Зголемете ја продуктивноста на вработените со примена на неконвенционални стратегии

Голем број на работодавачи сметаат дека продуктивноста е вложување на што поголем труд од страна на својот вработен. Но, оваа визија почнува да се менува. Компаниите почнуваат да разбираат дека со правилно зголемување на ефикасноста на вработените, се намалува нивниот стрес, се зголемува контролата и фокусот, како и благосостојба на работното место. Зголемената продуктивност е позитивен резултат за сите вклучени страни во работниот процес.

Во многу случаи, менаџерите дејствуваат во конвенционален стил. Состаноците се одржуваат стереотипно, работниците имаат стриктни обврски и има јасна хиерархија во рамките на една компанија. Иако одржувањето на рутински стил не е секогаш лоша работа, постојат покреативни стратегии за управување и практики кои можат да доведат до подобра тимска кохезија и перформанси.

продуктивноста на вработените

Ако сакате да ја зголемите среќата и благосостојбата на вработените, со што ќе се зголеми и продуктивноста на работното место, пробајте да имплементирате некои од овие неконвенционални стратегии:

1. Обезбедете пофлексибилно работно време

Според студиите, флексибилното работно време води до подобро психичко и физичко здравје за вработените. Може да им се дозволи на вработените да работат од дома еднаш неделно, или да ги прилагодуваат нивните работни часови врз основа на тоа кога се најефикасни.

Ако вашата канцеларија може да биде флексибилна и да им даде на вработените можност да ги распоредат работните часови според нивното ниво на ефикасност, тоа исто така може да создаде поголема доверба меѓу вас и вработените и да го подобри севкупниот морал во канцеларијата.

2. Поттикнете забавни и интерактивни паузи

Паузите различни од вообичаените, исполнети со интерактивни активности можат да го намалат менталниот замор и да им овозможат на вработените да ги “испразнат” своите глави како и да ја зголемат меѓусебната соработка во тимот.

Значи прославата на родендени, обезбедување на буџет за ручек со тимот, одржување тримесечни групни активности (team bealding) па дури и понекогаш частење на пиво и грицки на некој празник, може да биде најдобриот начин се зајакне тимскиот дух и културата на тимот во компанијата.

продуктивноста на вработените

3. Температурата влијае на продуктивноста на вработените

Кога на вработените им е премногу ладно, тие се фокусираат на тоа наместо на нивната работа, со тоа имаат тенденција да прават повеќе грешки. Кога пак им е многу топло, тие лесно се заморуваат и повторно се борат да се концентрираат на своите работни задачи.

За да го надминете овој проблем поставете повеќе термостати во работните простории, така што на секој кат може подобро да се контролираат варијациите на температурата. Тоа може да претсавува малку поголем финансики трошок, но ако не го решите овој проблем, поголема е цената која ќе се плати од непродуктивноста на вработените кои поради поголемата непријатност при работењето прават повеќе грешки.

4. Свирење на инструменти

Според невролозите, со свирењето на инструмент му давате целосен тренинг на вашиот мозок. Тоа е совршен начин за рефокусирање за време на паузата. Наместо да се активира само една област од мозокот, што се случува при читање или решавање математички проблеми, свирењето на инструмент предизвикува повеќе делови во мозокот да станат активни.

Ако не можете да свирите инструмент и немате време да научите, едноставно пуштете музика додека работите, тоа може да ви помогне брзо да се разбуди и активира вашиот мозок.

5. Дозволете им да вработени да дремнат додека се на работа

“Не спиј на работа”. Сите сме ја слушнале таа фраза. Но, можеби е време да се преиспита, особено затоа што повеќе компании почнуваат да им дозволуваат на вработените да спијат на работното место во надеж дека ќе бидат попродуктивни во текот на денот.

Овозможувајќи им на вработените да “дремнат” 20-тина минути во темна соба на удобен кауч ќе направи голема разлика во продуктивноста на вработениот. Со кратката дремка ќе овозможите вработените да останат здрави, да бидат помалку под стрес и да бидат многу покреативни.

Експериментирајте со повеќе неконвенционални стратегии се додека не ги пронајдете оние кои најдобро ја зголемуваат продуктивноста на вашиот тим. Незаборавајте дека само здрави, среќни и мотивирани работници се продуктивни работници.