9 Совети од Пети МекКорд, менаџерот за човечки ресурси на Netflix

9 Совети од Пети МекКорд, менаџерот за човечки ресурси на Netflix

И покрај тоа што најверојатно не сте слушнале за Пети МекКорд, сигурно сте слушнале за Netflix, компанијата која комплетно го трансформираше начинот на кој гледаме филмови и серии. До неодамна таа беше менаџер за човечки ресурси, и како еден од првите вработени во компанијата, неизоставен дел од приказната на Netflix.

Уште од самиот почеток, таа и основачот на Netflix, Рид Хaстингс, си ветуваат дека ќе се посветат активно на културата на компанијата. Нивната цел да изградат компанија во која и тие би сакале да работат, и тоа ги мотивира да го напишат познатиот документ кој ја објаснува културата на Netflix.

Докуменотот никогаш не бил наменет за да биде јавно споделен, но Рид самоиницијативно го споделува во 2009. Од тогаш овој документ има 19 илјади прегледи, и се смета за најважниот документ кој некогаш бил напишан во Силиконската Долина.

Тоа што го прави овој документ посебен, како и стилот на Пети МекКорд, е тоа што е едноставен за разбирање, и јасно ги комуницира вредностите на Netflix. Со нејзиното долгогодишно искуство како регрутер и менаџер за човечки ресурси во Netflix, таа навистина има многу да сподели. Ние ги издвоивме следните 9 нејзини совети за градење на култура која води до успех.

менаџер за човечки ресурси

1. Успехот на компанијата зависи од успехот на регрутирањето

Главната улога на Пети во Netflix била регрутирање на нови таленти. Според неа, успехот на процесот на регрутирање зависи од чекорите кои претходат. Според неа, прво треба да детерминираме кие се нашите цели за следниот период, и кои вештини се потребни за да ги реализираме.

Следниот чекор е проверување кои од тие вештини ги поседуваат луѓето кои веќе се во компанијата, а кои таленти недостасуваат. Дури тогаш, и само тогаш, можеме да го почнеме процесот на регрутација.

2. Изберете луѓе кои сакаат да ги решат вашите проблеми

Откако ќе откриеме какви вештини се потребни за да ги постигнеме нашите цели, треба да ги пронајдеме луѓето кои ги поседуваат тие вештини. Според Пети, талент не е експертиза, талент е пасија. Затоа во процесот на селекција, примарно треба да се фокусираме на тоа колку кандидатите се заинтересирани да работат на нашиот проект, и колку ентузијазам покажале во самото интервју.

Исто така, таа вели да не запаѓаме во замката и да регрутираме луѓе кои се слични како нас, затоа што тогаш нашата компанија нема да има диверзитет, а тој е клучен за нејзиното успешно функционирање.

3. Како менаџер за човечки ресурси избегнувајте жаргон

Пети признава дека и самата се гордеела со тоа што е еден од оние професионалци кои го употребуваат јазикот на менаџментот. Но од нејзиното долгогодишно искуство, таа сфаќа дека многу поважно од тоа да звучиме образовано и официјално е тоа да се разбереме едни со други.

Сега таа пропагира дека менаџерите, а особено секој менаџер за човечки ресурси, треба да зборува со вработените користејќи го јазикот на компанијата, едноставно, јасно и директно.

менаџер за човечки ресурси

4. Избегнувајте ги туѓите “најдобри практики”

Секоја организација има различни цели, различна култура и различни потрошувачи. Тоа значи дека начинот на кој ја водиме треба да е креиран специфично за неа. Она што многумина го нарекуваат најдобра практика е само идеја, која можеби и не е толку ефективна во пракса, и која е популарна од причини кои не секогаш се поврзани со реални резултати.

Добар пример за ова е годишниот преглед на перформанс, кој според Пети треба да се замени со континуиран процес на комуникација и давање фидбек секојдневно. Таа вели дека фидбекот треба да го дадеме во самиот момент кога некој ќе направи нешто за пофалба или за критика.

5. Изградете култура со ентузијазам за промените

Живееме во непредвидлив свет каде промените се неизбежен дел од секојдневието. Луѓето секогаш бараат промени, но во исто време се плашат од нив. Затоа е многу важно културата на една компанијата да биде изградена така што промените ќе бидат позитивно прифатени и прославени.

Во зборовите на Пети, наместо да размислуваме како било, треба да размислуваме како може да биде. Овој начин на размислување мора да биде поттикнат и претставен од страна на лидерите во организацијата, затоа што тие се пример како треба сите да се однесуваат во организацијата.

6. Секогаш бидете искрени со вашите вработени

Пети верува во транспарентност, и вели дека секогаш треба да ја кажуваме вистината. Тоа го опфаќа постојаниот фидбек, но и споделувањето на лоши вести и одлуки.

Таа вели дека нашите вработени можат да ја прифатат вистината, и дека само така може брзо да носиме релевантни одлуки кои имаат добар, или помалку лош ефект. Таа исто така вели дека оние луѓе кои не можат да се соочат со вистината, не треба да работат во организацијата

7. Фокусирајте се на планот за следните 6 месеци

Пети верува дека во денешниот свет, невозможно е да се прават реални планови за подолг период. Таа смета дека треба да размислуваме најмногу за следните 2 години, и да се фокусираме на планот за следните 6 месеци. На тој начин ќе може да го насочиме фокусот на сите, точно кај што е најмногу потребен.

8. Единствената метрика на која треба да се фокусирате е задоволството на корисниците

Според Пети, работата на успешниот менаџер за човечки ресурси не е да забележуви дали некој од вработените задоцнил, или дали ги следи правилата. Единствената метрика која е важна, и која треба да ни каже дали треба нешто да промениме е задоволството на потрошувачите.

Пети вели дека во Netflix се толку фокусирани на корисниците што во вовеле нова практика, дека секоја нова идеја треба да биде поддржана со аргументот: затоа што ќе им се допаѓа на нашите потрошувачи.

9. Доколку сакате да бидете успешни, треба да изградите успешни тимови.

Работата на менаџерите и лидерите не е да контролират, туку да формираат тимови кои ќе ја постигнат целта, вели Пети. Успешниот менаџер за човечки ресурси треба да го “чувствува” тимот, и да знае како да ја комуницира целта со сите во тимот. Според Пети, успешните тимови се познават лесно. Тие ја завршуваат работата на време, така како што треба, и на крајот потрошувачите се среќни со резултатот.

Во ова интервју, Пети зборува за моментот кога таа и Рид сфатиле дека навистина ја постигнале нивната цел: сите луѓе во организацијата да работат заедно, силно фокусирани на целта, и да сакаат да го прават тоа. На тој начин тие градат продукт кој е 10 пати подобар од нивните конкуренти, и затоа постигнува неверојатен успех. 

Тоа е вистинската моќ на културата на една организација: реализирање на целите со соработка и фокус на потрошувачот. И сите успешни менаџери како Пети знаат дека вложувањето во вработените и културата е инвестиција во иднината на компанијата. Вложете и вие во иднината на вашата организација со тимските обуки на Innothink, и изградете интерна култура која ќе Ви донесе неверојатен успех!

Leave a comment