Како Design Thinking може да ви помогне во проектен менаџмент

Главниот предизвик кај проектниот менаџмент е како да се постигнат сите цели до одредениот рок. Искусните проектни менаџери знаат дека најчестите пречки со кои се соочуваат се ниските нивоа на синергија и продуктивност кај тимот. Design Thinking е креативен, систематски пристап кој помага токму за зголемување на тимскиот дух и ја зголемува продуктивноста за 20%. Со иновативноста на Design Thinking методологијата, проектот може да се реализира за пократко време, избегнувајќи ги најчестите пречки и водејќи до креативни и иновативни решенија.

Фотографија од Design Thinking работилница Мај 2019

Многумина интуитивно го поврзуваат терминот Design Thinking со дизајнирање продукти или пакувања. Design Thinking e многу повеќе од тоа, всушност, тоа е начин на размислување, креирање и комуницирање. Преку употреба на методи кои се фокусирани на потребите на луѓето, како еден вид на упатство со пет специфични чекори, методологијата го насочува тимот успешно да стигне до крајната цел.


Специфичната структура не е единствената причина зошто методологијата е толку ефективна во проектниот менаџмент. Принципите на меѓусебна соработка и емпатија, водат до прифаќање на меѓусебните разлики помеѓу членовите на тимот. Покрај тоа, Design Thinking ги користи индивидуалните разлики за полесно реализирање на целта, зголемувајќи ја разновидноста на идеите и темелноста на решенијата. Најдобриот начин да се стимулира ваквата кохезија се едноставни групни вежби, кои и покрај тоа што делуваат неформално, навистина ги зближуваат членовите на тимот. 

Личната мотивација е исто така многу значајна за реализацијата на групните цели. Традиционалните хиерархиски системи и делегирање на задачи се докажуваат како неефективни, особено кај помладите. Design Thinking методологијата е препознатлива по тоа што ги вклучува сите во процесот на носење одлуки. Колективно се дискутира што треба да се направи, и на овој начин учесниците чувствуваат поголема одговорност и пасија за реализацијата на целите. Како резултат на тоа, даваат се од себе за да го завршат својот дел од работата најдобро што можат. 

Фотографија од Design Thinking работилница Јули 2019

Предностите кои ги нуди Design Thinking методологијата за проектниот менаџмент, можат да станат дел и од секојдневните задачи на вработените. Методологијата е едноставна за имплементирање: вработените се обучуваат како да ја употребуваат методологијата преку неколкудневни работилници, а потоа се потребни само 1 до 2 месеци за да се почувствува вистинска разлика во нивната работа. Се разбира, колку е помало претпријатието во однос на број на вработени, толку полесно и побрзо истата може да се имплементира.

Design Thinking во пракса

Во последните 10 години, компаниите кои ја имплементирале оваа методологија имаат подобар перформанс 220% од просекот на S&P 500 компаниите. Најпознатитите компании во светот како Google, Pepsi, Volkswagen и Ikea веќе ја имаат имплементирано Design Thinking методологијата во своите активности. Според тоа, инвестирањето во вештините на вашите вработени преку Design Thinking обуките може да биде најисплатливата одлука што некогаш сте ја донеле. Со оваа моќна методологија и вие можете да ја зголемите продуктивноста и посветеноста на вашиот тим, а на тој начин и да постигнете успех на долг рок во вашето претпријатие.