Водич за креирање на Вашиот потенцијален корисник

Доколку сакате да ја зголемите продажбата, и вашиот тим да се залага повеќе за задоволството на вашите потрошувачи, тоа што Ви е потребно е да се зближите со нив.

При донесување на било каква одлука, треба да се запрашате како ќе се чувствуваат тие за таа промена? А за да можете да го одоговирте тоа прашање, треба да ги разберете на длабоко ниво, и да изградите емпатија према нив.

Сепак, ова може да биде тешко за реализација. Зафатени сме во канцелариитe, имаме рокови, а нашите корисници се некаде каде што ние не сме. Одличен начин да ги имаме на ум нашите корисници е да испечатиме слики со идеалната персона за нашиот продукт и да ја закачиме на ѕидот.

Од каде да започнеме со градење на нашата идеална персона како потенцијален клиент?

  • Излезете од канцеларијата и разговарајте со Вашите корисници!
потенцијален корисник

Што сè треба да содржи една персона?

  • На ова прашање одговараме со прашање: Што Вашиот тим треба да знае за Вашите корисници? За што размислуваат тие, и што прават во текот на денот?

За полесно да се одвива фазата на спознавање на корисниците, нашиот тим од Innothink на своите работилници кориснисти специјална алатка. Пред да започнете, превземете ја алатката бесплатно ТУКА.

Како би започнале, најпрвин испринтајте ја за да вашиот тим може да пишува на неа, да скицирате, или да лепи мемо ливчиња (sticky notes).  Чувствувајте слобода да бидете креативни и да го ја модифицирате алатката според Вашите протреби.

Започнете со фотографирање и снимање на сè што научивте за Вашите корисници од Вашето истражување. Запишете сè.

Натерајте ги и останатите од тимот да ги разгледаат Вашите забелешки – и не плашете се да ги покажете на неколку корисници. Избегнувајте очигледни или стереотипни  забелешки. Внесете автентичност. Членовите на Вашиот тим треба да се соживеат со персоната што сте ја создале.

потенцијален корисник

На кратко од што се состои алатката за креирање на една персона:

1. Фотографија

Фотографијата е најистакнатиот, најатрактивен дел од вашата личност, без разлика дали   Ви се допаѓа или не, сликата ќе ги обои чувствувата на вашиот тим за персоната. 

Тука се наведуваат клучните работи и емоции со кои сакате да ја искомуницирате сликата (на крајот). Честопати луѓето имаат повеќе аспекти околу анализата за персоната но тоа е добро. Обидете се да ги забележите вашите корисници во различни аспекти, ситуации и опкружувања:

  • Дали се дома, или работат, или пак се надвор во движење когасе соочуваат со потребата за вашиот производ?
  • Како се чувствуваат: дали се сигурни, или исплашени кога се соочуваат со потребата?
  • Дали сакаат брендирани работи, или повеќе се грижат за начинот накој продуктот е изработен?

Вашата цел е да создатете портрет, кој што ќе даде увид во тоа како изгледа Вашиот потенцијален или постоечки корисник. Слободно можете да користите слики што сте ги направиле при истражувањето, да скицирате и сл.

2. Име

Ова е доста важен дел при креирањет на една персона која често е заборавена – но е многу значајна. Под име подразбираме, конкретно име за човек. Како Јана, Бојан, Ема… не се однесува на кратенки и улоги (спортист, помошник, самохрана мајка, freelance).

Зошто е важно да користиме име за нашиот корисник?

  1. Ја оживувате вашата персона, и така може да почувствувате поголема блискост со неа (тоа помага во понатамошните процеси).
  2. На Вашиот тим му овозможувате брз и едноставен начин на комуникација за време на состаноците.

Не Ви препорачуваме да користите имиња на познати личности. Тие доаѓаат со голем багаж и ќе ја засенат конкретната персона.

потенцијален корисник

3. Улога

Под улога го подразбираме уникатниот идентитетот што го има потенцијалниот корисник. Тука се набројуваат особини, ставови, дејствувања…

При креирањето на персоните вообичаено е да се слушне: „Не можам да ја замислам Јана како ја користи таа услуга“ или „Бојан никогаш нема да го разбере тој проток на корисници“. Овие дискусии се доста корисни и потребни за тимот.

4. Цели на твојот корисник

Што сака корисникот да постигне со помош на Вашиот производ или услуга?

Честа грешка е да размислитувате премногу тесно кога станува збор за наведување на целите на корисниците. Обидете се да размислувате поинаку од очигледното и да навлезете малку подлабоко. На пример:

  • Идните студенти не бараат универзитетска диплома; тие бараат добро платена работа.
  • Вработените во канцеларијата не сакаат кафе; тие сакаат изговор да ја напуштат канцеларијата и да разговараат со пријателите двапати на ден.
  • Конзументите на брза храна не сакаат пица; тие сакаат да се чувствуваат подобро после стресниот ден.

Овие неколку поенти се важни да ги знаете за Вашиот производ, затоа што можете да продадете повеќе од пица на личноста која имала лош ден, а ниту едно канцелариско кафе од најдобрата машина нема да замени прошетка и разговор вон деловниот објект. 

Мотивација 

Мотивацијата e способноста со која треба да го натерате вашиот потенцијален корисник да го има она што сака. Ако нешто е лесно за корисникот, тоа ќе бара помалку мотивација за да се случи тоа.

Да разгледаме еден пример: Имате веб-страница која продава широк спектар на кошули и џемпери. Вашиот корисник седи на домашниот кауч, разгледува и одлучува што му се допаѓа. Што ќе влијае врз нивната одлука да преминат со купувањето?

А) Загрижен е дали ќе го погоди конфекцискиот број, но затоа вие му нудите опција за враќање или замена;

Б) Се плаши дали ќе изгледаат убаво и модерно, затоа вклучувате повеќе прикачени фотографии  за продуктот;

В) Не сака да плати многу за достава, затоа ја вклучувате во цената

Г) “Ќе размислам подоцна дали ќе ја купам кошулата”. Затоа нудите ограничено време за распродажбата

Ова се примери за некои од хипотезите кои може да си поставувате при решавањето на загатката за персоната. 

5. Фрустрации

 Освен што не интересира како се мотивира нашиот корисник, многу е важно да дознаеме кои се и неговите фрустрации.

Под фрустрации подразбираме: Каде не сака да се движи? Со кого не сака да разговара? Зошто не сака да пазари во одредени маркети и трговски центри? Зошто не сака летo? Што го прави несреќен, загрижен, налутен? Зошто не сака да разговара со лица по шалтери…

Овој сегмент ни помага за синтетизирање на иформациите и добра подлога за понатамошната идеација.

потенцијален корисник

И на крајот:

Kако треба да изгледа мојата персона? 

Откако ќе ги завршите сите истражувања за Вашите корисници и ги составивте сите свои белешки, пожелно е да креирате визуелен постер А3 или А4 формат за секоја личност. Како што дознавате повеќе за неа, ќе додавате нови забешки на постерот. Запомнете, вашата персона не треба да личи на нешто како работен лист. Тој е само водич, а не урнек!

Креираната идеална персона секојдневно ќе Ве потсеќа за грижата околу Вашите сегашни и потенцијални клиент. Таа ќе Ве држи во темпо на постојано учење и следење на трендовите околу Вашите корисници. На Вас единствено останува само да ја надградувате персоната, а со тоа се усовшршува и Вашиот бренд (продукт/услуга).