Креативната стратегија на Волт Дизни

Постојат голем број алатки за brainstorming, како Six Thinking Hats и 100 Crazy Ideas, со кои кај тимовите се поттикнува креативност и се црпи инспирација. Благодарение на неверојатниот Вoлт Дизни настанала алатката наречена Disney Creative Strategy. Тој своите креативни идеи ги преточил во реалност на свој посебен начин.

Според неговите блиски соработници, тој често велел: “Всушност постојат тројца различни Волтовци: сонувач, реалист и критичар. Никогаш не знаете кој од нив доаѓа на состанокот. На овој начин настанала Волт Дизни стратегија, базирана на овие 3 улоги.

Преку неговиот метод тој успевал своите соништа да ги претвори во реално применливи проекти, а со тоа да се квалификува како генијалец во сферата на филмската индустрија.

Кои се всушност 3те карактери на Волт Дизни?

1. Сонувач

Најчесто, секоја креативна идеја започнува исполнета со страст и ентузијазам. На секојдневните состаноци, овој стил на сонување е блокиран од реалноста и нема простор да се продолжи понатаму.

Преку првата фаза од процесот на Дизни, на тимот му се овозможува да го сподели својот сон без ограничувања и критики. На овој начин се гради база на креативни идеи. Некои од овие идеи се остварливи, а некои не. Селецијата на одржливите креативни концепти доаѓа подоцна како резултат на втората и третата фаза од стратегијата.

Следниве прашања најчесто си ги поставува сонувачот за да ги опише своите идеи :

Што сакаме?

Кое е решението?

Како го замислуваме решението?

Кои се придобивките од примената на ова решение?

2. Реалист

Во оваа фаза тимот го менува местото на работа и размислувањата и планирањето  започнуваат да се движат во логична насока. Врз основа на првата фаза членовите на тимот замислуваа дека сонот е можен и почнуваат да прават планови како да го остварат. Плановите имаат за цел да ги претворат имагинарните идеи во остварлив акционен план. Сите мисли треба да бидат конструктивни и насочени кон реализација. 

Оваа фаза вклучува прашања како што се следниве:

Како можеме да ја примениме оваа идеја во реалност?

Кој е акциониот план за примена на идејата?

За колку време да се имплементира идеја?

Како да се оцени идејата?

3. Kритичар

Откако преку акциониот план ќе откриеме како идејата може да ја претвориме во реалност, започнува делот за откривање и надминување на предизвиците. Сега тимот дава конструктивни критики за идејата со цел да се пронајдат слабите точки и да се постигне  конечното решение. 

Во оваа фаза, тимот поставува прашања од овој тип:

Што може да биде погрешно во идејата?

Што недостасува?

Зошто и што не можеме да примениме?

Кои се слабостите на планот?

Како резултат на овие 3 фази од статегијата на Дизни, тимот постигнува солидни креативни идеи како да го примени  својот акционен план.

Првата фаза се фокусира на креативниот аспект и споделување идеи. Втората фаза се фокусира на реалноста и како да се претвори идејата во акционен план и, конечно, третата фаза има за цел да ја идентификува слабостите и како да ги надминеме во конечниот план.

Иако методот не бил целосно развиен од Волт Дизни, тој го премостува јазот помеѓу имагинацијата и реалноста. Креативниот процес ги отклучува можностите на умот да формира неочекувани идеи и решенија за постојните проблеми.

Предностите на методот на креативна стратегија на Дизни е балансирање помеѓу сонот и реалноста со цел тимот да изгради одржлив напредок.