дигитален свет

Women in e-commerce: Предвидување на однесувањето корисниците

Доколку сакаме нашите корисници да бидат задоволни, треба да ги предвидиме нивните потреби. За да го направиме тоа, треба да ги поврземе човечката природа и технологијата, и да ги собереме и анализираме сите информации кои ни се достапни за нив.

Design Thinking ни овозможува да ги разбереме нашите корисници на подлабоко ниво, затоа што ни овозможува да развиеме силно чувство за емпатија кон нив, и да откриеме како изгледа дигиталниот свет од нивната преспектива.

Дигиталниот свет ни нуди нови можности и начини за следење и анализирање на активностите на нашите потенцијални корисници.

Но човечките акции, сѐ уште се базирани на емоционални фактори и физички потреби, и единствениот начин да ги откриеме и вистински да ги разбереме, е преку развивање на емпатија кон нашиот корисник.

Моќта на Design Thinking ни овозможува да го направиме тоа преку практични алатки и активности. За време на работилницата на Innothink која беше дел од конференцијата „Women in e-commerce“, организирана од Асоцијација за е-трговија на Македонија и United Nations Conference on Trade and Development, учесничките дознаа можат да ги применат принципте на Design Thinking во нивните бизниси. 

Во двочасовната работилница, преку практични примери, тие ги анализираа личните карактеристики и навиките на “персоните” базирани на реални корисници на дигитални продукти и услуги.

Откако дознаа повеќе за нив, тие го открија патот на корисникот почнувајчи од местот каде што тој прв пат дошол во контакт со нив, како за прв пат купил, и што се случило потоа. 

На овој начин, тие открија како можат да го подобрат неговиот пат, и секако, во која фаза и на кој начин тие можат да соберат податоци за корисникот, кои би им помогнале уште повеќе да го подобрат корисничкото искуство.

дигиталниот свет

Design Тhinking е иновативна методологија која го трансформира начинот на кој работиме и размислуваме секој ден. Креативниот процес ни овозможува да ги откриеме потребите и да креираме нови решенија кои ќе ги задоволат тие потреби.

Без разлика дали сте маркетинг менаџер, менаџер за човечки ресурси, софтверски инженер или оперативен координатор, преку примена на Design Thinking можете да ги унапредите секојдневните процеси, побрзо да ги решавате проблемите, и да му овозможите на вашиот тим да се фокусира на тоа што е најважно: потребите на крајниот корисник.