Design thinking и креативни решенија

Design thinking пристапот потекнува од d.school на Универзитетот Стенфорд, и се фокусира на емпатија и креативно решавање на проблеми. Пристапот се повеќе навлегува во образованието и едукаторите ширум светот се очигледно воодушевени од концептот. Карактеристично за design thinking e следново:

  • Фокусирање на изнаоѓање на креативни решенија, наместо фокусирање на проблемот
  • User – ориентиран пристап (емпатија односно сочувствување со потрошувачите/ корисниците и разбирање на нивните потреби)
  • Соработка (тимска работа) наместо индивидуализам.
Image alternate text
Image alternate text

DESIGN CLUB работилница за деца

Help children become user- centered people, not only user- centered designers! – Noam Sohachevsky, автор на Design Club. Амбицијата на Design Club е да ги поттикне креативните потенцијали на децата за креирање на решенија со чија помош светот ќе биде подобро место за сите. Фокусот е ставен на емпатијата и креативноста како повисоки цели до кои се стигнува преку соработка (team-work) и креативни методи на творење (цртање, макетирање, измислување на приказни и личности, и сл.).

The Idea: Help children become user-centered people, not only user-centered designers! 

Noam Sohachevsky, creator of Design Club

Во модерниот свет во кој технологијата ќе може да ги замени сите човечки вештини. Mораме да се фокусираме и да ги поттикнуваме единствените вештини кои ќе останат незаменливи: имагинацијата и способноста за чувствување/ сочувствување. Формалното образование недоволно ја поттикнува креативноста кај децата. Mожеби и од таму е потребата да се популаризираат уникатни искуства како што се овие работилници. Поддржано од Solveo, British Council и Public Room, Design Club работилницата за деца се одржа од 24-27 ноември во Public Room.

Целиот настан беше поделен на два дела:

  1. Обука на менторите
  2. Запознавање на менторите со Design Club и неговите амбиции
  3. Размена на искуства од претходни работилници или слични проекти за деца
  4. Тестирање на техниките и методите за изведба на претстојната работилница
  5. Споделување на импресии од работилницата и идеи за понатамошно подобрување на идните работилници и проекти
  6. Работилница за деца- Design a helpful mobile app

Како и минатогодишната работилница за млади, така и оваа детска работилница на Design Club предизвика позитивни реакции. Децата и младите се воодушевени од идејата на работилниците и се во исчекување на нови слични искуства.