меките вештини

Зошто вложување во меките вештини на вашите вработени ќе биде пресудно за иднината на вашиот бизнис?

Кога вработуваме нови членови во тимот, стандардна практика е тие да поминат низ фаза на тренинг. Но во многу случаи, вложувањето во вештините на тие вработени завршува таму. Покрај тоа, и кога размислуваме на темата “вложување во вештините на вработените”, тоа е во насока на нивните технички вештини и знаења. Меките вештини како комуникативност, тимска работа и критичко размислување, се очекува да се развиваат самостојно со време, и ретко се вложува во нив.

Но во денешниот брз свет, доколку сакаме нашиот бизнис да се развива побрзо од конкуренцијата, мора да обрнеме внимание токму на меките вештини на нашите вработени. Прочитајте зошто вложувањето во нив е пресудно за иднината на вашиот бизнис:

1. Лојални и мотивирани вработени

Еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат компаниите, е задржување на вработените и зголемување на нивната мотивацијата. Ова е особено воочливо со новите генерации кои моментално стануваат дел од работната сила.

Преку вложување во нашите вработени со тренинзи и обуки со кои тие лично ќе се надоградуваат, можеме да им покажеме колку тие ни значат. Кога вработените се вреднувани, нивото на лојалност кон компанијата значително се зголемува. Покрај тоа, преку стекнување нови вештини, вашите вработени ќе бидат мотивирани да ги завршат своите задачи, како и да соработуваат повеќе со нивните колеги.

2. Поголема слобода и автономност при работата

Благодарение на дигиталната револуција, денес се соочуваме со локална и интернационална конкуренција која постојано се бори за поголемо парче од нашиот пазар. Задржувањето на компетитивната предност никогаш не било потешко, и бара континуирани напори и брзо дејствување од наша страна.

Особено во светот на дигиталниот маркетинг, комуникацијата со потрошувачите и потенцијални кризни ситуации, брзината на одлуките е пресудна за крајниот резултат. Лошите искуства се споделуваат 10 пати повеќе и можат многу да му наштетат на имиџот на нашиот бизнис.

Затоа е многу важно нашите вработени да можат автономно да носат паметни одлуки и да дејствуваат брзо. Тие треба да се консултираат едни со други и да егзекутираат со самодоверба и без страв. А најдобриот начин да се стимулира критичкото размислување кај вашите вработени е преку обуки и тренинзи за развивање на меките вештини.

И покрај тоа што традиционалниот менаџмент претпочита голема контрола и микро-менаџирање на вработените, како доказ за ефективноста на овој нов начин на работење, прочитајте како овој светски познат бренд постигна комплетен пресврт во задоволството на потрошувачите преку зголемување на авотономноста на вработените.

3. Зголемен фокус на целите

Пресудно за успехот на една организација е колективниот фокус на целите. Кога членовите на тимот знаат која е нивната заедничка крајна цел, тие работат поефикасно и заеднички носат паметни одлуки кои ќе ги приближат кон неа.

Развиеното чувство за тимска работа и комуникација помеѓу членовите е клучна за да се креира ваква ефикасна средина. А единствениот начин да поттикнете ваква атмосфера е преку вложување во меките вештини на вработените. Меките вештини најдобро се развиваат преку практична примена и тимски вежби и затоа најуспешните компании од светот често одржуваат групни активности и работилници.

Кога вашите вработени ќе се чувствуваат како дел од една целина, ќе работат ефективно и колективно кон реализирање на целите на организацијата: зголемување на продажбата, подобрување на корисничкото искуство и креирање на нови иновативни продукти и услуги.

меките вештини

4. Идентификување на потенцијалните лидери

Одлуката кого да унапредите и назначите на лидерска позиција е многу важна, но не секогаш и очигледна. Понекогаш потенцијалните лидери се сокриени зад скромност и посветеност кон работата, додека пак кај некои лидерскиот дух треба да се поттикне и разбуди.

Ова е уште една причина зошто треба да вложувате во меките вештини на вашите вработени преку групни обуки и тренинзи. За време на овие вежби и активности, навистина ќе можете да ги идентификувате оние вработени кои имаат потенцијал за лидерство.

Тие ќе изразат голема доза на емпатија, ќе дејствуваат за да се решат малите конфликти и ќе влијаат позитивно на мотивацијата и фокусот на оние околу нив. 

5. Подобра култура во организацијата

Културата на една организација е како ритам, кој заедно го создаваат сите вработени. Таа им влијае на сите, а новите вработени ги чувствуваат и се адаптираат на пишаните и не пишаните правила на организацијата. Според Пети Мекорд, познатата менаџерка на човечки ресурси на Netflix, културата на една организација е тоа што ќе и овозможи да просперира, или ќе ја одведе до колапс.

Културата е нешто што не се менува преку ноќ, но со континуирано вложување во активности кои допринесуваат на нејзиното развивање, возможно е да изградите култура која ќе ви донесе голем успех.

Најважно за културата на една организација е тимската работа. Преку групни тренинзи и обуки вработените ја развиваат оваа клучна вештина. Тие учат како да прават компромис и да размислуваат со емпатија едни кон други, и на тој начин подобро да комуницираат и работат заедно. На тој начин тие го забрзуваат ритамот, ја прават мелодијата оптимистична и како еден перфектно согласен оркестар, тие ја водат вашата организација до успех и просперитет.

Вложувањето во вашиот бизнис е вложување во неговата иднина. Ако сите членови на вашиот тим, или вработени во вашата организација работат ефикасно кон заедничките цели, вашата организација ќе напредува и опстои на пазарот уште долги години.

Потикнете го тимскиот дух и другите меки вештини на вашите вработени со тимските обуки и тренинзи на Innothink. Како прва програма во Македонија која прави трансформација на начинот на кој работиме секојдневно, ви нудиме уникатна можност за организациско унапредување исто како што тоа го прават најуспешните компании во светот.

Станете член на нашата меилинг листа за да секогаш добивате нови информации за вашето професионално унапредување, и започнете ја и вашата успешна приказна заедно со Innothink и нашите групни обуки и тренинзи.