Која е улогата на Design Thinking во иновациите?

Која е улогата на Design Thinking во иновациите?

Иновативноста на една компанија е тоа што овозможува истата да се издвои од своите конкуренти. Иновативноста е таа која придонесува за нејзиниот развој и долгорочен успех на пазарот.

Но, што всушност значи да се биде иновативна компанија? Како да го стимулирате тимот да биде иновативен и да размислува креативно? Со кои пречки ќе се соочите при креирање на таква средина, и како да ги надминете истите?

Одговорите на овие прашања, и мноштво други, се наоѓаат токму во Design Thinking методологијата. Прочитајте како преку примена на нејзините докажани принципи и алатки, таа ќе ви помогне да креирате иновативна средина во вашето претпријатие и воедно, ќе ви го осветли патот до успехот.

Што значи да се биде Иноватина компанија?

Иновативната компанија очекува нејзините вработени да бидат иновативни, но исто така им дава поддршка и ресурси за да го остварат својат иновативен потенцијал. Вистински иновативните компании во секојдневните операции користат методи и алатки со кои ги подобруваат постоечките продукти и процеси, и константно се стремат кон наоѓање “попаметен начин” за правење на нештата.

Најважно е да се препознае дека токму вработените се креатори и иноватори. Лидерите треба да бидат пример и мотивација за вработените, но без соодветна структура и начин на работење во организацијата, таа мисија е едноставно невозможна.

Како да го стимулирате тимот да размислува креативно и иновативно?

Првиот чекор кон стимулирање на тимот да биде иновативен е овозможување слободно изразување, без страв од предрасуди. Вториот е развивање на емпатија кон самиот корисник на продуктот или услугата која се осмислува или редизајнира.

Развивањето на емпатија е главниот принцип на Design Thinking методологијата, додека тимската работа е начинот на кој тоа се постигнува најдобро. Во зборовите на Давид Калеј, таткото на Design Thinking методологијата, клучното за неа е тоа што таа дозволува идеите да ги надополнуваат сите во тимот, резултирајќи во решение кое не би можел да го креира еден ум.

Исто така, иновирањето е процес на набљудување и тестирање, модифицирање и повторно тестирање, се додека не се пристигне до идеалното решение на проблемот. Со Design Thinking методологијата, овој процес се одвива ефикасно поради вклучувањето на повеќе перспективи и тестирање на самите идеи. Што секогаш води до нови откритија и можности за подобрување.

Со кои пречки ќе се соочите при креирање на таква средина, и како да ги преминете истите?

Тимска работа секогаш повикува на комуникативност и синергија помеѓу членовите на тимот. Понекогаш, некои од нив нема да се чувствуваат доволно слободно за да ги споделат своите идеи поради страв од предрасуди. Затоа, Design Thinking методологијата содржи алатки и методи кои ја поттикнуваат практиката на слободно изразување и намалување на стравот од грешки, како Brainstorming и Mindmaping.

design thinking

Друга потенцијална пречка е недоволно познавање на финалниот корисник. Односно неговите карактеристики, потреби, желби и навики. Класичните методи на истражување не секогаш се корисни за откривање на овие важни информации. Во спротивно, Design Thinking методологијата секогаш препорачува набљудување на корисниците додека тие го користат производот или прототипот. Потоа, според нивните реакции и коментари, подобрување на продуктот или услугата за да се максимизира нивното ниво на задоволство.

Зошто Design Thinking?

Моќта на Design Thinking се крие токму во луѓето, кои креираат и за кои се креира. Доказ за нејзината ефикасност се бројните иновации кои се креирани со нејзина помош. Замислете го светот без глувчето покрај тастатурата. Вистината е дека првото глувче, направено за Apple во 1980, е дизајнирано токму по Design Thinking принципите. Неговиот дизајн е толку инoвативен и интуитивен, што се користи и ден денес скоро 40 години подоцна.

Методологијата се употребува ширум светот. Децении наназад придонесува до креирањето на бројни иновации во големи и мали иновативни компании, од најразлични индустрии. Дознајте како можете и вие да ги имплементирате нејзините моќни методи во секојневната работа на вашето претпријатие. Создадете компетитивна предност на пазарот за вашите продукти и услуги.

Leave a comment