Enrolled Students
Students Enrolled:
You and 10 more
Leave Review
Course Review:
Виртуелна работилница за воведување на иновации

 

Обучувачи:

1. Иван Зографски

CEO & co-founder at Solveo

2.Ана Мијоска

Design Thinking Facilitator

3.Лела Анастасова 

Project Lead & Design Thinking Facilitator

Прва сесија – 6 часа

  • Вовед: Што е иновација?/Зошто ни е потребна иновација?
  • Споделување сознанија на комапнијата преку Brainstorm сесија
  • Креирање на идеи- работа во тимови
  • Споделување и заклучок од првата сесија

Преглед на курсот

Персонализирана дигитална работилница и обука за воведување на нови иновативни решенија, продукти или услуги прилагодени специфично за вашиот тим и компанија. Освежете ги Вашите идеи преку нови алатки со помош на Design Thinking методологијата.

Зошто е оваа работилница?
Компаниите често се соочуваат со потешкотии и предизвици кога станува збор воведување на иновации во претпријатието. Според Harvard Business Review, главната пречка за тоа е корпоративната култура и начинот на кој што корпорациите секојдневно работат. Со цел да се воведат иновации во претпријатието и успешно да се имплементираат нови продукти или услуги, потребно е првично да се воведе нова перспектива и нов ‘mindset’ кај вработените.

Која е целта на работилницата?
Преку оваа персонализирана дводневна работилница, со користење на Design Thinking методологијата, ќе се воведе нов начин на размислување и функционирање на корпоративната култура во компанијата. Иновативниот метод прави трансформација на начинот на кој работиме секојдневно. Тоа е креативен процес преку кој се воведуваат нови решенија базирани на потребите на корисниците

Што Ви е потребно за да бидете дел од работилницата?
Пристапот кон оваа работилница е лесен и едноставен и ќе се користат алатки кои ќе бидат практични за Вашата работа. Како основни алатки кои ќе се користат за оваа работилница се Zoom и Google Drive. 

Зошто е DT методологијата толку актуелна?
Design Thinking методологијата е една од најпознатите методи кои се применуваат за да се креираат продукти и услуги според потреби на корисниците и ќе понудат решение за одреден предизвик. Оваа методологија овозможува да се идентификуваат клучни потреби на секој корисник или човек, брзо да се креираат и тестираат прототипи како и да се донесат иновации кои ќе одговараат на идентификуваните потреби. 

Времетрање на работилницата за иновации:
Вкупното времетраење на виртуелната работилница за иновации е 2 последователни дена. 

За кого е наменета?
Доколку сакате да воведете иновации во Вашата компанија, нов производ, нова услуга или нова маркетинг стратегија, тогаш оваа работилница/обука е токму за Вас и Вашиот тим. 

Од овој тип на работилници придобивки имаат и традиционалните компании од разни индустрии (телекомуникации, финансии, малопродажба, прехранбена индустрија, итн.), но и стартап компаниите кои се секогаш подготвени за иновативни методи.

 

Програма