Летна DESIGN THINKING школа

Доколку на децата им дадеме можност да креираат свет без лимити, што би создале?

Децата со нивната имагинација и идеи можат да допринесат во решавање на проблеми од реалниот живот. Преку Design Thinking методологијата на децата ќе им ја приближиме емпатијата со која тие ќе креираат подобар свет за секого. Со најразлични материјали и алатки ќе имаат можност да дизајнираат прототип на својата идеја, ќе тестираат, подобрат и презентираат.

Секој учесник на крајот си заминува со чувството дека создал нешто свое и помогнал некому. А исто така и e побогат/а со нови другарчиња.

innokids
innokids
innokids
innokids
innokids
 
Чекор 1 - DEFINE

Одлучуваме за кого ќе креираме и на кого ќе му помогнеме
-Децата истражуваат во својата околина и бираат персона за која ќе креираат
-Поставуваат прашања: Како да помогнам? И зошто е важно?
-Дефинираат проблем

Чекор 2 - EMPATHISE

Ги запознаваме луѓето за кои ќе создаваме, а со тоа подобро ги дознаваме нивните потреби и проблеми
-Децата учат да создаваат емпатија кон најблиските и околината
-Развиваат сопствена персона (потенцијален корисник), ги анализираат нејзините интереси, позитивни и негативни страни

Чекор 3 - IDEATE

Бура од идеи кои со најразлични солуции/решенија би биле корисни за луѓето
-Тука децата ја изразуваат нивната креативност преку најразлични активности и алатки
-Идеи, размислувања, предлози…
-Секоја идеја добива аплауз !

Чекор 4 - PROTOTYPE

Реализирање на идејата во нешто реално
-Скицирање на идеите
-Цртање, моделирање, креирање….
-Создавање на мобилна апликација како конечен резултат

Чекор 5 - TEST

Споделување на прототипот и тестирање со потенцијалните корисници
-Тестирање на прототипот внатре и надвор од работилницата
-Презентација

Запознајте ја Лела, менторката која ќе ја води оваа еднонеделна работилница!

Еднаш професор, секогаш професор - мото на секој професор или ментор.

Од 2008 година Лела е дипломиран професор по германски јазик и книжевност и работи со деца и возрасни. Лела е комплетно посветена на професијата и секојдневно се надградува со нови и креативни методи на предавање. За време на нејзините часови Лела користи неконвенционални алатки со кои на креативен начин им го приближува знаењето на учениците (слушателите). Во 2016 Лела се стекнува со сертифицирана лиценца за Design Thinking предавач и паралелно ги мотивира, едуцира и несебично им го пренесува знаењето на нејзините ученици.

За дополнителни информации побарајте ја Лела на 075/222/173 или lela@innothink.mk