Емпатија: Зошто Ви е потребна да бидете успешни во бизнисот?

Емпатијата е човечка карактеристика која може да го промени светот. Треба да знаеме како да се поставиме во туѓи чевли, и да ги погледнеме работите од туѓа перспектива. Барак Обама. 

Што е заедничко помеѓу Philips, Ikea и Dove? И покрај тоа што се во сосема различни индустрии, овие 3 брендови имаат едно тајно оружје за креирање подобри продукти и кампањи. Тоа е емпатијата. 

Емпатијата е тоа што ни овозможува да ги разбереме другите, за да можеме да им помогнеме, да се поврземе со нив на подлабоко ниво, и да создадеме нешто што ќе им го олесни секојдневието. Таа исто така е првиот чекор во Design Thinking методологијата, која ја користат најголемите компании во светот при секојдневното работење. 

Емпатијата е како мускул – таа треба да се користи континуирано за да се развие. Понекогаш најтешкиот дел е да се започне, но вие и вашиот тим, може лесно да ја развиете оваа вештина за да ги постигнете посакуваните цели.

Следете ги чекорите на нашта ментална мапа за емпатија, која може да ја преземете тука, и поврзете се со крајниот корисник и потрошувач. Таа ќе ви помогне да го запознаете подобро и да го видите светот од негова перспектива. Единствено на тој начин може да создадете продукт или кампања која ќе формира силна врска помеѓу вашиот бренд и потрошувачот.

Со помош на емпатијата, можеме да креираме продукти, стратегии и кампањи кои подобро ќе ги задоволат потребите, но и да станеме подобри лидери. Innothink е место каде успешните лидери и оние кои сакаат да станат успешни лидери доаѓаат за да се инспирираат, да се информираат, и да научат од приказни за успехот од целиот свет. Стани и ти дел од заедницата на Innothink, и помогни и на твојата организација да напредува заедно со тебе!