Петте чекoри на Design Thinking, објаснети

Design Thinking методологијата е еден вид на упатство, кое води до подобри решенија за пократко време. Во зборовите на Давид Келеј, таткото на Design Thinking: Главната цел на методологијата е да се размислува со емпатија кон луѓето за кои дизајнираме и креираме.

Луѓето го игнорираат дизајнот кој ги игнорира нив. Поради тоа, емпатијата кон финалниот корисник е клучна за креирање на успешни продукти и услуги. Калеј и неговиот тим, со помош на принципите нa Design Thinking, го дизајнираа првото компјутерско глувче за Apple во 1970. Дизајнот на глувчето се уште е непроменет, дури 50 години подоцна, што е вистински доказ за моќта на Design Thinking методологијата.

Design Thinking се употребува ширум светот, во мали и во големи организации, и континуирано ја докажува својата ефективност. Преку петте чекори на оваа методологија, дознајте и вие можете да го трансформирате начинот на работење во вашиот тим. Следејќи ги овие 5 чекори на Design Thinking и вие може да ја зголемете ја продуктивностa на вашата организација, и да му овозможите на вашиот тим да креира подобри решенија со голем потенцијал за успех на пазарот.

1. Размислување базирано на емпатија кон крајниот корисник

Во првиот чекор, Design Thinking методологијата бара од креаторите да се запознаат подобро со луѓето за кои креираат. Тие треба да ги разгледаат нивните навики, потреби, желби, и ставови, со цел да дознаат точно за кого го дизајнираат финалниот продукт. Методологијата нуди помошни алатки кои го олеснуваат овој чекор и овозможуваат тимот да работи темелно и ефективно.

2. Откривање и дефинирање

Вториот чекор на Design Thinking е разгледување на моменталната ситуација. Тоа значи откривање на проблемите, можностите и пречките во конкретната ситуација. Целта на овој чекор е да се дефинира проблемот, како и да се одреди идеaлниот корисник на продуктот. Секој проект бара различен пристап, но преку користење на неколку практични алатки, тимот на многу лесен начин може да ја постави основата за следните чекори.

3. Креирање на идеја

Слободата во размислување и вклучувањето на сите членови на тимот се клучни при генерирање на идеи. Преку кооперација и дружба, прашување на вистинските прашања, наведување на многубројни идеи и подоцна, нивно надополнување и комбинирање, вашиот тим ќе пристигне до решение со голем потенцијал за успех. Како дополнително олеснување за членовите на тимот, овој процес е предводен од некоја од многубројните техники за генерирање идеи. Тие се користат со децении и се докажани како ефективни, како brainstorming или SCAMPER.

иновации

4. Креирање на прототип

По дефинирањето на идејата, преку креирањето на прототип, таа навистина може да се тестира од неколку аспекти. Еден добар прототип ги сочинува најважните елементи на продуктот, и овозможува простор за нивно тестирање. Понекогаш тој прототип е обичен цртеж кој визуелно ги претставува различните елементи на идејата. Понекогаш е вистински продукт, тест пакување или прототип апликација.

5. Тестирање и повторување на процесот

Тестирањето е клучен елемент во процесот на креирање – тоа дава информации за што е ефективно во решението а што не е. Потоа, кои карактеристики се навистина функционални, а кои треба да подобрат или променат. Откривањето на проблемите дава можност за подобрување, и Design Thinking методологијата бара од членовите на тимот повторно да се вратат на самиот почеток на овој процес. Да го отпочнат повторно, колку пати и да е потребно додека не пристигнат до решение кое навистина ги задоволува потребите на корисникот. Нешто што и самите ќе можат да го увидат по резултатите на финалното тестирање.

Design Thinking методологијата е клучот до целосниот потенцијал на вашиот тим, и води до докажани резултати. Многубројни компании ширум светот дозволуваат таа да го предводи нивниот начин на работа. Дознајте повеќе за како таа може да ви помогне вам и на вашиот тим, водејќи ја и вашата компанија на патот кон врвот.