. Потенцијалот на методологијата да создаде целосна трансформација во вашето претпријатие е голем, но начинот на имплементација е тоа што ќе ја направи разликата помеѓу успешна и неуспешна приказна. 

Како да го намалиме отпорот при имплементација на Design Thinking?

1.Едукација

Првиот клучен чекор е едукацијата, односно запознавање на сите вработени со доблестите на работењето со оваа методологија. Покрај тоа што информираноста води до намалување на несигурноста, Design Thinking методологијата е генерално позитивно прифатена од вработените затоа што е интуитивна и забавна. Овој начин на работење ја олеснува работата, ги поттикнува да се изразуваат слободно и најважно од се, да се чувствуваат самоуверено.

2.Координација

За успешна имплементација на било каква промена на организациско ниво, лидерите мора да бидат пионери. Тие треба да го водат процесот и да претставуваат пример за сите други вработени. Особено во овој случај, кога процесот ќе бара од нив да го променат начинот на дејствување, соработувањето од нивна страна е клучно. Ако нивната досегашна улога била делегирање и надгледување, сега улогата ќе им биде прашување како тие можат да им помогнат на вработените да ја завршат својата работа полесно, побрзо и поефикасно.

3.Реализација

Самиот процес на имплементирање е многу важен за тоа како вработените ќе се соочат со промената. Најдобриот начин за имплементација е преку обучување и практична примена. За разлика од индивидуалните обуки за унапредување, колективната природа на Design Thinking методологијата бара нејзиното влијание да биде заеднички искусено и почувствувано. Вработените и менаџерите нема да знаат како да ги применат овие методи без самите да учествуваат во активности предводени од соодветно обучени тренери.


Интеграцијата на овие 3 клучни чекори може да значи многу за иднината на едно претпријатие. Design Thinking методологијата води до зголемување на продуктивноста за 23%, зголемување на продажба во компанијата за 28% и побрзо лансирање на продукт на пазарот за 50%. Од овие причини, најуспешните компании ширум светот веќе долго време ја употребуваат оваа методологија во секојдневното работење. Нејзиното влијание на интерната култура во компанијата, како и другите последователни промени, се докажани како ефективни во големи и мали организации, од најразлични индустрии и пазари. Нејзината широка применливост значи дека може да му помогне и на вашето претпријатие да го постигне посакуваниот успех на краток и на долг рок.

Innothink нуди тимски обуки преку кои вработените на едноставен и забавен начин можат да се запознаат и да научат како да ја применат оваа моќна методологија. По обуката, имплементацијата на Design Thinking во вашето претпријатие ќе биде брз и едноставен процес. Ослободете го целосниот потенцијал на вашиот тим, овозможувајќи им да користат иновативност и креативност во професионалната пракса преку Design Thinking обуките на Innothink.

Leave a comment