Спријателете се со Вашите корисници и станете иноватори!

Спријателете се со Вашите корисници и станете иноватори!

Design Thinking  (DT)  е метод за создавање иновации, развој на иновативна култура и будење на креативноста што лежи во секој од нас. Им помага на компаниите за размислување во сложената и непредвидлива околина, да станат и да останат агилни како стартапи.

Design Thinking (DT) се спомнува во над 15 милиони содржини на Google! Сите водечки компании во светот, но и многу институции од јавниот сектор, водат процеси за иновации користејќи ги техниките на DT. За жал, ако некој се обиде да ја протолкува „официјалната“ дефиниција за DT, останува нејасна и скриена некаде во таа џунгла на информации.

Општо земено, DT е креативен процес за изнаоѓање на идеи ориентирани кон корисникот и се заснова на дизајн методи. Стекнувањето и развојот на идеите започнуваат од корисникот, мултидисциплинарно уважувајќи ги сите негови потреби, но и ограничувања при користењето на нов физички производ, услуга, модел или организација.

Токму во оваа насока оди познатиот цитат од Стив Џобс: „Дизајнот не е само како нешто изгледа. Дизајн е како тоа функционира!“. Оваа изјава на која се базира иновативноста на компанијата Apple, ја нагласува важноста на дизајнот при крерирањето на нови производи токму во функција „како нештото работи“.

Во таа насока оди целото „движење“ наречено „Design Thinking“.

Design Thnking е креативeн процес, воден од дискусија и процес на дизајн базиран врз идеи.

Мотивирајте се за иновации !

ДТ е итерактивен пристап за решавање проблеми што намерно ангажира луѓе со различни перспективи, знаења, вештини и искуство кои потоа работат заедно за да создадат вистински корисно решение.

Звучи доста комплицирано, но прифатливо во процесот на иновации! Овие 6 милиони кликови на Google со терминот DT вклучуваат такви гиганти во индустријата како Toyota, PG и Pfizer.

Design Thinking инсистира на реализација на идејата: резултатот од секоја активност, без разлика дали е кратка работилница или повеќемесечен проект, секогаш е опиплив и тестиран (во форма на прототип)  на пазарот.

Во последниве години, иновативноста стана Свет Грал за секој бизнис. Таа е единствениот метод за опстанок на глобалниот пазар, каде владее постојана борба за поголем дел од пазарот.

Во тој хаос, сведоци сме на појава на нови деловни модели, производи и услуги кои радикално ги менуваат не само навиките и очекувањата на клиентите, туку и целосното размислување.

Значи, имаме ајфон и други паметни телефони кои ги истуркаа класичните мобилни телефони засекогаш од продавницата во историја; некој се сети и праша зошто дури и обичните граѓани не би биле таксисти, па добивме Убер; Постојат безброј примери и сите нив ги следи истите прашања кои ги поставуваат речиси сите менаџери:

Како им успеало тоа? Како да се смисли диструбутивен модел за менување на светот фигуративно и буквално?  Одговорот на ова прашање може да го најдеме кај дизајнерите и начинот на кој тие размислуваат. 

Од неодамна, сè повеќе и повеќе внимание се посветува на “Design Thinking” како методолошка алатка што им озможува на компаниите полесно да се стекнат со иновациска култура во својата работна околина. Ова особено се однесува за оние менаџери кои се скептични и несигурни за превземање на нови чекори за раст и развој.   

Спријателете се со клиентите !

‘Design Thinking’ има многу дефиниции и секоја од нив е подеднакво точна. Можеби наједноставно е дека тоа е метод што  им помага на менаџерите да размислуваат како дизајнери: да се идентификуваат со клиентот за вистински да ги разберат неговите потреби (емпатија); да генерираат голем број на идеи засновани на ова знаење; да го изберат брзо најдоброто решение, за потоа да го претворат во прототип производи.

Основата на DT е интеракција со клиенти во реалниот свет за да се разберат искуството и емоцијата, и следствено на односот што клиентот го создава со производот и услугата.

Ова е една од клучните разлики помеѓу ‘Design Thinking’ и класичен аналитички пристап:  ‘Design Thinking’ се обидува да го запознае клиентот, додека класичниот пристап се обидува да го „пресмета“ клиентот.

Првата се занимава со клиентот како личност, втората со апстрактната категорија „побарувачка“. Информациите кои се добиваат преку ‘Design Thinking’, главно се преку теренска работа, користење методолошки алатки како што е мапирање на искуство, длабински интервјуа со целниот пазар, набљудување, но и техники како „играње улоги“ кои му овозможуваат на истражувачот да се смести во чевлите на клиентот. 

‘Design Thinking’ процесот навистина функционира затоа што во суштина е длабоко осмислен и разумен: фокусирајте се на она што го чувствува клиентот, а не на она што мисли или што е уште поважно, мислете, не го дизајнирајте производот, дизајнирајте го целото искуство; прототипирајте го искуството и веднаш тестирајте го.

Leave a comment