Лела Анастасова: 2019 година на креативни предизвици за тимот на Innothink

Design Thinking фасилитаторот може да го подигне тимот на едно сосема поинакво ниво. Со секоја наредна завршена работилница го согледувам тоа од крајните резултати и импресии на тимовите од најрзличните компании.

2019 бешe година на креативни предизвици за тимот на Innothink. Под креативни сакам да посочам на најразличната природа на индустрии со кои имавме чест да се запознаеме и работиме. 

  • Водевме тимови од 3 до 50 луѓе на возраст од 6 до 60+ години. 
  • Запознавме професори, дизајнери, инжињери, економисти, програмери, продукт менаџери, продажни агенти, архитекти… 
  • Успешно организиравме над 10 работилници за деца, млади, бизнис луѓе и професионалци. 
  • Подготвивме и организиравме работилници од најразлични карактери: Design Thinking Introduction, Design Thinking Growthshop, Co-creation sessions, Design Sprints
  • Опфативме теми како: Gamification, The future of telecommunications, The Future of Digital Customer Experience
  • Women in e-commerce, How to master customer acquisition, исто така и детска летна работилница Ино Дино.
  • Учествуваме на следниве настани: E-Commerce Masterclass, Мотивациски Викенд, Rethink 2019
креативни

Секоја од нашите работилници се прилагодени според потребите на секоја компанија или настан. Нашиот тим практично ја испроубува и менува понеколку пати програмата за планираната работилница, сè додека не се спакува идеално. Впрочем, го користиме Design Thinking процесот за креирање на Design Thinking работилниците.

Мојата улога како фасилитатор е дистанцирано да ги водам тимовите, поттикнувам, охрабрувам и насочувам. Предноста на фасилитаторот е во тоа што тој не е дел ниту од тим ниту од компанија. Тој е надвор од проектот, културата или политиката на компанијата и со тоа допринесува до голема отвореност на идеите и можностите, без да го наметнува своето мислење. 

Интересот за ваков тип на работилници кај нас полека но сигурно расте, што многу ме радува бидејќи излегуваме од шаблоните и постигнуваме нови, брзи и ефикасни резултати. Потребата за постојана едукација од секоја природа е поприсутна и попотребна од било кога до сега. Целокупните услови и навики се менуваат со многу брзо темпо што повикува на иновативност и потреба за поголема продуктивност во секојдневието. 

Овие трендови се примарни предизвици на тимот на Innothink кои постојано нè инспирираат за поуспешна и квалитетна работа.

Ве охрабувам и Ви препорачувам да започнете со примена на Design Thnking методологијата во секојдневна работа во 2020 година.