Како IBM, LEGO и APPLE иновираат користејќи Design Thinking?

Како IBM, LEGO и APPLE иновираат користејќи Design Thinking?

Meтодологијата Design Thinking е присутна долго време како главен адут за воведување на иновации во компаниите. Современите компании се во постојана трка за издвојување од конкурентите и подобрување на својата позиција на пазарот.

Имплементацијата на иновативни методологии како што е Design Тhinking, им овозможила на голем број на светски компании да креираат решенија кои ќе им се неопходни за нивниот раст и развој.

Денес, голем број на компании без разлика на нивната големина и дејност, активно ја применуваат Design Thinking методологијата во нивното секојдневно работење.

Дознајте како трите светски гиганти IBM, LEGO и Apple ја користат оваа методологија и како истата им овозможила да станат лидери во своите индустрии.


IBM
„Интернационалната корпорација за деловни машини“

ИБМ (International Business Machines Corporation – IBM) е мултинационална компанија за компјутерска технологија и консалтинг со седиште во Њујорк. ИБМ произведува и продава компјутерска опрема и софтвер и обезбедува инфраструктурни услуги Услуги за хостирање и консултантски услуги во областите од супер-компјутери до нанотехнологии.

Заради брзите технолошки промени на светскиот пазар, IBM увидува потреба за промена на начинот на кој работи и воведува иновации, и со тоа започнува да воведува нов пристап наречен Design Thinking.

Програмата за Design Thinking ја започнуваат 3 години откако ја купуваат компанијата Lombardi Software каде сопственикот веќе имплементирал иновации преку користење на Design Thinking пристап.

Потребата ја увидува откако по брзо и лесно тестирање на 44 прототипи за нови производи, преку оваа методологија се креираат 4 успешни производи кои драстично влијаат врз приходите на компанијата.

Со цел ефективно да се имплементира оваа методологија во самата култура на претпријатието, IBM воведува своја сопствена design thinking програма каде преку отварање на 50 креативни студија на глобално ниво, новиот начин на работа почнува да се применува кај сите вработени во компанијата.

Воведувањето на новиот начин на работа им овозможува на вработените на IBM да размислуваат креативно, да тестираат нови идеи и прототипи на дневно ниво, да ко-креираат со своите клиенти, и секако да воведат иновации брзо и ефективно.

Денес, сите 114.000 вработени во IBM од сите сектори на компанијата се сертифицирани во design thinking методологијата и ја користат на дневно ниво.

Најголемата Американска агенција за истражување Forrester, по длабоко анализирање и истражување на овие промени во IBM заклучува дека користењето на оваа методологија и помага на компанијата да лансира нови производи за двојно скратено време, со драстично скратени трошоци, намален ризик од неуспех и загарантиран зголемен профит. Во некои случаи, повратот на инвестицијата е зголемен и за 300%.


LEGO
Групацијата ЛЕГО денес е една од најголемите светски компании за детски играчки, која е основана во 1932 во Данска. По својот огромен неуспех и загуба во 90тите, ЛЕГО доживува трансформација и ги постигнува своите рекордни продажби преку воведување на нов начин на работа и преку имплементирање на Design Thinking методологијата.

Како и секојa друга компанија, ЛЕГО до 90тите ги креираше детските играчки според истражувања спроведени преку анкети и фокус групи. Но по доживување на својот огромен неуспех, компанијата осознава дека начинот на кој децата користат играчки е целосно сменет, и истиот не може да се осознае преку традиционалниот начин на истражување и испитување на детските навики и желби.

Потребата за подлабоко осознавање на начинот на кој децата користат играчки ги воведе кон имплементирање на Design Thinking методологијата.Наместо прашување, ЛЕГО започнува со детална обсервација на однесувањето на децата во нивната природна средина.

Осознавање што тие прават, како си играат,каква е нивната интеракција со секојдвени предмети исо други играчки преку обсервација. Тоа е првото правило од Design Thinking методологијата. Преку основање и започнување на својата Lego Foundation, ЛЕГО постанува еден од најголемите компании за истражување низ игра, на светско ниво.

Целта на Lego Foundation е да изгради иднина во која ‘учењето преку игра’ го поттикнува креативниот потенцијал на децата. Новиот пристап на ЛЕГО кон истражување на дестските навики цели кон разбирање на детската култура и начин на изразување, интеракцијата помеѓу децата и родителите, како и социјалната динамика.

Дополнително ЛЕГО ја основа и лансира својата платформа за ко-креација со своите корисници (crowdsourcing) наречена LEGO Ideas преку која им овозможува на своите фанови да ги споделат нивните идеи, а идеите кои се со најголем број на гласови имаат можност да се произведат. Преку оваа платформа, ЛЕГО генерира стотици идеи дневно за нови производи кои доаѓаат точно од самите корисници.

Фокусот кон разбирање и осознавање на потребите на корисниците, креирање според нивните навики и желби и ко-креацијата се клучните чекори на Design Thinking методологијата кои ЛЕГО ги примени, и кои и помогна на компанијата да стане лидер во индустријата за играчки.


APPLE
Apple е еден од светските лидери во полето на иновации, а компанијата не би била толку иновативна доколку не ја применувала design thinking методологијата.

Најчестата грешка е дека зборот дизајн го поистоветуваме со тоа како нешто изгледа. Дизајн не е само како нешто изгледа. Дизајн е како нештото функционира. – Стив Џобс

Откако Стив Џобс се враќа во Apple во 1997, тој активно започнува со воведување на клучни design thinking аспекти кои имаат огромно влијание врз производите и вез целата компанија. Клучните аспекти на кои се фокусира компанијата се:

  • Потребите на корисникот наместо потребите на бизнисот
  • Градење на емпатија и градење љубов кај корисниците за прозиводите на Apple
  • Едноставност при користење

Градењето на емпатија и фокусот кон вистинските потреби на корисниците се клучни чекори на design thinking методологијата преку кои компанијата успева да изгради вистинска врска помеѓу самата компанија и нејзините корисници.

Со ваквата цел и фокусот кон целосното корисничко искуство, Apple ја намалува својата палета на производи за 70%, задржувајки ги само производите со највисока вредност за корисниците.

Историјата на Apple е пример за тоа како дизајнот и иновациите можат да го претворат неуспехот на компанијата во лидер на светскиот пазар. Користењето на овој начин на работа, и имплементирањето на оваа методологија и помогна на компанијата да иновира и да се издигне преку фокусирање и градење за потребите на своите корисници.

Тоа што може да се забележи од наведените примери погоре, е дека методологијата Design Thinking може да се примени во различни индустрии. Може да се користи за најразлични проблематики и резултира со креативни и иновативни долгорочни решенија.

Трите светски компании кои ја импементирале Design Thinking методологијата покажаа дека се спремни да воведат промени преку тоа што ќе се фокусираат на потребите на потрошувачте и ќе бидат во можност да креираат и тестираат прототипи со цел да креираат решенија кои ќе соодвествуваат на потребите на потрошувачите.

Ако светските гиганти можат да ја користат оваа алатка, може да се воведе и во вашата компанија, токму тоа го овозможува Innothink – првата програма во Македонија за поттикнување на иновативност во секојдневното работење. Целта на оваа програма е да им овозможи на македонските компании да бидат во чекор со најновите трендови на пазарот и истите да ги применат во својата компанија.

Leave a comment