Зошто сите менаџери за човечки ресурси треба да обрнат внимание на Design Thinking?

Во брз свет каде потребите на пазарот се менуваат секојдневно, конкуренцијата е глобална, роковите се кратки, а самите задачи покомплексни од било кога, потребата за зголемување на ефективноста и ефикасноста на вработените е очигледна и претставува основна потреба. Design thinking методологијата го овозможува токму ова, зголемувајќи ја брзината на работењето на тимот и водејќи до квалитетни решенија кои и носат успех за целата компанија.

HR менаџер

Што е Design Thinking?

Design thinking е начин на размислување преку кој еден човек или тим, комбинира емпатија, креативност и рационалност, и така креира продукти и решенија кои се соодветни на потребите на финалниот корисник. Оваа методологија е развиена во d.school на Универзитетот Стенфорд и се употребува ширум светот во бројни мали претпријатија и големи организации како Google, Apple, Ikea и Deutche Bank.

Design Thinking методологијата може да се употребува во сите процеси во компанијата. Taa се состои од конкретни алатки кои може да ги примени секој, и следејќи ги, да пристигне до најдоброто решение на многу побрз начин. Преку редефинирање на проблемот, размислување со емпатија, генерирање на идеи преку тимска работа, па се до креирање на прототип и тестирање на истиот, Design Thinking служи како упатство и води до реални резултати.

dt process

Како Design Thinking овозможува ефикасно менаџирање на човечките ресурси?

Во минатото, оптимизацијата на ресурсите е примарно фокусирана на природните, енергетските и финансиските ресурси, додека човечките ресурси остануваат во заден план. Но со зголемувањето на потребата за креативно размислување, кохезивност во тимската работа и поголема автономност при донесување на одлуки од стана на вработените, потребата за оптимизација на овој ресурс е поочигледна од било кога.

Менаџирањето со човечки ресурси инволвира стратешко размислување и залагање кон оптимизација на секојдневните процеси во една компанија. Вработените во една компанија се нејзината движечка сила, и успехот на истата зависи најмногу од нив. Design Thinking методологијата значително ги олеснува секојдневните процеси и води до поголема комуникативност во тимот, а на тој начин, и до поголема сатисфкација и мотивација на вработените, и водно успех на целата компанија.

менаџери и вработени

Зошто вие, како менаџер на човечки ресурси треба да бидете заинтересирани за Design Thinking?

Главната идеја позади Design Thinking e емаптија за луѓето за кои креираме. Управувањето со човечки ресурси е исто така се базира на емпатија и добрите менаџери ја препознаваат нивната вистинка задача во компанијата, која е: како да им помогнат да луѓето во нивниот тим за да полесно ги завршат своите задачи.

Доколку верувате дека тимот со кој раководите поседува неискористен потенцијал и сакате да ги подобрите секојдневните процеси во компанијата, дозволете Design Thinking методологијата комплетно да го трансформира работниот процес и да придонесе напредок на целата организација.