Со Design Thinking успешно до нови клиенти!

Со Design Thinking успешно до нови клиенти!

Свесни сме дека потрагата по нови клиенти е клучот за долгорочен и успешен бизнис, а истовремено е непосакувана активност на многумина. Од друга страна пак, не е доволно да се потпираме само на постоечките клиенти.

Најчест проблем е недостатокот на вистински и ефикасни алатки за стратегија за придобивање на клиентите, а како најефикасна метода според новите трендови е давање информација на корисниците дека сте решиле некој нивен проблем.

design thinking


Design Thinking е иновативен метод кој го трансформира начинот на кој работиме секојдневно. Тоа е креативен процес кој воведува нови решенија засновани на потребите на корисниците.

Во склоп на Skopje Design Week 2019, Solveo и Innothink организираа 2 часовна работилница за придобивање на нови клиенти во Вашиот бизнис.

Преку оваа интензивна 2-часовна работилница, заедно со Design Thinking алатките,  учесниците открија нова стратегија за стекнување клиенти.

Design Thinking е иновативен метод кој го трансформира начинот на кој работиме секојдневно. Преку конкретните чекори, учесниците креираа нови креативни решенија базирани на потребите на корисниците.

25-те учесници беа поделени во тимови според нивната професионална позадина, и преку активна работа создадоа план и канали за лов на клиенти.

Работилницата се одвиваше во три фази: најпрво, тие ја анализираа моменталната состојба во модел-компанијата, потоа ги креираа таргет персоните на потенцијалните нови клиенти, и на крај, создадоа мини стратегија за наредните 3 години. 

За време на овој Design Thinking спринт, учесниците научија како преку поинаков пристап можат да стигнат до нивните клиенти и се запознаа како оваа методологија да ја  применат во своите бизниси и секојдневнота работа.

Поради големата разновидност на професионалните позадини од кои доаѓаа учесниците, од маркетинг до комерција, производство и дизајн, учесниците слушнаа и различни перспективи и пристапи благодарение на меѓусебните презентации.

design thinking

За кого се корисни и наменети Design Thinking работилниците?

● За сите што сакаат да стекнат нови клиенти

● За компании што сакаат да  ја зголемат продажбата следејќи иновативни стратегии за продажба на дополнителни производи или услуги на постојните клиенти.

● За тимови со фокус на продажба кои сакаат да излезат од комфор-зоната и да го подобрат својот пристап и стапка на успех.

● За вработени кои сакаат да го истакнат својот иновативен потенцијал во креативно опкружување.

Доколку сакате да го олесните процесот на придобивање нови клиенти и да ја зголемите продажбата контактирајте го тимот на Innothink и побарајте професионална помош.

Leave a comment