Како AirBnB од неуспешен стартап стана билионски бизнис

Како AirBnB од неуспешен стартап стана билионски бизнис

Сите што започнале свој бизнис знаат дека тоа воопшто не е лесно. Бизнисите и особено, стартапите се како тркалезен камен кој кога ќе почне да се тркала е тешко е да се сопре, но на почетокот, потребна е голема сила за да воопшто се помести. 

Така започнува и приказната на AirBnB. На почетокот тројцата партнери Брајан, Нејтан и Џо се соочуваат со големи потешкотии. Сепак, благодарение на 3 пресудни фактори, AirBnB ги претвори тројцата визионери во милионери, и нивниот бизнис во светски познат бренд присутен во повеќе од 200 држави и вреден повеќе од билион долари. 

стартап

Ова се трите фактори кои се потребни за секој стартап да се претвори во успешен бизнис:

Посветеност

Според некои статистики, една третина од бизнисите пропаѓаат во првите 3 години. Доколку сакаме да постигнеме големи успеси, ќе се соочиме и со големи предизвици.

На почетокот, и AirBnB се соочува со голем неуспех. И покрај тоа што постои голем потенцијал на пазарот, има многу малку посетители на свежо лансираната веб страна на AirBnB. Со голем долг на кредитните картички, и верба дека не треба да се откажат од бизнисот, тие продаваат брендиран корнфлекс со лицата на претседателските кандидати за да соберат стредства и да продолжат.

Оваа интересна случка ја отсликува нивната креативност, но и кон тоа дека ако сакаме да постигнеме нешто, не смееме да се откажеме. Winners never quit, and quitters never win.

стартап

Поддршка

На секој стартап му треба поддршка. Најчесто, бизнисите се фокусираат на собирање парични средства, но нешто што е подеднакво вредно и потребно во почетните фази е експертизата. AirBnB прави многу паметен чекор со тоа што станува дел од програмата на Y Combinator.

Тие нудат менторска и парична поддршка на бизнисите кои се дел од нивната инкубаторска програма, со тоа што за возврат добиваат мал удел од бизнисот. Во случајот со AirBnB, покрај вредните лекции, преку оваа програма стекнуваат и контакти со други потенцијални инвеститори и партнери како Sequoia Capital.

Понекогаш е тешко да одлучиме кој е правилниот потег за нашиот бизнис во почетните фази, но некој што ни нуди финансиска и менторска поддршка, не може да биде погрешен избор.

стартап

Перспектива

Како сопственици на стартап, нашиот фокус често се бројките: колку клиенти имаме, колку се нашите трошоци и колкав е нашиот месечен обрт. Но доколку сакаме да опстоиме како бизнис мора да се фокусираме на големата слика, и на она што е најважно: нашите корисници.

AirBnB има потешкотии да привлече корисници и покрај нивниот труд за оптимизација на страната. Во еден момент, Џо Габиа дознава за Design Thinking од страна на еден од менторите од Y Combinator, и сфаќа дека во нивниот случај, корисничко искуство не е доволно добро. Сликите кои корисниците ги споделуваат од апартманите, не се квалитетни и привлечни.

Откако го откриваат ова и почнуваат да ги едуцираат корисниците, бизнисот почнува да расте. Ова е доказ дека секогаш треба да ги гледаме работите од перспективата на корисникот, затоа што таа е единствената перспектива која е важна.

Доколку сакате да изградите просперитетен бизнис, сѐ што ви е потребно се посветеност, поддршка други луѓе и правилна перспектива. Никогаш не се откажувајте и постојано вложувајте во себе и својата организација, и само небото ќе биде граница за успехот на вашиот стартап.


Leave a comment