Како преку несекојдневен пристап и неформална едукација децата ќе го развијат креативното размислување?

Како преку несекојдневен пристап и неформална едукација децата ќе го развијат креативното размислување?

Децата по природа се многу креативни, прашуваат прашања и размислуваат на многу теми. Овие вештини се многу важни но, особено во формалното образование, ретко се поттикнуваат и најчесто, се сузбиваат. Затоа е од особена важност да се вложува во иднината на нашите деца преку неформално образование, активности и вежби.

Нашата школа за Design Thinking се фокусира токму на развојот на овие важни вештини. Прочитајте повеќе за Design Thinking методологијата, зошто таа се практикува ширум светот и како таа може да му отвори многу врати на вашето дете во иднина.

Накратко кажано, Design Thinking методологијата ги учи децата како да размислуваат. Таа е создадена на универзитетот Стенфорд во Калифорннија, САД. Денес, се употребува во многубројни организации, бизниси и образовни институции ширум светот.

Mоќта на Desing Thinking методологијата е отклучувањето на целосниот креативен потенцијал и стимулирање на тимски дух. Нејзината универзална примена значи дека таа е наменета за сите – возрасни и децата.

Но особено е ефективна кај децата, затоа што нивните мисловните патишта во мозокот, за разлика од возрасните, сѐ уште не се дефинирани. Тоа значи дека ако децата од млади години научат да размислуваат на овој начин, интуитивно ќе знаат како да се соочат со предизвиците кога ќе пораснат.

Покрај зголемување на креативниот капацитет, методологијата има и други предности кои се особено значајни за децата. Примарните принципи на Design Thinking се размислување со емпатија и колаборативно креирање. Тоа значи дека оваа методологија ги учи децата како да размислуваат од туѓа перспектива воедно, подобрувајќи го нивниот морален стандард.

Исто така, акцентот на ко-креирање и тимска работа ги учи како да соработуваат и да се поддржуваат едни со други. Од овие причини, најнапредните образовни системи во Скандинавските држави и во Јапонија, ја користат токму оваа методологија во секојдневната програма.

Design Thinking методологијата е многу популарна во светот на бизнисот.

Децата се тие кои се секогаш заинтересирани за нови предизвици, нивната љубопитност е токму тоа што им нуди постојано да учат нови работи и да го осознаваат светот околу себе. Запознавање со Design Thinking методологијата ќе им овозможи нов пристап кон совладување на проблемите и задачите, воедно ќе им понуди нова перцепција.

креативното размислување

Нивните млади умови се најкреативните и токму затоа ќе можат нивната креативност да ја преточат во вистински решенија за реалниот свет. Design Thinking методологијата претставува можност за најмладите умови да научат техники и вештини кои ќе им овозможат да развијат критично мислење и да се фокусираат кон идно решавање на проблемите, преку креирање на можности за истите.

Design Thinking работилниците се многу забавни, затоа што сите лекции се учат преку игра и практична примена. Преку групните активности, вашето дете ќе учествува во смислување на идеја, правење прототип, тестирање, негово подобрување и презентирање.

Leave a comment