Иднината на продажбата: Како со Design Thinking до пораст на продажбата

Моменталниот успех на еден бизнис, како и неговиот потенцијал за успех во иднина, се сведуваат на едно нешто: генерирање приходи. Продажбата како примарна функција овозможува реализирање и на другите функции на бизнисот.

Поради тоа, бизнисите инвестираат многу ресурси во активности кои ја зголемуваат продажбата, директно или индиректно. Но, зголемувањето на буџетите за истражување, маркетинг активности и вложување во продажната мрежа, не гарантираат резултати.

Што е тоа што влијае најмногу на одлуките на потрошувачите? Како до повеќе нови и лојални потрошувачи? Како до максимизација на ресурсите и зголемување на продажбата на долг рок? 

Овие и многу други клучни прашања можат да се одговорат со помош на Design Thinking методологијата. Дознајте повеќе како со Design Thinking можете да го зголемите успехот на вашето претпријатие. 

пораст на продажбата

Што е Design Thinking?

Design Thinking е пред се, начин на размислување, упатство за ефикасно работење, и методологија за поголема темелност, креативност и иновативност во бизнисот. Се употребува ширум светот, наоѓајќи примена во најразлични индустрии и мали и големи претпријатија.

Главните принципи на методологијата се размислување со емпатија, фокус на крајниот корисник и тимска работа. Преку позајмување на истите принципи од Design Thinking, директните и индиректните активности поврзани со продажбата можат значително да се зголемат и подобрат.

Како Design Thinking директно може да влијае на зголемување на продажбата?

Кога се работи за бизниси кои вклучуваат директна продажба, најважен е пристапот на продажните агенти. Нешто што често се случува е тоа продажните агенти да се фокусираат премногу на потенцијалната заработка и тоа да влијае негативно на нивниот перформанс.

Со помош на Design Thinking, нивниот фокус се пренасочува на тоа како навистина да му помогнат на потенцијалниот купувач, со тоа што ќе му го понудат вистинското решение. Емпатијата игра важна улога и во креирање на подобро искуство на потрошувачите. Кога е во контакт со продажен агент, потрошувачот треба да почувстува дека тој ги разбира неговите проблеми и искрено пробува да му помогне. 

Цената на придобивање нови потрошувачи е 5 пати повисока отколку цената на задржување на постоечките. Покрај тоа, компаниите сакаат да имаат лојални корисници кои ја играат улогата на бренд амбасадори. Word-of-mouth е најефективната форма на маркетинг и можност за проширување на работата, и е нешто што не може да се стимулира директно. 

За потрошувачот да сака повторно да се врати на истиот бренд и воедно, да зборува за неговите продукти со пријателите, тој треба да биде задоволен од тоа што го купил. Затоа е клучно да се создаваат продукти и услуги кои навистина ќе ги задоволат потребите на корисниците.

Преку Design Thinking методологијата можете да креирате продукти и услуги  фокусирани на корисникот, разбирајќи ги неговите уникатни проблеми и специфични потреби.

пораст на продажбата

Како Design Thinking влијае на целокупното корисничко искуство?

Корисничкото искуство не зависи само од продавачот и од самиот продукт, туку и од други помалку очигледни аспекти. Важни се и пакувањето, комуникацијата на брендот, промоцијата, како и начинот на купување на продуктот. И во светот на online шопингот, корисничкото искуство значително влијае на одлуките на потрошувачите.

Покрај тоа што дигиталниот маркетинг и web страните треба да изгледаат добро, треба да бидат интуитивни за навигација. Потрошувачот не треба да се чувствува како да има пречки во неговиот обид за да купи нешто.

Design Thinking, како што предлага и името, потекнува од принципите на добриот дизајн, и поради тоа е еден од најдобрите начини на подобрување на аспектите на корисничкото искуство.

Секако, не треба да се заборави ни улогата на целиот тим кој стои зад креирањето на корисничкото искуство. Вработените се оние кои стојат позадите сите продукти и услуги, комуницираат со потрошувачите и ја претставуваат компанијата во секојдневието. Со добар продажен тим се отвара патот за пораст на продажбата.

Нивната умешност да работат како тим со цел да го создадат најдоброто корисничко искуство е клучна. Затоа, една од најдобрите работи кои можете да ја направите за својот бизнис е да инвестирате во вештините не само на продажните агенти, туки на сите вработени.

Со помош на Design Thinking методологијата, тие ќе можат да создаваат, комуницираат и да размислуваат исто како вработените во најдобрите компании во светот.

Како вистинското горивото на еден бизнис, единствено вработените можат да ве донесат поблиску до целта, и понатаму да продолжат да градат подобра иднина за претпријатието. 

Innothink е првата програма во Македонија која нуди групни обуки за Design Thinking. Обуките се забавни и налик на тим билдинг активности, поттикнувајќи ги вработените да размислуваат тимски во решавање на проблемите.

Во исто време, тие учат како да се соочат со различните предизвици преку иновативни алатки кои подоцна можат да ги употребуваат во секојдневното работење. Вложете во идината на својот бизнис со Design Thinking и дозволете и на оваа моќна методологија да ви го осветли патот до успехот.