Enrolled Students
Students Enrolled:
You and 10 more
Leave Review
Course Review:
Design Thinking обука

 

Обучувачи:

1. Иван Зографски

CEO & co-founder at Solveo

2.Ана Мијоска

Design Thinking Facilitator

3.Лела Анастасова 

Project Lead & Design Thinking Facilitator

Втора сесија – 6 часа

  • Рефлексија и споделување од првата сесија
  • Интерактивна  работа во тимови заедно
  • Креирање на идеја – работа во тимови
  • Тестирање на идејата со крајните корисници, дефинирање на следните чекори на прототипот базинарини на добиениот feedback  
  • Официјално затворање на работилницата со презентација од секој тим

Преглед на курсот

Интерактивна дводневна обука за Design Thinking методологијата.

Оваа работилница го покрива целосниот процес на Design Thinking и ги обучува сите учесници како да ја применуваат методологијата самостојно по завршување на обуката. Во текот на овие два дена Вие и Вашиот тим ќе ги совладате основите на Design Thinking и сите помошни алатки, адаптирани за потребите на Вашата компанија. Виртуелната Design Thinking работилница ќе Ви помогне сами како тим да ги надминете предизвиците преку еден нов пристап, трансформирајќи го начинот на кој Вие и Вашите вработени работите, размислувате и ги решавате секојдневните проблеми.

Што е Design Thinking методологијата? 

Како еден од најпознатите методи за креирање кои се користат ширум светот, со Design Thinking методологијата се создаваат нови иновативни продукти и услуги според потребите на самите корисници. Притоа, оваа методологија е одличен начин за подобрување на целокупната продуктивност и мотивација во една компанија, затоа што го менува начинот на кој вработените размислуваат и се соочуваат со проблемите од секојдневието. Преку примена на овој процес, голем број на компании се издигнале на пазарот, се издвоиле од конкурентите и станале препознатливи по својата иновативност.

  • 32% зголемени приходи
  • 52% поврат на вложените средства
  • 33% побрзо лансирање нови продукти

 

Што ќе научат членовите на Вашиот тим на оваа виртуелна работилница? 

  • Како да го дефинираат проблемот
  • Откривање на таргет групата
  • Како да емпатизираат со проблемите на корисниците/потрошувачите
  • Правење на прототипи и нивно тестирање
  • Ефективна комуникација и соработка во виртуелна средина
  • Нови алатки со кои ќе работат виртуелно и  поефикасно
  • Нова перспектива за својот тим и за себе, и поголема самодоверба при решавање на секојдневните предизвици

 

Што е потребно за да бидете дел од Виртуелната Design Thinking работилница?

 

За само 2 дена и 2 сесии ќе ја совладате Design Thinking методологијата и нејзините алатки и ќе можете да го примените новото знаење. Се што Ви е потребно е компјутер или лаптоп, добар интернет, микрофон и камера. 

Пристапот кон оваа работилница е лесен и едноставен и ќе се користат алатки кои ќе бидат практични и за Вас и за тимот при Вашата работа. Основни алатки кои се користат за оваа работилница се Zoom и Google Drive. 

Времетраење Виртуелната Design Thinking работилница 

Вкупното времетраење на Виртуелната Design Thinking работилница е 2 последователни дена. 

На виртуелната Design Thinking работилница, ќе го совладате целиот Design Thinking процес, ќе бидете запознаени со практични алатки кои ќе Ви понудат нова перспектива и ќе направат поефикасно да работите. 

За кого е наменета виртуелната Design Thinking работилница? 

Без разлика во која индустрија и сектор работите, оваа работилница ќе Ви овозможи да ги надминете сите предизвици од моменталната ситуација – како тим. Design Thinking ќе Ве инспирира, мотивира и ќе Ве научи како да станете поефективни, покреативни и поиновативни во секојдневното работење.

Услови за реализација :   

Минималниот број за да се организира виртуелната работилница е 10 пријавени вработени.

Времетраење: 2 дена
Број на учесници: 10 – 25
Место: Онлајн
Обучувачи: Иван Зографски, Лела Анастасова, Ана Мијовска
За кого е наменета обуката: Без разлика во која индустрија и сектор работите, оваа работилница ќе Ви овозможи да ги надминете сите предизвици од моменталната ситуација – како тим. Design Thinking ќе Ве инспирира, мотивира и ќе Ве научи како да станете поефективни, покреативни и поиновативни во секојдневното работењe

 

Програма