започнете ваш бизнис

Подобра комуникација во оваа ситуација со Design Thinking

Својствено за сите нас е да поминуваме време лице в лице со соработниците. Од состаноци до кафе на пауза со колегите, пријателските разговори во живо ни кажуваат многу за луѓето околу нас и ни дозволуваат да соработуваме креативно и искрено. Но што се случува кога не се препорачува да поминуваме време заедно со други луѓе? Како да постигнеме подобра комуникација со тимот и нашите соработници?

Луѓето секогаш наоѓаат начини. Ние сме решавачи на проблеми. Како што сме нашле начин да го запалиме огнот, да преминеме океани, и да слетаме на месечината, ќе најдеме начин да се справиме и со оваа ситуација.

Еве неколку совети кои може да ги научиме од Design Thinking, познатата методологија која ни помага да решаваме проблеми преку различни начини на размислување и соработка:

1. Наоѓање начин

И покрај тоа што се е во статус кво, мора да ги адаптираме нашите процеси тие да можат да продолжат да течат. Продуктивноста е клучна за опстанокот на една организација, и затоа сите заедно треба да се залагаме за да најдеме нови начин како да ја продолжиме работата, макар и во помал капацитет. Ова е добро време да направите нова онлајн продавница на Facebook, или да го зголемите фокусот на дигиталната комуникација со потрошувачите. Ова е исто така добро време да ги завршите сите оние задачи кои биле ставени во втор план, како подобрување на вашата веб страна, или средување на документите и инвентарот.

2. Мерење на продуктивноста и задржување на навиките

За реализација на тие моментални промени, потребно е тимот да работи ефективно. За да ги задржиме работните навики и нивото на продуктивност, сега повеќе од било кога клучно е истите да ги мериме.

Побарајте од секој во вашиот тим да пишува дневен извештај за сработеното. Притоа дадете акцент на тоа дека некој денови ќе се работи повеќе, а некој помалку. Секако, имајте разбирање кон оние вработени кои се дома со мали деца.

3. Комуникацијата е клучна но, дали сме го избрале вистинскиот начин?

Кога ќе размислиме, денес сме опкружени со многу начини на комуникација кои не постоеја пред 10 години. Денес имаме толку напредни можности за виртуелна комуникација што веќе подолго време, луѓе од целиот свет ефективно соработуваат без воопшто да се запознаат едни со други.

Моменталната ситуација е малку различна затоа што и самиот тим е разделен. За да се справиме со сите промени кои се случуваат од ден за ден, мора да комуницираме постојано едни со други. Како до подобра комуникација?

Во овој момент лидерите пред се треба да ги поттикнат сите во тимот да се изјаснат. Затоа што колку повеќе мислења ќе вклучиме, толку е помал ризикот нашите решенија да бидат неуспешни.

4. Со емпатија до полесно пребродување на предизвиците и подобра комуникација

Ситуацијата во која сме не е лесна и можеби се чувствуваме беспомошни, но не треба да заборавиме: во ова сме сите заедно. Покрај постојана комуникација со вашиот тим, важно е да продолжите да комуницирате и со партнерите и потрошувачите. Доколку се уште не сто го направиле тоа, направете го веднаш.

Испратете лични емаил пораки до сите со кои соработува вашиот бизнис. Објавете дигитални пораки до вашите потрошувачи препорачувајќи им да се придржуваат до мерките за безбедност. Покажете посебна емпатија и грижа за оние кои се дел од Вашиот делокруг.

Фокусирајте се на позитивните аспекти во ситуацијата, и видете што можете да направите вие, и вашиот тим за да придонесете за подобрување и помош.

5. Прифаќање на промените преку сложност и искреност

Промените се тешки, кога доаѓаат со многу негативни последици. Реалноста е дека не знаеме какви ќе бидат трајните промени кои оваа ситуација ќе ги предизвика. Не знаеме и колкави ќе бидат последиците на економијата на глобално ниво. Но, едно нешто е сигурно: работите навистина ќе се променат.

После секоја бура, изгрева сонцето. Но додека бурата е во полн ек, лидерите треба да им го дадат својот чадор на вработените. А вработените, да направат место и за лидерите под истиот. Исто како што заеднички сме се радувале на секоја победа, сега заеднички ќе треба да се справиме со тешкотиите.

Видете како можете да ја распределите загубата за помалку поединци да страдаат. И доколку дојде до најлошото, бидете искрени со вашиот тим и заеднички најдете го најбезболното решение. 

Ова е посебен момент за сите нас – поединци и организации. Треба да останеме, поврзани, да ги одржуваме, па дури и да ги надоградуваме заедниците во кои функционираме. Бидете креaтивни, грижливи и не плашете се од промени. И покрај тоа што во овoј момент не можеме да бидеме физички заедно, сепак сме заедно во оваа ситуација, и само заедно можеме да истраеме.