Што може да очекувате по имплементација на Design Thinking во вашиот бизнис?

Што може да очекувате по имплементација на Design Thinking во вашиот бизнис?

Прочуената Design Thinking методологија се користи ширум светот, во мал и голем бизнис. Компании како Apple и Google ја користат веќе две децении, и многу од нивните успеси се должат на нејзината моќ. Од друга страна, мали бизниси и стартапи, кои ја употребуваат од самиот почеток, успеваат благодарение на нејзините принципи и практики. Таков е случајот на AirBnB и Uber.

Зошто оваа методологија е толку моќна и дали може и вие да ја имплементирате во вашиот бизнис? Кои се ефектите кои таа го има на вработените? И какви резултати треба да очекувате по нејзината имплементација?

Пред да ви ги одговориме овие прашања, имаме едно за вас: Дали знаете што е Design Thinking? Доколку прв пат се среќавате со овој поим,  прочитајте повеќе за оваа моќна методологија. Оние кои веќе знаат како таа функционира, време е да резимираме и што може да направи за вас и вашиот бизнис.

бизнис

Зошто Design Thinking води до неверојатни резултати кај секој бизнис?

Тајната на Design Thinking воопшто не е тајна. Принципите на кои методологијата е базирана: емпатија и тимска работа, се стари колку што е и човештвото. Ние го креиравме светот во кој живееме преку меѓусeбната соработка и желбата да си помогнеме едни на други. Затоа оваа методологија е толку моќна: таа едноставно ги буди нашите природни инстинкти.

Луѓето се чувствуваат добро кога работат на овој начин и даваат сѐ од себе во достигнување на заедничките цели. Резултатите до кои води DT се неверојатни затоа што еден тим кој заедно работи на решавање на некој проблем, или креирање на нешто ново, е моќна и несопирлива сила.

Како функционира Design Thinking во пракса?

Design Thinking не е теорија, туку применлива методологија. Всушност, DT е еден вид на упатство кое се сочинува од 5 конкретни чекори. Тие го водат целиот креативен процес, и се многу едноставни за следење.

Следејќи ги нив, вашаот бизнис ќе функционира како спортски тим, и заедно, тие ќе ве однесат до победата. Секако, клучна улога ќе играте и вие, како нивен лидер, но наместо со зголемување на надзорот и контролата, вие ќе треба единствено да ги мотивирате и инспирирате, како пример на кои тие му се угледуваат.

Целта на Design Thinking е вашиот тим да има поголема автономност, и заеднички да носи паметни одлуки кои ќе водат до посакуваните резултати. Затоа одлуката да ја имплементирате методологијата во вашиот бизнис, е нешто што ќе ви донесе многу големи придобивки во иднина. 

Како може да ја имплементирате Design Thinking методологијата во вашиот бизнис?

За да вашиот тим да почне да ја употребува методологијата во секојдневното работење, тие треба да се запознаат со неа. Tаа е наменета за тимови, и најдобриот начин вашите вработени да се запознаат со неа е преку групна обука / тренинг.

За време на таа обука, преку практична употреба на методологијата, тие нема само да го научат процесот, туку и ќе почуствуваат како е да се работи на овој начин. Како резултат. ќе ја прифатат оваа промена со помалку отпор и отворен ум.

Всушност, Design Thinking обуките се толку забавни што навистина наликуваат на тим билдинг. Вашите вработени ќе се забавиваат, ќе соработуваат и во исто време ќе научат како на овој начин работата може да се заврши побрзо и полесно. 

бизнис

Каков ефектот има работењето со Design Thinking на вработените?

Покрај зголеменото задоволство кај вработените, како и нивната мотивација и лојалност кон компанијата, нешто што ќе се подобри е интерната култура. Според експертите за човечки ресурси, културата е тоа што ги издвојува успешните компании од останатите, и затоа е особено важно да се вложува во неа.

Друг важен ефект кој го има овој начин на работење, е тоа што секогаш повеќе глави мислат подобро од една. А кога секој има сопствен удел во идејното решение, сака активно да учествува во неговата реализација.

Третиот клучен ефект, е подобрената комуникација помеѓу вработените. Група на луѓе кои не комуницираат искрено, и се плашат да ги споделат своите идеи, не може да функционира ефикасно. Лошата комуникација во тимот е кочница за нивниот целокупен потенцијал, и Design Thinking методологијата е лек против овој чест хендикеп.

Какви резултати може да очекувате по имплементирањето на Design Thinking во вашиот бизнис?

Секако, тоа што ве интересира се бројките. Методологијата се користи ширум светот, и благодарение на тој факт, достапни се и статистички фигури за резултатите по имплементација на Design Thinking вo компаниите. 

Придобивките од работење со Design Thinking се: 28% зголемена продажба на компанијата, 23% зголемена продуктивност на вработените во компанијата, 22% подобрено искуство на корисниците и дури 50% побрзо лансирање на нови продукти.

бизнис

Секако, резултатите зависат од многу фактори, и голема улога во успешната имплементација ќе имате вие, лидерот на тимот. Лидерот е тој што треба да ја води организацијата низ непознатите води. Тој треба да носи важни и понекогаш тешки одлуки за правецот на пловидба. И лидерот е тој кој секогаш цврсто го држи кормилото, во добро време но и во голема бура. За да може успешно да го прави тоа, лидерот мора постојано да се надградува и да вложува во себе.

Како лидери, ние никогаш не смееме да престанеме да учиме. А единственото место каде може постојано да учиме од светски примери, докажани практики, и лично да се надоградуваме на Македонски јазик, е тука, на блогот на Innothink. Станете дел од нашето семејство, и секогаш бидете во тек со новостите од светот на успешните бизниси.

Leave a comment