Како технологијата ќе влијае на иднината на работењето?

Несомнено е дека технологијата има огромно влијание на начинот на кој живееме и работиме. Таа значително ни ги олеснува секојдневните задачи и ни овозможува и да комуницираме со неверојатна брзина. Со неа, ние креиравме цел свет кој нашите претци не можеле ни да го замислат, и во иднина ќе креираме свет кој ни ние не можеме да го замислиме. И покрај тоа што не знаеме како ќе изгледа далечната иднината, едно нешто е сигурно – технологијата ќе продолжи да се развива и да ги менува нашите животи. 

Ова се 5-те начини на кои технологијата веќе влијае на начинот на кој работиме и индустриите во кои ќе работиме. Овие влијанија се веќе евидентни, и како трендови само ќе продолжат да се шират ширум светот во следната деценија. Внимавајте на број 5, затоа што е нешто на кое можеби не сте помислиле до сега.

1. Автоматизација

И покрај тоа што во последно време се почесто се среќаваме со поимот автоматизацијата, таа воопшто не е нов концепт. Всушност скоро скоро се во нашите животи е автоматизирано, од нашите рачни часовници и уредите за кафе, до нашите автомобили кои по најново, можат самостојно да не возат. Секој процес кој ја намалува потребата од човечки акции е процес на автоматизација. 

И покрај тоа што ваквите процеси им го олеснуваат животот на луѓето, индустриската автоматизација генерално ја зголемува анкциозноста кај луѓето поради стравот дека ќе ја изгубат својата работа. Она што моментално се случува како резултат на рапидниот развој во технологијата е тоа што скоро сите производствени процеси се автоматизираат. Скоро сите активности за кои луѓето биле неопходни до неодамна, сега се заменуваат со нови интелигентни системи и роботски машини. Но тоа не значи и дека луѓето ќе останат без работа. 

Според оваа анализа на повеќе од 2000 работни активности во повеќе од 800 работни места, дознаваме дека некои од задачите се едноставни за автоматизација и поефикасно би било да се автоматизираат, додека некои други, не се. Всушност, само 30% од сите активности во 60% од работните места би можеле комплетно да се автоматизираат, додека само 5% од работните позиции на луѓето ќе станат комплетно заменливи

Тоа значи дека повеќето од луѓето нема да ја изгубат работата како резултат на автоматизација, туку дека активностите во нивната работка ќе се променат. Тие ќе работат заедно со автоматизираните системи, и нивната работа ќе стане полесна, покреативна и помалку репетитивна. 

2. Флексибилна работна сила

И покрај тоа што планетата е исто толку голема колку што секогаш била, технологијата го први светот да изгледа многу помал. Тоа што може да разговараме со некој што е илјадници километри далеку, исто како да е во соседната просторија, драстично го менува начинот и можностите за работење. Се повеќе луѓе работат за компании кои не се во нивниот град или држава, а исто така работат и како самостојни консултанти и специјалисти, работејќи со повеќе клиенти одеднаш. 

Луѓето природно сакаат поголемо чувство на слобода, и технологијата им ги овозможува тие аспирации. Се забележува драстично зголемување на процентот на луѓе кои се идентификуваат како самостојни “фриленсери”, и според некој статистики, дури 50% од милениумците се фриленсери.

Ова им одговара и на компаниите кои веќе немаат потреба да имаат постојани вработени за сите моментални потреби на компанијата. Тоа го немалува трошоците на компаните и потребите за голем работен простор. Покрај тоа, ги намалува ризикот и трошоците поврзани со регрутација на нови вработени, затоа што најмувањето на некој како фриленсер им овозможува да ги тестираат неговите вештини во пракса.

Мрежа на флексибилна работна сила е поткрепена и од многубројните он-лајн платформи кои им овозможуваат на овие самостојни работници да се поврзат со компаниите на глобално ниво. На овој начин им се отвараат нови можности и на луѓе од земји кои не се толку развиени да заработуваат релативно повеќе од што би можеле на домашниот пазар.

3.  Вештачка интелигенција

Луѓето се поделени во тоа како се чувствуваат на темата на вештачка интелигенција, или AI. Многумина се нетрпеливи да видат што ќе се случува во иднината, додека друга подеднакво голема група се плаши од потенцијалот на оваа моќна технологија. Но, само едно е сигурно: вештачката интелигенција ќе продолжи рапидно да се развива и можеме да очекуваме дека ќе го промени светот исто како што тоа го направи интернетот, и потоа мобилните телефони.

Вештачката интелигенција е машинското мимикување на човечката интелигенција, во процесирање информации, нивно памтење и искористување во некаков контекст. Автоматизацијата е последица на вештачката интелигенција, и поради тоа двата термини се често се употребуваат заедно.

Вистинскиот ефект на вештачката интелигенција на иднината на работењето, е всушност во тоа колку нови работни позиции таа ќе креира. Бизнисите ширум светот веруваат дека таа може да им помогне да ги унапредат своите услуги, и само во 2018 година потрошиле околу $24 билиони. Се очекува дека таа сума ќе достигне $34 билиони оваа година – 44% повеќе од минатата, и до 2022, ќе достигне $80 билиони долари. 

Овие бројки се показател на огромна побарувачка за унапредување на оваа технологија, и затоа истата им е многу примамлива и на инвеститорите. Најпознатиот поддржувач на вештачката интелигенција во моментов е познатиот претприемач Елон Маск, кој неодамна инвестираше сто милиони долари во компанијата Neuralink, чија цел е луѓето да постигнат симбиоза со вештачката интелигенција. Тој јавно зборуваше за овој проект во позната презентација која како што призна и самиот, ја организирале најмногу со цел да привлечат потенцијални вработени.

Навистина не знаеме кон каде ќе не води развојот на оваа технологија, но реалноста е дека ќе биде доста профитабилна за некои луѓе, и е одлична можност за градење на кариера на они кои можат и сакаат да придонесат во нејзиниот развој.

4.  Алтернативни извори на енергија

Главните фактор кои влијае на нашиот начин на живеење се изобилието или недостатокот на ресурси со кои располагаме. И релативно новиот ресурс, кој го овозможи технолошкиот развој, и воедно, нашиот модерен начин на живеење, е електричната енергија. 

Навистина е незамислив начинот на живот без електричната енергија, и таа ни е потребна во се поголеми количини. Се очекува дека до 2030 нашите енергетски потреби ќе се зголемат за дури 50%, особено како резултат на големите енергетски потреби на технологијата која ја создаваме. Но во исто време, електричната енергија која ја користиме денес во најголема мера е производ на ресурси кои и штетат на нашата планета и не се обновливи. 

Тоа значи дека покрај потребата да го зголемиме производството на електрична енергија, ќе мора тоа да го направиме на нов начин. Во пресретнувањето на потребата брзо да се реши овој проблем, ќе се создадат и многу работни места. Се очекува дека до 2050-тата, дури 50% од електричната енергија ќе биде соларна или ветерна. Но, според други извори, овие два вида на енергија нема да можат да ги пресретнат нашите потреби, и дека треба да се фокусираме на вложување во еден вид на електрична енергија: нуклеарна енергија

И во двата случаи, потенцијалот на индустриите за алтернативни извори на енергија е огромен и привлекува големи инвестиции. Покрај урбаните средини, таргет се и руралните предели, со особен фокус на Африка, каде луѓето за прв пат добиваат струја и таа е од обновливи ресурси. Развојот на оваа индустрија значи и многу нови работни места за луѓето ширум светот, од инженери и механичари, до научници и претприемачи.

5.  Новиот вид на едукација

Како резултат на технолошкиот развој, во последната деценија компаниите почнуваат да се натпреваруваат на глобалниот пазар, и потребата за ефикасност и константно иновирање е поголема од било кога. За ваков брз развој се потребни и многу луѓе кои размислуваат иновативно и не се плашат од нови предизвици. Според McKinsey, најтешките работни позиции за автоматизирање се оние кои инволвираат менаџирање на луѓе, носење одлуки, планирање и креативна работа. 

Проблемот е што едукативниот систем во кој се образуваме е застарен и не придонесува на развојот на овие вештини. Тоа е затоа што е создаден за едно друго време – период во кој вештините кои биле потребни од работната сила биле теоретско знаење и следење на инструкции. Во контраст, тоа што се повеќе е потребно денес, особено во индустриите кои се во подем, се креативно размислување, комуникативни вештини и самостојно решавање проблеми. 

Едукативниот систем нема да се промени преку ноќ, а промената која е потребна е потребна веднаш. Затоа, компаниите вложуваат и во развивање на вештините на своите вработени, со особен фокус на тимска работа и креативно решање на проблемите. Учењето станува неизоставен дел од работната пракса, и компании кои сакаат да опстојат на пазарот ја препознаваат значајноста на вложување во своите вработени.

Innothink е првата програма во Македонија која им овозможува на бизнисите да го прават токму тоа, нудејќи голема флексибилност во однос на уникатните потреби на компаниите со кои соработува. Преку нашите Design Thinking обуки, вработените учат еден нов, поефикасен начин на работење. Преку практична примена и интерактивни вежби тие ги развиваат вештините за креативно размислување, соработување и ефикасно решавање на секојдневите проблеми. 

Иднината е непредвидлива, но едно нешто е сигурно – технологијата ја менува играта и само оние бизниси кои непрекинато вложуваат во развој и напредок ќе опстојат на пазарот. Бидете еден чекор пред другите со Innothink и обезбедете ја иднината на вашата компанија!