Свесни сме дека потрагата по нови клиенти е клучот за долгорочен и успешен бизнис, а истовремено е непосакувана активност на многумина. Од друга страна пак, не е доволно да се потпираме само на постоечките клиенти.
Најчест проблем е недостатокот на вистински и ефикасни алатки за стратегија за придобивање на клиентите, а како најефикасна метода според новите трендови е давање информација на корисниците дека сте решиле некој нивен проблем.
Design Thinking е иновативен метод кој го трансформира начинот на кој работиме секојдневно. Тоа е креативен процес кој воведува нови решенија засновани на потребите на корисниците.
Во склоп на Skopje Design Week 2019, Solveo и Innothink организираа 2 часовна работилница за придобивање на нови клиенти во Вашиот бизнис.
Преку оваа интензивна 2-часовна работилница, заедно со Design Thinking алатките, учесниците открија нова стратегија за стекнување клиенти.
Design Thinking е иновативен метод кој го трансформира начинот на кој работиме секојдневно. Преку конкретните чекори, учесниците креираа нови креативни решенија базирани на потребите на корисниците.
25-те учесници беа поделени во тимови според нивната професионална позадина, и преку активна работа создадоа план и канали за лов на клиенти.
Работилницата се одвиваше во три фази: најпрво, тие ја анализираа моменталната состојба во модел-компанијата, потоа ги креираа таргет персоните на потенцијалните нови клиенти, и на крај, создадоа мини стратегија за наредните 3 години.
За време на овој Design Thinking спринт, учесниците научија како преку поинаков пристап можат да стигнат до нивните клиенти и се запознаа како оваа методологија да ја применат во своите бизниси и секојдневнота работа.
Поради големата разновидност на професионалните позадини од кои доаѓаа учесниците, од маркетинг до комерција, производство и дизајн, учесниците слушнаа и различни перспективи и пристапи благодарение на меѓусебните презентации.
За кого се корисни и наменети Design Thinking работилниците?
● За сите што сакаат да стекнат нови клиенти
● За компании што сакаат да ја зголемат продажбата следејќи иновативни стратегии за продажба на дополнителни производи или услуги на постојните клиенти.
● За тимови со фокус на продажба кои сакаат да излезат од комфор-зоната и да го подобрат својот пристап и стапка на успех.
● За вработени кои сакаат да го истакнат својот иновативен потенцијал во креативно опкружување.
Доколку сакате да го олесните процесот на придобивање нови клиенти и да ја зголемите продажбата контактирајте го тимот на Innothink и побарајте професионална помош.