design thinking методологијата

Што кажаа младите во Македонија за работењето со Design Thinking методологијата?

Како во светот, така и во Македонија, има компании кои се фокусираат на иднината, и други кои мислат на минатото. Иднината е во рацете на младите, и затоа компаниите кои се фокусираат на нив ќе просперираат додека другите, наскоро ќе бидат заборавени.

Три македонски компании кои вложуваат во својата иднина: Охридска Банка Societe Generale, модната групација Магнетик, и Дона – бренд за прехрамбени производи, им дадоа можност на младите да соработуваат со нив за време на креативниот маратон Rethink 2019, кој се одржа на викендот 19-22 Септември.

Тридневниот креативен маратон го организира Solveo заедно со Innothink, повика 50 млади креативни луѓе да креираат апликабилни решенија за овие компании и нивните реални проблеми. За време на настанот тие беа организирани во мултидисциплинарни тимови и работеа со Design Thinking методологијата.

design thinking методологијата

Еве што кажаа тие за овој нов начин на работење:

Омилен начин на работење ми е во тим. Мислам дека повеќето компании треба да работат во тимови затоа што ако има синергија во тимот, резултатот секогаш ќе биде подобар отколку резултатот произлезен од индивидуалец, во кој било бизнис ситуација.
– Стефан Деспотовски, студент на постдипломски студии на Е-бизнис Менаџмент, УКИМ

Тоа што најмногу ми се допадна за овој начин на работење е тоа што сите го правевме  тоа што сакавме да го работиме. Не ни забележуваш дека тече времето затоа што си сосема фокусиран а и е многу забавно.
– Доника Зендели, Head of Marketing, Team Lead во Hyperight AB/Coordea 

Мислам дека само со овој начин на работа може да се напредува. И мислам дека повеќето македонски компании треба да го користат овој шаблон. Тоа што секој ги споделува своите идеи и тие се комбинираат значи дека на крајот на денот сите се среќни. Исто така мислам дека има многу голем неискористен потенцијал во новите генерации. Мило ми беше што учествував на настанот и горд сум што постои компанија како Солвео во Македонија.
– Рахман Махмутовиќ, Односи со Јавност, Правен Факултет Јустинијан Први

Сметам дека овој начин се применува многу малку во Македонија, можеби само во некои од новите стартапи и во некои сектори од компаниите кои се донесени од странство. Лично би сакал да работам во таква компанија затоа што викендов воочив дека и покрај тоа што бевме под стрес поради краткиот рок, затоа што работевме во тим сепак се што сработивме беше квалитетно и ни беше многу забавно.
– Кристијан Нелковски, Компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика, ФЕИТ

Претходно имам работено на овој начин во тимови, конкретно за дигитален маркетинг, и многу ми се допаѓа. Сите идеи се добредојдени и мислам дека сите уживаат во тој начин на работа. Јас лично сум многу друштвена и ми се допаѓа тоа што ги надминав и сопствените очекувања од себе, дознав дека знам и можам да направам многу повеќе од што мислев.
– Александра Петровска, студент на Маркетинг, УКИМ

Како програмер, јас сум навикнат на индивидуална работа, но мислам дека секогаш е добро за некои работи да се дискутира во тим и во мојот домен. Ми се допаѓа овој начин на работење затоа што се комбинираат многу идеи, и улогите во тимот се распределуваат според тоа кој за што сака да работи. Според мене тоа е клучно за работењето во тим.
– Ристо Трајанов, студент на Компјутерски науки и инженерство, ФИНКИ

design thinking методологијата

Темата на второто издание на креативниот маратон Rethink беше “Rethinking the Future of Digital Customer Experience” и се фокусираше токму на дигиталното искуство на корисникот. Преку структуирани работилници, користејќи ги чекорите на Design Thinking методологијата учесниците создадоа вистински концепт решенија за само три дена.

Ова е уште еден вистински доказ за моќта на Design Thinking методологијата и нејзината универзална применливост. Следете ги нашите совети на https://innothink.mk/blog/ и бидете чекор пред конкуренцијата.