Кои се петте најинтересни вежби за тим билдинг?

Вработените се најголемото богатство на едно претпријатие. Нивните индивидуални вештини го сочинуваат колективниот потенцијал на една компанија. Од таа причина, инвестирањето во нив е клучно за подобрување на секојдневните процеси и обезбедување на просперитетна иднина за претпријатието.

Тим билдинг работилниците се најпопуларниот начин за развивање на работните вештини и поттикнување на тимскиот дух, и со добра причина. Тие се ефективен начин за постигнување на целта преку учество во интересни игри и активности.

На овој начин, дури и без да бидат свесни за тоа, вработените учат како подобро да се соочат со секојдневните задачи, а и целокупното искуство ги зближува повеќе како тим. Ова се само некои од причините зошто тим билдингот е одлична идеја за секое претпријатие.

Прочитајте ги петте најинтересни вежби за тим билдинг и зошто истите се толку добри кога станува збор за развивање на вештините на вработените.

1. Тивката роденденска игра

Секој тим билдинг треба да започне со кратки и лесни активности за загревање и запознавање. Оваа вежба е особено добра за учесници кои не се познаваат меѓусебно многу долго.

Тие треба без зборување, само преку употреба на гестикулации, да се подредат еден зад друг од најмлад до најстар. Играта станува особено интересна кога двајца играчи се родени во истиот месец, а уште повеќе кога се родени на истиот ден.

За да активноста биде уште подинамична, членовите се делат во два тима кои се натпреваруваат која група ќе го формира точното подредување најкратко време.

вежби за тим билдинг

2. Правење прототип за 60 минути

Ко-креација и критичко размислување се многу значајни вештини кај сите вработени. Ко-креација е форма на колаборативно иновирање, а критичкото размислување е клучно за решавање на секојдневните проблеми.

Вежбата “Правење прототип за 60 минути” ги развива токму овие две вештини кај учесниците. Тие треба да направат продукт користејќи ги само дадените материјали од страна на фасилитаторите. Оваа активност поттикнува размислување на неконвенционален начин и со одредени ограничувања.

3. Продажна презентација

Оваа вежба може да се употреби како надоврзување на претходно споменатата, или самостојно како дел од тим билдингот. Членовите на тимот треба да смислат продажна стратегија на продукт и кратка продажна презентација.

Тоа што е специфично за оваа вежба е што бара од учесниците да ги поделат задачите меѓусебно, според сопствените умешности, за да ефективно ја реализираат задачата. Доколку групата е поголема, учесниците може да бидат поделени и во неколку тимови и да се натпреварувааат едни со други.

вежби за тим билдинг

4. Изгубени на море

Изгубени на море е најверојатно една од најпознатите вежби која се фокусира на решавање на проблеми. Тимот е изгубен на море за време на патување со брод. Тие имаат листа од 15 предмети со кои треба некако да се спасат.

Но не сите предмети се со еднаква важност. Задачата на тимот е преку заеднички договор да ги подредат предметите според тоа кои тие мислат дека се најважни. Оваа вежба е мошне интересна, и ги активира сите членови, нивните размислувања и предзнаења, но ги поттикнува и да прават компромис при носење на одлуката.

5. Од минатото до иднината

Исто така позната како “Future thinking”, оваа вежба е одлична за поттикнување на креативното размислување преку рефлексија на минатото. Поконкретно, во оваа вежба учесниците разгледуваат случај кој е специфично избран и релевантен за нив, кој презентира одредени факти за минатото.

Преку темелна дискусија и разгледување на можностите, тимот треба да направи стратегија според приложените факти. Оваа вежба поттикнува рефлексивно размислување, инклузивна дискусија и креативно конципирање кај учесниците, и ги учи како да ги решаваат реалните проблеми со кои се соочуваат во нивната работа.

Иднината на вашето претпријатие е во рацете на вашите вработени. Како движечка сила на компанијата, нивниот начин на размислување и дејствување се клучни за колективниот просперитет.

Инвестирајте и вие во вашите вработени преку ефективни обуки и вежби за тим билдинг, кои по само неколку часа ќе имаат долгорочно влијание на нивниот тимски дух и индивидуални вештини.

Изберете обука која најмногу им одговара на уникатните потреби на вашето претпријатие и направете го вистинскиот чекор во правецот кон успехот.