10 примери како светските бизнис лидери иновираат

10 примери како светските бизнис лидери иновираат

Design Thinking e методологија која се користи за решавање на комплексни проблеми и смислување на иновативни продукти и услуги. Налик на една универзална мапа која со конкретни чекори го покажува патот од проблемот до неговото решение.

Методологијата е применлива во сите индустрии, во мали или во големи претпријатија, и служи како алатка за подобрување на интерните процеси во компанијата. Неа веќе ја применуваат многубројни организации ширум светот, како Ikea, Airbnb, Volkswagen и Bank of America.

Прочитајте како тие и многубројни други организации постигнуваат успех преку Design Thinking методологијата:

1.IKEA

Шведскиот гигант познат ширум светот по уникатното шопинг искуство и практичниот дизајн на своите артикли, во голема мера го должи својот успех на Design Thinking методологијата. Во Design Thinking, примарниот фокус се потребите на корисникот и на неговото искуство при користење на самиот продукт. Следејќи ги принципите на DT, Ikea креира мебел кој има практичен дизајн, е исклучително лесен за транспорт и за склопување, а попатно му нуди и едно уникатно искуство на корисникот: тој се чувствува гордо што инсталацијата ја направил сам.

ikea

2. Uber

Стартапот стар само 10 години, кој денес вреди 120 билиони долари, се послужил со Design Thinking методологијата при креирање на нивната позната апликација. Поради тоа што процесите во апликацијата се интуитивни и многу лесни за употреба, таа привлекува масивен интерес: 75 милиони корисници ширум светот. Следејќи го успехот на нивната оригинална идеја, во 2014 тие ја лансираат и апликацијата на UberEats – платформа за достава на храна која исто како Uber, благодарение на корисничкото искуство ги поврзува луѓето со локалните бизниси.

3. Procter & Gamble

Компанијата која стои позади брендови како Tide, Gillete, Always и Head & Sholders, веќе долго време ја користи Design Thinking методологијата во своите интерни процеси. Во 1990, тие се соочуваат со намалена побарувачка на продуктите на нивниот бренд за козметички производи: Olay. Покрај зголемениот број на конкуренти, забележуваат дека брендот е идентификуван како застарен. Следејќи ги принципите на Design Thinking, тие прават истражување на пазарот и одлучуваат да го редефинираат брендот, како бренд кој им помага на жените да се чувствуваат младо и да живеат здрав и убав живот. Овој потег води до значително зголемување на продажбата и креира можности за лансирање на нови продукти.

4. Airbnb

На почетокот овој стартап се соочил со големи потешкотии да се пробие на пазарот: месечно се генерирал приход од само 800$. Кеаторите, 3-ца програмери од Сан Франциско, верувале дека проблемот од е од технички аспект. Сепак, проблемот се криел во искуството на крајниот корисник, нешто што го увиделе и самите по сугестија на еден Design Thinking експерт. Констатирале дека сликите на самите понуди биле во многу низок квалитет. По увидување на овој проблем, и работење со самите корисници за да споделат подобри фотографии од своите апартмани, веднаш забележуваат зголемување на приходот.. Денес компанијата вреди 31 билиони долари и нуди можности за преспивање во 81 000 локации ширум светот.

5. Makassar

Градот во Индонезија кој се бори против големиот број на возила и моторцикли на патиштата со Design Thinkign методологијата, е доказ дека таа успешно се применува и надвор од бизнис светот. Целта на овој проект била стимулација за употреба на јавниот превоз, со цел да се намали метежот на патиштата и алармантно високиот број на несреќи со моторцикли. Со помош на Design Thinking методологијата, тимот кој го предводел овој проект утврдил дека организација на јавниот превоз ќе биде од најголема полза за сите засегнати страни: патниците и возачите. Тоа го постигнале преку организирање на рутите, превоз на ученици и креирање на мобилна апликација која ги известува патниците кога пристигнува следното возило.

6. Volkswagen

Во 2009, како дел од нивната маркетинг кампања, производителот за автомобили ја тестира таканаречената Fun Theory. Нивната иницијатива се сведува на серија Design Thinking експерименти кои покажуваат како преку забава може да се смени однесувањето на луѓето со цел тие да прават еколошки одлуки.
Во еден од експериментите, со цел да ги мотивираат луѓето да се качуваат по скали наместо со ескалатор, ги претвораат во едно големо пијано. На овој начин докажуваат дека забавата може да ги промени изборите кои ги прават луѓето на луѓето: скалите се користат 66% повеќе откако се направени позабавни. Покрај позитивното влијание, кампањата генерира масивна медиумска изложеност за компанијата, како и еколошка асоцијација со брендот на Volkswagen.

wolkswagen

7. PepsiCo

Кога Индра Ноји е избрана за позицијата CEO во 2006, нејзините главни одлуки се во однос на дизајнот на продуктите и корисничкото искуство. Таа забележала дека менаџерите кои држеле клучни позиции во компанијата немале добро разбирање за што значи добар дизајн и почнала да ја воведува Design Thinking методологијата во работењето. Благодарение на нејзината одлука да се фокусира на корисничкото искуство, годишниот профит на PepsiCo пораснал од 2.7 билиони на 6.5 билиони долари.

8. Mobisol

Компанија која прави соларни панели за Афричкиот пазар. Уште од самиот почеток, следејќи ги чекорите на Design Thinking, тие прават екстензивно истражување на потребите на пазарот и навиките на нивните потенцијални корисници. На тој начин пристигнуваат до нивниот уникатен бизнис модел: систем за плаќање на рати, формирање на добра мрежа за одржување и можност за исклучување на панелот доколку ратата не е пратена преку телефонска порака. Преку бизнис модел кој е создаден точно за потребите и навиките на корисниците, тие успеваат да пораснат од мал стартап до компанија која има 750 вработени и е присутна во 12 држави на Афричкиот континент, за само 8 години.

9. Bank of America

Интернационална корпорација која нуди финансиски услуги и е воедно 13-тата најголема компанија во светот. Во 2014 година, сакајќи да го зголемат бројот на нови корисници со помош на IDEO, првата Design Thinking агенција ја креираат програмата Keep the Change. Преку истражување, тие согледуваат дека мајките се најчесто тие кои управуваат со домашниот буџет и чија задача е да водат сметка за трошоците. Со цел да им понуди олеснување во секојдневните активности, Bank of America ја креира програмата која им нуди можност да ги заокружат цените на најблискиот долар а разликата да ја зачуваат како заштедени средства. Колку и да звучи едноставно, програмата достигнува масивен успех, привлекувајќи 2 милиони нови корисници.

bankofamerica

10. Google

Позната како една од најиновативните компании во светот. Нивниот успех се должи на два фактори: пристапот до огромен број на информации за светскиот пазар и креативната средина која ја одржуваат во нивната компанија. Design Thinking игра клучна улога во интерните процеси кои се одвиваат во Google. Познато е тоа дека вработените сакаат да работат во Google, и дека работат многу ефективно. Design Thinking методологијата е нивното тајно оружје кое ги стимулира вработените да размислуваат креативно, да разгледуваат темелно и да работат во кохезија во тимот, фокусирајќи се на создавање на најдобрите продукти и услуги кои сите ние ги користиме со задоволство.

Почуствувајте ја и Вие магијата на оваа моќна техника на работење со надградување на вештините на вашиот тим преку едукативните вежби и активности кои ги нудиме како дел од нашите обуки.

Останете во тек со сите новости за Design Thinking.
Следете не на LinkedIn
https://www.linkedin.com/company/innothinkmk/

Leave a comment