успешните лидери

5 тајни на успешните лидери и менаџери

Потребата за лидерство е изразена во сите делови од општеството. Од самиот почеток на човештвото, додека луѓето живееле во мали заедници, еден поединец секогаш бил назначен за лидер на групата.

Функцијата на лидерот е да ги води останатите во правец на колективен просперитет. Таа функција е клучна и денес во малите и големите организации, а лидерите се најчесто назначени со титула менаџер. Секако, тоа не значи дека секој менаџер е и добар лидер. Лидерската функција се заснова на доверба, нешто мора да се заслужи и не може да се придобие на друг начин.

Успешни лидери се разликуваат еден од друг на многу начини, но има неколку клучни карактеристики и принципи кои ги обединуваат. Дознајте кои се 5-те тајни на успешните лидери и како можете и вие да ги примените во професионалната пракса:

успешните лидери

1. Фокус на себе, и на сѐ освен себе

Оваа реченица звучи многу конфузно, но и една од најважните лекции која секој успешен лидер ја има научено. Лидерот е во центарот на вниманието, но неговиот успех се мери преку успехот на другите.

За да влијае на позитивен начин на оние околу него, тој секогаш треба да е во контрола на сопствените акции. Тоа може да го постигнеме само преку фокус на сопственото тело и ум.

Единственото нешто врз кое можеме да имаме контрола се нашиот ум и нашите акции, и успешните лидери го знаат тоа. Овој принцип е важен од неколку причини. Една од нив е тоа што лидерот треба да биде пример за другите, да остане смирен во стресни ситуации и да им пружи поддршка на сите останати.

Друга причина е тоа што лидерот не треба да контролира, туку да понуди помош, совет и поддршка. Стремејќи се кон остварување на неговите аспирации, тој мора прво да стане успешен воин, а потоа да се симне од пиедесталот и да се посвети на учење на другите војници. 

2. Емпатија 

Силното чувство за емпатија е моќна алатка за мотивација. Многу често, лидерите се ставени во ситуации каде треба да решаваат конфликти, или пак да се соочат со влошен перформанс на поединци или томови. Повишувањето на тон, заканите и казните се докажани како неефективени, особено на долг рок.

Вистинските лидери знаат дека одговорите на сите прашања се кријат во промена на перспективата, или народно кажано: тие што знаат да се стават во туѓи чевли. Најчесто, позади професионалните конфликти стојат лични чувства, а влошувањето на перформансот се должи на приватни проблеми кои не се директно поврзани со работата.

Успешните менаџери разговараат, разбираат и советуваат. Така дознаваат и што ги мотивира членовите на тимот на индивидуално ниво, и можат да дејствуват на тој начин што ќе го поттикнат успехот на целата организација.

3. Мудрост и незнаење

Функцијата на лидерот е да биде советник, не сезнајко. Неговата задача не е да ги реши сите проблеми, туку да ги поттикне другите да ги решаваат самостојно.

Понекогаш тоа значи дека тој треба да се воздржи од обелоденување на неговите предлози-решенија на ситуацијата, и да каже, едноставно “Не знам. Што мислиш ти?”. Незнаењето често се поврзува со слабост, но вистинските лидери знаат дека личното его е непријател на колективниот просперитет.

Секако, се случуваат и ситуации каде лидерот навистина не го знае одговорот. Успешните лидери не се плашат од незнаење, бараaт помош и прашуваат за совет. Тие поттикнуваат тимска работа и  неконвенционален начин на размислување за креативно решавање на проблемите. 

успешните лидери

4. Титулата не е еднаква на статус

Не сите успешни лидери се на лидерски позиции. Титулата не е тоа што го прави лидерот, туку како околината го доживува и за што го вреднува.

Понекогаш, лидерски титули се врачени на индивидуи кои не можат да ја извршуваат таа функција.  Во тие ситуации, заедницата делува како обезглавена. Потребата за лидер во секоја група го поттикнува природното издвојување на поединец кој со намера или случајно се истакнал како водич.

Исто така, во новите организациски структури кои се популаризираат ширум светот, лидерите се менуваат во секој проект во зависност од потребите на истиот. Се ова посочува на еден очигледен факт: лидерот е одбран според неговото искуство, експертиза и лични карактеристики, не неговиот официјален статус како менаџер или директор.

5. Споделување на лидерската функција со другите

Како што спомнавме и претходно, контролата е недостижна илузија, и успешните лидери знаат дека нивната задача не е да контролираат. Всушност, најголемиот успех за еден лидер е да успее да ги издигне сите околу себе до степенот каде тој ќе стане непотребен.

Вообичаено кога ќе се случи тоа, тој човек не е лишен од компанијата туку едноставно унапреден на повисока позиција. Задачата на секој лидер е да ги научи оние околу него како и тие да бидат подобри лидери.

Причините за ова се едноставни: ако сите се во контрола на своите акции, размислуваат со емпатија за другите, и не се плашат да кажат: Не знам, ми треба помош , работната средина ќе функционира значително подобро.

6. Постојано надоградување

Затоа што читавте до тука, заслужувате и еден бонус факт поврзан за успешните лидери: “тие секогаш се фокусирани на напредок и надоградување, како лично така и на целиот тим“. Во зборовите на еден од најпознатите лидери во светската историја, Џон Ф. Кенеди: “Лидерството и учењето се меѓусебно неопходни”.

Најдобрите лидери постојано читаат информативни содржини и артикли за најдобрите практики и успеси на други компании. Тие знаат дека добивањето на вакви содржини е клучно и за нивното професионално унапредување, но и за унапредувањето на целата организација.

Понатаму, како влијателни индивидуи кои имаат моќ да влијаат на промени во позитивна насока, тие чувствуваат должност за постојано учење.

Професионалното надоградување никогаш не е едноставно. Не ја попропуштај шансата да бидеш меѓу првите и да бидеш дел од Innothink заедницата каде ќе можеш да дознаеш повеќе информативни содржини за најиновативните практики, совети до поголем успех за тебе и твојата организација.