Што е Design Thinking?

Што е Design Thinking?

Името Design Thinking можеби асоцира на нешто што е наменето за дизајнери, но тоа воопшто не е така. Всушност, сите можат да ја употребуваат оваа моќна методологија, од продажни агенти до инжинери, студенти, па и деца. Ја употребуваат најголемите бизниси во светот како Apple, Google, и Amazon, а за неа учат и студенти на најдобрите универзитетите во светот како Stanford, Harward и MIT. 

Но како оваа методологија станува толку популарна и зошто се употребува во најразлични полиња? Што навистина е Design Thinking и како може да ви помогне на вас и вашата организација да постигнете неверојатен успех?

Што е Design Thinking?

Методологијата Design Thinking начин на работење и размислување. Таа е еден вид на упатство со конкретни чекори преку кои луѓето полесно и побрзо ги решаваат проблемите. Со Design Thinking се креираат иновативни решенија и продукти кои ги воодушевуваат корисниците.

Методологијата најчесто се употребува во тимска работа но нејзините принципи можат да се употребуваат и на индивидуално ниво. Тимовите кои ја користат постигнуваат поголемо ниво на меѓусебна синергија, а значително се зголемува и продуктивноста и иновативноста.

Desgin Thinking не води низ креативниот процес со следниве пет чекори: 1. Откривање и дефинирање 2. Размислување со емпатија 3. Креирање идеја 4. Правење прототип 5. Тестирање и повторување на процесот.

Водечки принципи на методологијата се тимската работа и емпатијата, односно разбирање и желба да им помогнеме на оние за кои креираме, но и кон луѓето со кои соработуваме. 

Каде се употребува Design Thinking?

Design Thinking ја употребуваат големите компании како IBM, Ikea и Volkswagen, но и мали компании и стартапи. Познат пример за тоа е AirBnB чиј иницијален успех се должи на Design Thinking методологијата.

Desgin Thinking се употребува во тимската работа и затоа без разлика на големината на организацијата, тимовите кои работат на специфични проекти можат да се послужат со методологијата за да создадат подобри решенија за пократко време. 

За кого е наменета Design Thinking?

Верувале или не, Design Thinking како методологија почнува да се употребува уште од 1960-тите. Оригиналната примена на Design Thinking е во дизајнирање на продукти, но за кратко нејзината употреба се шири и во софтверски дизајн кој за прв пат се појавува во тој период. Сепак, уште од самиот почеток јасно е дека Desgin Thinking има универзална примена. 


Од тогаш, Design Thinking се употребува при дизајнирањето на првото Apple глувче, воедно првото компјутерско глувче некогаш направено, во креирањето на подобро искуство на пациентите во болницата на Стенфорд  и при создавање на новиот едукативен систем во Перу


Design Thinking се повеќе се изучува и во училиштата во светот, поради тоа што се верува дека во следните децении највреднувани вештини ќе бидат креативноста и ефективното тимско работење. Методологијата секогаш се учи преку примена и децата ја прифаќаат интуитивно, а за прв пат таква програма е достапна и во Македонија. 

Зoшто оваа методологија е толку ефективна?

На индивидуално ниво, секој размислува и работи подобро кога размислува со емпатија. Емпатијата ни овозможува да се ставиме во “туѓите чевли” и да го гледаме проблемот од друга перспектива. На тој начин се буди и желбата да креираме квалитетно долготрајно решение за проблемот.

Покрај емпатијата, тимската работа е клучна за креирање на успешни решенија од повеќе причини. Со помош на Design Thinking, решавањето на проблемите оди побрзо и на крајот се зголемува чувството за лична одговорност кај сите членови од тимот. Тоа значи дека секој од членовите на тимот сака решението да биде успешно. И секој од нив е подготвен да даде сé од себе за време на реализацијата на решението.

Како  Design Thinking може да и помогнена твојата организација?

Поради тоа што оваа методологија е универзално употреблива, без разлика на тоа во која индустрија работите, и колку е голема вашата организација, примената на принципите на методологијата може да ве донесе неколку чекори поблиску до посакуваниот успех.

Најважно за Design Thinking методологијата е тоа дека е едноставна за имплементирање. Таа се учи преку примена и едноставни вежби, кои се толку забавни и интересни што Desgin Thinking работилниците чесно наликуваат на Тим билдинг активности. Всушност, нема подобар Тим билдинг од Desgin Thinking работилница.

Вработените се горивото кое ја бутка целата организација. Поради тоа вложувањето во нивните вештини е клучно за нејзиниот успех. Затоа, успешните лидери и менаџери континуирано вложуваат во својата организација. Тие се едуцираат како тоа можат да го прават подобро секој ден. Дознајте како можете да го направите тоа и вие, и станете дел од заедницата на Innothink за да секогаш бидете еден чекор пред другите.

Leave a comment