Зошто е важно вработените да имаат обуки и тренинзи?

Човечките ресурси се најважни за краткорочниот и долгорочниот успех на организацијата. Истовремено, тие управуваат со сите други ресурси на компанијата, и нивниот начин на работење и мотивација за унапредување, се движечките сили кои водат кон нејзиниот просперитет.

Благодарение на развојот на технологијата и комуникациските процеси, живееме во свет каде потребите на пазарот се менуваат многу брзо, роковите се кратки, конкуренцијата е глобална, а проблемите се покомплексни од било кога. Унапредувањето на вештините на вработените со цел да се зголеми нивната ефективност и ефикасност треба да претставуваат приоритет за секоја организација.

Tренинзите и обуките не придонесуваат само до зголемување на индивидуалната умешност на вработените да ги извршуваат своите задачи, туку и да стимулираат подобра комуникација и поголема кооперација помеѓу вработените. Тимскиот дух и колективното размислување се тајната алатка на најуспешните компании во светот. Придобивките од овој начин на работење се поголема ефикасност, поголема темелност при разгледување на проблемите, и зголемено чувство на одговорност помеѓу членовите на тимот.


Нешто што исто така не треба да се заборави е дека вработените се оние кои доаѓаат во контакт со постоечките и потенцијалните клиенти. Тие имаат огромно влијание на нивните одлуки, како претставници на идентитетот на целата компанија.
Во зборовите на Ричард Бренсон, основачот на Virgin групацијата: На прво место не треба да бидат клиентите, туку вработените. Ако се погрижиш за вработените, тие ќе се погрижат за клиентите. Затоа е важно вработените да чувствуваат дека компанијата верува и вложува во нив, и самите да сакаат да ја претстават во најдоброто светло.

Како да ги изберете вистинските тренинзи и обуки за вашите вработени?

Големите професионални разлики помеѓу вработените, како и фактот дека истите не треба да го одвлечат вниманието од секојдневните задолженија и активности во организацијата, го прават изборот на тренинг/обука мошне тежок. Дополнително, поради изобилието на понуди за обуки и тренинзи на пазарот и трошоците поврзани со тренинзите и обуките, навистина е тешко да се препознае која од нив е најпогодна за потребите на вашата организација.

Најдобрите тренинзи и обуки се оние кои за најкратко време имаат големо влијание на целокупниот начин на работење во организацијата. Истите треба да бидат спроведени од страна на обучени и искусни професионалци кои ќе знаат умешно да го пренесат своето знаење. Идеалниот тренинг, односно обука, е таа која овозможува мултидисциплинарно надградување, обучува за алатки и практики за зголемување на продуктивноста, го редефинира начинот на размислување и меѓусебна комуникација кај вработените, и секако, води до видливи резултати кои можат да се измерат.

design thinking


Зошто Design Thinking обуките се тоа што ви е потребно?

Design Thinking методологијата е позната ширум светот како клучот до вистинскиот потенцијал на вработените во организацијата. Веќе децении наназад им носи енормен успех на компаниите кои ја употребуваат. Некои примери се: Procter & Gamble, Google, Virgin, Bank of America и Tesla.

Таа има примена во сите индустрии, и во големи или мали организации. Со фокус на тимската работа и емпатија кон крајниот корисник, таа води до креирање на продукти кои имаат конкурентна предност на пазарот. Истовремено овој метод води до подобрување на интерните процеси во компанијата.

Design Thinking методологијата има универзална примена, во сите професионални сфери, и начинот на кој што таа влијае на размислувањето на вработените, води до зголемување на продуктивноста на тимот за 23%, зголемување на продажбата за 28%, и дури 50% побрзо лансирање на нови продукти на пазарот.  Како упатство со методи и алатки, таа дејствува токму преку вработените кои се служат со нив. Истите се лесни за учење преку групни активности кои се дел од Design Thinking обуките и тренинзите, и уште по едноставни за реална имплементација во секојдневните процеси на организацијата.

Единствениот начин за обезбедување на иднината на организацијата е вложување во вештините и работните практики на вработените. Понатаму, тие ќе се погрижат за се останато.