креирање прототип

Креирање прототип – 4та фаза од Design Thinking процесот

“They slow us down to speed us up. By taking the time to prototype our ideas, we avoid costly mistakes such as becoming too complex too early and sticking with a weak idea for too long.” – Tim Brown

Design Thinking работилница за Македонски Телеком

Зошто ни е потребен прототип?

Еден од најдобрите начини да се добие увид во процесот на Design Thinking е да се создаде некаква форма на прототип. Овој метод вклучува создавање на рана и намалена верзија на производот со цел да се откријат какви било проблеми со тековниот дизајн.

Прототипот ни нуди можност да ги донесеме своите замисли во реалноста. Во оваа фаза се фокусираме на проверување на изводливоста на идејата, и тоа го правиме преку:

– Креирањето на искуство
– Добивањето повратни информации
– Итерација

Прототипот игра огромна улога во периодот пред лансирањето на новиот производ или сервис. Откако првата верзија е направена таа може веднаш да оди во рацете на корисниците, од каде ќе дознаеме дали тие би го користеле, што би промениле, што би  додале.

На тој начин преку постојано споделување, повторување и подобрување успеваме да создадеме единствен продукт за нашите корисници. 


Design Thinking работилница за Македонски Телеком

Што сѐ можам да користам за да ја оживеам мојата идеја?

Ова е моментот каде што можете да бидете максимално иновативни и креативни. Кога го креирате првиот прототип сѐ е дозволено. Можете да користите, алатки како пластелин, колаж хартија, скицирање, картони, Lego коцки за физички прототип, а пак кога правите прототип за мобилни апликации, најдобрата алатка е mockup apps. 

Во зависно од тоа што креирате, изберете ги вашите алатки паметно и бидете отворени и без предрасуди кога работите на вашето решение. 

Прототипите ќе ве натераат да размислите малку подлабински за вашата идеја, за да можете вистински да ги разберете предизвиците на можното решение.