Поголема продуктивност – Моќта на Design Thinking

Продуктивноста на една компанија е нејзиното гориво за патот кон успехот. Способноста на вработените да ги егзекутираат своите секојдневни задачи влијае на ефикасноста на целиот тим. И уште поважно, на опстанокот на компанијата.

Земајќи во предвид дека 70% од оперативните трошоци во една компанија се поврзани со човечките ресурси, значи дека подобрувањето на продуктивноста на вработените е доста значајно и од економска перспектива. Доколку верувате дека вашиот тим има потенцијал и сакате да го подобрите целокупниот перформанс, Design Thinking методологијата може да ви го овозможи токму тоа.

Image alternate text

Што всушност е Design Thinking?

Како еден вид на упатство, Design Thinking e начин на размислување кој води до креативни и иновативни решенија, трансформирајќи ги предизвиците во можности. Водечки принципи на методологијата се емпатија и колаборација. Преточени во конкретни и едноставни чекори, преку кои тимот на ефективен и ефикасен начин пристигнува точно до целта.

Главниот фокус на Design Thinking се луѓето. Односно, како да се создаде продукт или услуга која вистински ќе ги задоволи потребите на корисникот. Овој пристап води до сеопфатно разбирање на проблемите и генерирање на апликабилни решенија. Потоа, тестирање на истите, како и до подобрување на кохезивноста и динамиката во тимската работа.

Зошто Design Thinking?

Со унапредувањето на технологијата и комуникацијата преку дигитализација, животните циклуси на продуктите драстично се намалуваат. Во исто време конкуренцијата е глобална, и воедно побрза од било кога. Употребата на современи техники при работењето е потреба. Неизбежен следен чекор во адаптацијата на потребите на пазарот.

Design Thinking е моќна вештина, зголемувајќи ја продуктивноста на тимот за повеќе од 20% и убрзувајќи го процест на лансирање на нов продукт за дури 50%. Од овие причини веќе многубројни компании ширум светот се служат со принципите на Design Thinking. Успешните компании ги обучуваат своите вработени како да го прават истото.

Како може Design Thinking да ви помогне во стимулирање на вашиот тим?

Design thinking методологијата ги подобрува интерните операции и го насочува фокусот на крајниот корисник. Техниките кои ги предложува Design Thinking методологијата се конкретни и апликабилни во сите индустрии. И најважно од се, ова знаење е преносливо и секој може да го совлада и да го следи во својата работа.

Доколку верувате дека вашиот тим има потенцијал да постигне повисоко ниво на продуктивност и кооперација, дозволете Design Thinking методологијата да ви помогне да ја постигнете таа цел. И воедно да придонесе до развојот на целата компанија.

Доколку ви се потребни повеќе информации, контактирајте не на следната е-маил адреса contact@innothink.mk