Како преку Design Thinking до иновации во компанијата?

Како преку Design Thinking до иновации во компанијата?

Во денешно време брзината е пресудна за успехот, особено кога се работи за лансирање на нови продукти. Компаниите кои се истакнуваат како најуспешни, и воедно, кои опстојуваат, се фокусираат на константни иновации и намалување на времето потребно од идеја до реализација.

Сепак, најуспешните продукти не се секогаш првите. Многу познат пример за ова е сведски познатиот бренд Apple. Покрај тоа што секогаш се служел со веќе постоечка технологија, постигнува енормен успех благодарение на посветенотa кон задоволувањето на потребите на крајниот корисник. Apple е само еден од многубројните примери на компанија која веќе долго време се служи со Design Thinking методологијата. Истата методологија може да се имплементира и во вашата компанија. Методологијата може да придонесе до значително унапредување и убрзување на процесите на иновација, реализација и имплементација.

Што е Design Thinking?

Design Thinking методологијата е создадена со цел да го подобри процесот на решавање на проблеми преку практични техники на размислување и конкретни алатки за развивање на идеите. Таа се употребува ширум светот во помали бизниси и корпорации од различни индустрии. Исто така е имплементирана и во образовниот процес. Ефноставно кажано, Design Thinking e процес на размислување кој на побрз начин води до подобри решенија.

Како Design Thinking методологијата води до иновации?

Успехот на една компанија зависи од луѓето: оние кои работат во неа и оние чии потреби таа пробува да ги задоволи. Една од главните предности за Design Thinking процесот е тоа што се базира на емпатија Додека главниот фокус е креирање за човекот и неговите навики и потреби.

Design Thinking процесот, пред се, поттикнува прашување на точните прашања. Потоа преку инволвирање на различните преспективи и мислења на сите членови во тимот овозможува истата да биде темелно разгледана и развиена. Откако ќе се дефинира проблемот, преку истражување и размислување со емпатија, и различни техники на идеизација се пристигнува до предлог решение. Следните чекори се правење и тестирање на прототипот. На тој начин се доаѓа до клучни информации кои го дефинираат процесот понатаму. Овој начин на работење и размислување води до значително зголемување на иновативниот потенцијал на решението.

Кој може да применува Design Thinking?

Успешни приказни со употреба на design thinking методологијата имаат многубројни организации ширум светот. Гиганти како Apple, Procter & Gamble, Bank of America и Uber, но и многубројни помали организации и образовни институации, па дури и држави, работат по принципите на Design Thinking. Расте свесноста дека промените се неизбежни и иновацијата е потребна. Иновации имаме при креирање на продукти како и при подобрување на интерните процеси. А за иновации се потребни интеракција, дебата и кооперација.

Процесот е нешто што може секој да го научи и да го применува во секојневните дејности. Но, најдобро функционира на ниво на тим како една група на луѓе кои се различни еден од друг но имаат заедничка цел. Design Thinking е следниот логичен чекор во корпоративниот развој како на сведско ниво така и на локално. Компанијата ја прават оние кои работат во неа. А тоа како тие размислуваат и дејствуваат го дефинира нејзиниот напредок и воедно, опстанок.

Innothink e првата програма во Македонија за поттикнување на иновативност во секојдневното работење преку користење на Design Thinking методологијата. Целта на оваа програма е да им овозможи на македонските компании да бидат во чекор со најновите трендови на пазарот. И секако истите да ги применат во својата компанија. Дознајте повеќе www.innothink.mk

Доколку ви се потребни повеќе информации, контактирајте не на следната е-маил адреса contact@innothink.mk

Leave a comment