Enrolled Students
Students Enrolled:
You and 10 more
Leave Review
Course Review:
Виртуелен тим билдинг

 

Обучувачи:

1. Иван Зографски

CEO & co-founder at Solveo

2.Ана Мијоска

Design Thinking Facilitator

3.Лела Анастасова 

Project Lead & Design Thinking Facilitator

Преглед на курсот

Што е виртуелен тим билдинг?

Виртуелен тим билдинг е тековен процес на зближување на тимовивите кои работат на раздалеченост. Зближувањето на тимовите на овој начин овозможува создавање атмосфера и опкружување слично на она во канцелариите.

Иако некои луѓе сметаат дека тим билдинг вежбите се трошење на време, статистиките покажуваат дека тие ја подобруваат ефективноста на тимовите и помагаат да се изгради и стекне доверба (10%-15% во нагорна линија). За таа цел трансформацијата во виртуелен тим билдинг е еквивалентно корисна.

Виртуелниот тим билдинг се разликува единствено по тоа што тимовите не се физички на исто место  – туку се онлајн. Секој член од тимот е пред својот компјутер и интерактивно учествува во активностите користејќи најразлични online алатки. Многу традиционални вежби како icebreakers, различни предизвици, заеднички оброци и слично, можат лесно да се прилагодат и за виртуелни активности.

Зошто е потребен (виртуелен) тим билдинг? 

Физичкото дистанцирање од канцелариите и колегите може брзо да се претвори во емоционално дистанцирање. Овозможете им на вашите вработени повторно да се чувствуваат пријатно на работното место. Пружете им едно позитивно искуство во периодот на адаптација при враќањето во канцелариите и направете го сплотувањето на тимовите забавно и интересно за сите.   

Виртуелниот тим билдинг се состои од неколку внимателно креирани стратегии, игри и активности кои имаат за цел да донесат поголема човечка интеракција кон виртуелната работа. Тоа ќе им помогне на луѓето во твојот тим да се поврзат едни со други – ќе ги натера да се чувствуваат повторно дел од заедницата!

И секако, посреќен тим води кон поголемо задржување и продуктивност на вработените!

Која е целта на Виртуелниот тим билдинг?

Стотици илјади компании низ цела Америка, Европа и Азија им дозволија на своите вработени да работат од дома заради Covid-19.

Сепак, за многу луѓе управувањето на тимовите од далечина претставува вистински предизвик.

Поради тоа што тимовите не работат физички заедно, тие ја пропуштаат шансата да се дружат, да разменуваат и споделуваат идеи и решенија со своите колеги, членови на тимот. Ова може да создаде состојба каде вработените се чувствуваат изолирано – што ќе влијае на нивната тимска работа, менталното здравје и продуктивноста!

Виртуелниот тим билдинг е фантастичен начин за зајакнување, емпатијата и кохезијата за да се олесни комуникацијата и соработката со виртуелната екипа.

За кого е наменет виртуелниот тим билдинг?

Придобивки за вработените и тимовите:

  • Виртуелниот  тим билдинг  создава систем на поддршка за физички оддалечените членови. Може да ја подобри тимската работа и процесот на водење проекти преку правење тимови, како и новите вработени  да се чувствуваат добредојдено во новата средина.
  •  Постепено  компаниите се враќаат со редовно одење на работа за сите вработени. Периодот кој следи е време на адаптација и повторно прилагодување на работната средина. Еден несекојдневен тим билдинг  ќе биде идеално освежување за вашиот тим/вашите вработени. 
  • Освен повторно сплотување на вработените Виртуелниот Тим Билдинг е проследен и со едукација. Тимовите ќе се запознаат со Design Thinking процесот/методологијата кој/која ќе можат да ја применуваат при секојдневното работење. 

Придобивки за лидерите и менаџерите:

  • Забавните активности за сплотување  не се одлични само за вработените, туку и за менаџерите да се зближат со тимовите кои ги водат!
  • Преку едукативните  игри и активности, ќе имате можност подобро да ги разберете предностите и слабите страни на секој вработен.
  • На овој начин се постигнува поефикасно управување и делегирање на задачите. Ќе изградите позитивен однос со секој вработен и ќе научите што секој вработен очекува од вас како лидер. 
  • Ова може многу да ги подобри вашите лидерски вештини!

 

Поврзување на тимовите/вработените ја зголемува нивната мотивацијата, ефикасноста и соработката. Тоа ги прави вработените да се чувствуваат поврзани и ценети, што пак ги прави високо посветени на своите задачи и воопшто кон организацијата.

Активностите за подигнување на моралот и креативнста кај вработените овозможуваат менаџерите да ги препознаат талентите и вештините на секој вработен, правејќи поефикасна делегација на задачите.

Времетраење на виртуелниот тим билдинг:

За овој тип на тим билдинг предвиден е 1 работен ден, исполнет со интерактивни активности. Доколку потребите на компанијата се поинакви, подготвени сме соодветно да одговориме на Вашите барања.

 

Услови за реализација :   

Минималниот број за да се организира виртуелниот тим билдинг е 10 пријавени вработени.