Enrolled Students
Students Enrolled:
You and 10 more
Leave Review
Course Review:
Стратегија за Пост-Ковид трансформација на бизнисот

 

Обучувачи:

1. Иван Зографски

CEO & co-founder at Solveo

2.Ана Мијоска

Design Thinking Facilitator

3.Лела Анастасова 

Project Lead & Design Thinking Facilitator

Втора сесија – 6 часа

  • Рефлексија и споделување од првата сесија
  • Креирање на идејата – Интерактивна  работа во тимови, 
  • Тестирајње на идејата со крајните корисници, дефинирање на следните чекорин базинарини на добиениот feedback  
  • Официјално затворање на работилницата со презентација од секој тим

Преглед на курсот

Виртуелна работилница за брза трансформација на Вашата компанија и нејзина соодветна адаптација на новонастанатата состојба.

Вашата компанија треба да е подготвена да одговори на промените. Токму затоа треба да се истражат нови опции, продукти и сервиси кои ќе ја истакнат нејзината конкурентност и ќе ја зајакнат позицијата на пазарот. 

Со цел да можете да се адаптирате побрзо и да одговорите на промените, потребно е да користите пристап кој е докажано успешен, како што е Design Thinking – не само на локално туку и глобално. За да ја остварите целта ние Ви ја нудиме ексклузивната обука која ќе Ви креира решенија за Вашите потреби и ќе видите резултати во краток временски период.

Зошто е оваа работилница?

Оваа работилница ќе Ве однесе точно до новосоздадените потреби на корисниците, ќе Ви помогне да креирате алтернативни решенија за полесно справување со моменталните предизвици.

Што ќе придобиете?

  • Ќе ги дознаете новите преференции и навики на Вашите клиенти 
  • Ќе развиете креативно размислување засновано врз емпатија кон клиентот
  • Ќе креирате стратегија со Вашиот тим наменета за Вашата компанија која ќе можете веднаш да ја имплементирате
  • Ќе успеете да се стекнете со вештина да ги предвидите навремено можните ризици 
  • Ќе доживеете уникатно искуство и ново знаење кое ќе можете и понатаму да го применувате во Вашата компанија

Што е потребно за да бидете дел од работилницата?

Сè што Ви е потребно е компјутер или лаптоп, добар интернет, микрофон и

камера. Пристапот кон оваа работилница е лесен и едноставен и ќе се користат алатки кои ќе бидат практични и за Вас и за тимот во Вашата работа. Како основни дигитални алатки кои ќе се користат за оваа работилница се Zoom и Google Drive.

Времетраење на работилницата?

За само 2 дена ќе успеете заедно со твојот тим да го истражите пазарот и ќе подготвите стратегија за брзо прилагодување на промените и имплементација на истата. 

 

За кого е наменета?

Работилницата за трансформација на бизнисите е прилагодлива за сите компании од најразлични индустрии, како и за поединци кои сакат да се вклучат со својот креативен капацитет и да допринест за полесно справување и адаптирање на пазарот.

 

Програма