2020: Подгответе се за суштински промени во новата декада!

2020-та година го најавува почетокот на новите технологии. На пример, 5G ќе внесе брзи промени на процесите, а со тоа ќе ги принуди компаниите да станат уште повеќе фокусирани на софтверски решенија и афтоматизацијата.

Тоа ќе им овозможи и да бидат уште повеќе ориентирани кон корисниците, чии потреби се менуваат побрзо од било кога.

Агилноста како компетитивна предност масовно почнува да се усвојува, а со тоа и примената на Design Thinking методологијата која ја поедноставна имплементација на новитетите и го забрзува целиот процес.  

Практичната примена на Design Thinking процесот им овозможува на тимовите да се адаптираат и да ги имплементираат промените и да се стекнат со значителна предност на пазарот.

Design Thinking им помага на компаниите и организациите да испорачуваат производи што им се од голема важност на своите клиенти. Следејќи ги клучните фази поттикнати од креативноста,

Design Thinking истакнува кои проблеми вредат да се решат. Резултатите од примената на оваа методологија се намалување на ризиците и промовирање на ефикасноста од трошоците.

Во 2020 година ги охрабруваме и им препорачуваме на менаџерите да започнат со примена на Design Thinking методологијата во секојдневната работа.

Прочитајте дел од промените кои ќе внесат свежина и продуктивност во Вашата работна средина.

Пет начини да се примени Design Thinking во секојдневното работење:

1. Вклучете емпатија

Емпатијата е водечки принцип на Design Thinking методологијата. Преку емпатија, тимовите успеваат да ги препознаваат потребите и очекувањата кај различните луѓе,т.е клиенти. Целта на сите е, да ја применат методологијата во секојдневната работа и да развијат процес преку кој ќе се задржи мотивацијата на клиентот.

Tимови учат да размислуваат над нивните претпоставки и да препознаат дека различни луѓе имаат различни потреби и очекувања. Преку емпатија се создаваат услови за дефинирање на желбите и потребите на клиентите.

Компаниите си ги потврдуваат или менуваат своите ставови и планови мотивирани од клиентите. На тој начин компаниите испорачуваат производи или сервиси од кои постои вистинска потреба на пазарот. Воедно се создава цврста врска помеѓу брендот и крајниот корисник.

Innothink совет:

Како подготовка за старт на еден проект корисно е да се почне со Empathy Map.  Оваа вежба овозможува подобро да се интерпретираат постапките, менталитетот и емоциите на клиентот. Водете се по следниве прашања кои ќе ви помогнат да ги поставите темелите на успешен проект:

  1. Какви цели има потрошувачот?
  2. Што би можел да изјави потрошувачот користејќи го продуктот?
  3. Кои се стравовите и слабите точки на потрошувачот во однос на продуктот?
  4. Кои се придобивките на подрошувачот од продуктот?

2. Не дозволувајте поразот да Ве обесхрабри

Важно е да се запомни дека негативните работи и резултати можат и треба да водат кон понатамошен успех. Не дозволувајте да се обесхрабрите.

Со Dеsign Thinking и другите итеративни методологии, целта е прототипите бргу да се доведат до фокус каде со своите карактеристики и специфичности ќе овозможат проектот да успее.

Целта на ова брзо тестирање е можноста тимовите да откријат детали што можеби претходно не ги познавале. За еден процес на Dеsign Thinking да функционира, потребно е лидерите да бидат подготвени на пораз.

Innothink совет:

Помислата за неуспех прави многу вработени да се чувствуваат непријатно – никој не сака да биде причина за тој неуспех. Најдобар начин да се олесни овaa непријатност е тоа да не се направи лично.

Лидерите на една компанија имаат моќ да создадат и да ја зајакнат културата што ќе им создаде на вработените удобно чувство. Одговорност и учење од неуспеси, наместо чувство на вина.

3. Делувајте полека, но сигурно

Design Thinking не е процес на сè или ништо. Принципите се воведуваат постепено. Потребно е време за учење, исп рашување, пракса низ сите 5те фази од Design Thinking процесот.

Лансирањето на пилот-проекти му овозможуваат на вашиот тим да вежба заедно, да собира податоци, да тестира често и брзо да итерира. Постепено, овој начин на работа го менува размислувањето на тимот, нивната енергија и кохезија. На овој начин, целата компанија ќе ги искористи бројните придобивки од новиот пристап.

Innothink совет:

На почетокот спроведувањето на Design Thinking може да наиде на отпор и страв. Потребно е време за адаптација на новиот начин на работа. Препорачливо е работа во мали тимови кои ќе имаат време да го совладуваат процесот. Присуството на менаџерите и соодветни насоки и тренинзи се неопходни, кои ќе овозможат полесна адаптација на промените.

4. Вклучете поинакви перспективи и експертизи

Design Thinking е сестран и прилагодлив процес. За компаниите интегрирањето на тимовите го забележуваат како најголем успех, каде што сечии вештини вродуваат со плод. Искуството покажува дека  најдобро функционираат тимовите во кои се вклучени луѓе кои нудат различни перспективи и области на експертиза.

Ова е важно за фазата на креирање идејата, каде што целта е да се споделат што е можно повеќе идеи и да се даде инспирирација во нови насоки. 

Innothink совет:

Подеднакво е важно членовите на тимовите да бидат од различни оддели и да поддржуваат нови процеси на работење, во случајов Design Thinking. 

При составувањето на тимовите може да се повикате на следниве карактеристики: 

  • Капацитет за справување со двосмисленост без да се изгуби фокусот
  • Способност за концентрирање на резултатите во текот на процесите
  • Подготвеност за активно учество во тимско опкружување

5. Мерење на успехот

За ефикасно имплементирање на Design Thinking процесот, лидерите и менаџерите треба да дефинираат што подразбираат под успех. Доволно е само да се постави прашањето: „Што можам да очекувам од Design Thinking?” и „Како ќе го мерам успехот?“

Одговорите на овие прашања ќе Ве охрабрат да го следите прогресот и да комуницирате подобро со Вашиот тим. Поставувањето цели и одредници ќе Ви помогне да развиете стратегија за имплементација на Design Thinking праксата.

Innothink совет:

Лидерите и менаџерите траба да ги земат вo предвид резултатите од обуката (бројот на обучени лица), резултатите од проектот (број на проекти каде се применува Design Thinking) и задоволството на клиентите.

Design Thinking претставува значајна промена во размислувањето што ги зајакнува тимовите, ги задоволува клиентите и им овозможува на компаниите да останат релевантни. Самиот процесот ја минимизира неизвесноста и ризикот од иновативноста.

Тоа се одвива преку ангажирање на клиенти или корисници преку серија прототипи за да научат, тестираат и рафинираат концепти. Исто така, им обезбедува на лидерите и менаџерите рамка за решавање на комплексни предизвици и донесување најдобри можни одлуки во врска со нивните крајни корисници.

Design Thinking може да Ви помогне како за пократко време да испорачате важни производи до клиентите, што е една голема промена за тимовите, особено во динамичниот свет во кој живееме. 

Причините да го пробате Design Thinking процесот во вашата работа во 2020 година се многубројни. Со овие 5 предлози, лесно ќе започнете креативни промени во Вашата компанија.