Првата Виртуелна Design Thinking Работилница ги охрабри младите да го креираат училиштето на иднината

Првата Виртуелна Design Thinking Работилница ги охрабри младите да го креираат училиштето на иднината

Во изминатите 3 недели заедно со Solvеo и Europe House Skopje имавме задоволство да работиме со 30+ неверојатни средношколци на нашата прва виртуелна Design Thinking работилница каде што 8 тимови го дизајнираа и создадоа своето идеално училиште на иднината.

Младите се носители на новите нешта, а воедно и најискрени критичари. Секогаш сакаат нешто ново и современо. Денес секој млад човек има можност да допринесе за општеството благодарејќи на технологијата. Така овие храбри ученици го прифатија  училишниот предизвик и допринесоа за поттикнување на креативноста во образованието и иновативниот потенцијал меѓу врсниците и професорите. 

Виртуелна Design Thinking Работилница

Училишниот предизвик сака да поттикне како индивидуално така и колективно поткревање на свеста за околината. Во случајов околината на средношколците. Потенцијалот на младиот креативен дух може да допринесе многу во градењето на едно современо општество. Преку имплементирање на иновации и ширење на свежи идеи секој млад прогресивен човек е важен да се чуе. Само така сите заедно можеме да одиме напред. 

Училниците и училиштата ширум светот се соочуваат со креативни предизвици секојдневно, од распоредот на наставните програми и просторите во училницата до дневните распореди. Потребата да се преобликуваат методите на предавање на сите нивоа на образование во училиштата е долгогодишно прашање низ едукативните дебати. Од таа причина, образовните системи бараат нови перспективи, нови алатки и нови пристапи.

Преку употреба на “Design Thinking” методологијата, на сите им е дозволено да бидат дел од создавање на посакуваната иднина. Со создавање на свое решение, учениците се инспирирани да размислуваат и да се изразат креативно и се оспособуваат да ги подобрат своите вештини при решавање проблеми. Употребата на оваа методологија ќе има импресивно влијание врз учениците.

Виртуелна Design Thinking Работилница

 Desing Thinking методологијата ни овозможува да ги идентификуваме клучните потреби на секој корисник или личност, брзо да креираме и тестираме прототипи и да донесеме нови иновативни решенија што ќе одговараат на идентификуваните потреби.

Виртуелната рабтилница во форма на училишен предизвик се состоеше од 2 Webinari, 2 менторски сесии и ден наменет за презентациите. На крајот на проектот, учесниците креираа целосно дизајнирано решение кое што го тестираа и подобрија  за да биде „подготвено за пазарот“. Учениците создадоа најразлични прототипи за своите решенија кои ни ги презентираа на последната работилница.

Во текот на работилницата се разговараше за многу актуелни проблеми кои постојат во училиштата низ Македонија. Од застарени учебници со неактуелни теми, недостаток на технологии и едукација на кадарот, не постоење на катчиња за слободни активности, оскудни информации за волонтирање и учество во различни организации, сè до лошата хигиена, потребата за поактивно инволвирање на психолозите и педагозите.

Виртуелна Design Thinking Работилница

Во продолжение ќе ви ги претставиме накусо конечните решенија на секој од 8те тима.

Тим Momentum: Програма за едукација на професори и училишни клубови

Тимот “Momentum” создаде концепт програма за обука на професорите и стручните служби во училиштата со цел подобрување на методите за предавање и правење на поинтересни часови за учениците. Исто така и програма за училишни клубови каде учениците ќе можат да ги посетуваат после часовите.

Во склоп на програмата, за која подготвија и годишен план (учебна година 2020/2021) планирана е и веб страница. Таму ќе се споделуваат информации за за сите тековни и следни активности на наставниците и учениците како би се поттикнала транспаретноста за сите проекти. 

Интересен предлог имаат, професорите да бидат оценувани од учениците и да се избира професор на неделата/месецот.

Тим Anti COVIDS: Chill zone  

Инспирирани од потребата за место каде што би можеле да се собираат како би работеле на заеднички проекти или би се релаксирале, овој тим одлучи да работи на решение за ваков простор. 

Тие создадоа план за креативен простор во секое училиште, кој што е мултифункционален и вклучува:

– Простор за настани, меѓусебно комуницирање, одржување дебати…

– Career Center

– Место каде да ќе можат да се опуштат,да  бидат креативни, да се дружат со пријателите, да споделуваат знаење

– Интерактивни часови и работилници

Нивните сознанија се дека секое училиште има простории кои не се користат и многу лесно би можеле да се адаптираат и разубават во креативни катчиња. Цврсто веруваат дека со желба и малку труд лесно би се реализирала нивната идеа.

Виртуелна Design Thinking Работилница

Тим ENDGAME: Ново училиште со нови технологии

Поттикнати од препреката да избираат предмети кои сакаат да ги учат, долгите часови и оскудните технологии, овој тим одлучи да создаде моедерно образование/училиште. Тие исто така сакаат да се чуствуваат и послободно за да можат подобро да се изразат. Главна цел е  да ја имплементираат технологијата во наставата што е можно повеќе. 

Решението содржи план за реновирање на постоечките  како и отварање нови училишта кои ќе овозможат современи услови за едукација.  

Идејата ја подржаа сите ученици и повеќето помлади професори. Тие се свесни дека повозрасните пофесори малку потешко би се откажале од традиционалната настава и со нив тој процес би одел споро. 

Сепак иднината на учиштата е во модерните технологи и се надеваат на што побрза реализација.

Тим The Irresponsible problem solvers: Учениците ги едуцираат своите професори за модерни технологии 

Нивното решение пружа можност учениците да им помагаат на наставниците да научат како да користат нова технологија за време на часовите. Воедно тие волонтираат и ги организираат чекорите на програмата. Наставниците почнуваат да го гледаат потенцијалот од користењето на технологијата и по некое време започнуваат да ја користат секојдневно на наставата.

Огромна предност на идеата на овој тим е дека не би им требале многу материјални сретства за да ја остварат (а можеби и воопшто). Исто така ке се допринесе за зближување и подобра комуникакација меѓу учениците и професорите.

Tим Шампишони: Нови учебници и интерактивна настава

Учениците секојдневно добиваат премногу екстра материјали по предметите како резултат на старите учебници кои содржат стари информации. Постои огромна потреба од свежи учебници за да може професорите ефективно да предаваат. Од овој проблем се засегнати и професорите и учениците.

Решението на овој тим нуди нов начин за создавање на учебниците, каде што наместо само неколку автори, книгите ќе бидат збирка на многу наставници. Тимот предлага процес како да се изврши ова решение во следниве неколку фази: Отворен повик, избор на наставници / професори, обука / семинари, собирање материјали, одобрување и објавување. 

Како второ основно идентификувано прашање се методите на предавање и тие веруваат дека има потреба од поголема интеракција и повеќе дополнителни наставни активности. Тие предлагаат формирање здружение кое може редовно да води и извршува активности.

Виртуелна Design Thinking Работилница

Tим Cringles: Bullying App

Оваа група на ученици работеше на една тема за која малку се зборува, а тоа е врсничкото насилство, попознато како булинг. Тие направија прототип апликација кадe учениците би можеле анонимно да се обратат за своите проблеми анонимно. Согледано е дека во училиштата постои страв или одбивност да се посетат стручните лица, а потребата е голема.

Освен можноста да добијат совет од психолог, тие би можеле да прочитаат корисни блогови и статии на истата тема, да разменуваат искуства, да се информираат за учество на работилници. 

Интересно е и тоа што и родителите ќе имаат пристап доколку сакаат да дознаат како да им помогнат на своите деца и да дознаат што се случува во нивните животи (во случаи каде станува збор за интроверни ученици). 

Tим RAVEN CREW : Оnline платформа 

Учениците користат најразлични апликации и алатки за извршување на училишните задачи. Истражувањето на овој тим дојде до заклучок дека постои проблем кога немаат одредено место каде што ќе ја добиваат точната насока за предавањата, наставата и допоплнителните активности. Од таму за потребите на учениците и професорите овој тим создаде платформа каде што сите ќе можат да се инофмираат за најразлични активности, проекти, можности за волонтирање.

Ова решение содржи комплетна имплементација за училиштата со дополнителни модификации каде што би имало потреба. 

Нивната цел е комплетна пормена на начинот на едукација и олеснување како за учениците така и за професорите.

Виртуелна Design Thinking Работилница

Тим 404: 

Овој тим констатираше 2 типа на проблеми низ училиштата во Македонија:

  1. Наставната програма и начинот на одржување на часовите е непогоден за современите потреби на студентите;
  2. На објектите им недостасува реновирање, наменски простории и хигиена.

Нивното решение нуди комплетен план од  користење на технологија (проектори, таблети, унифицирана апликација) во наставниот план и училиште подоцна, до намалување на бројот на предмети и часови. Професорите да бидат дел од повеќе интерактивни курсеви за обука / работилници водени од невладини организации, така што ќе бидат подготвени за оваа промена и ќе бидат вооружени со знаење да се грижат за потребите на учениците.  

Дополнително нивното решение предлага реновирање на училиштата  (нови табли, наместо табли, нова боја за работа, нови прозорци …) и додавање на простори (кантина, зона за релаксација,шкафчиња …) кои ќе обезбедат основни потреби за учениците, а во многу училишта фалат или пак не се во функција.

Учеството во една ваква креативна работилница овозможува да се поттикне креативниот дух кај младите и иновативното размислување, да ги идентификуваат потенцијалните проблемите кај крајниците корисници, да развијат и да тестираат креативни решенија, како и да ги осознаат основите на Design Thinking методологијата. 

Виртуелна Design Thinking Работилница

Design Thinking методологијата е идеално за помладите генерации, бидејќи тие се водачи на промените. Ние ќе им помогнеме да откријат нови можности за подобрување и тие се тие што ќе градат подобро утре.

Leave a comment