Kако да започнете ваш бизнис со  Design Thinking?

Kако да започнете ваш бизнис со Design Thinking?

8 од 10 претприемачи кои започнуваат свој бнизис доживуваат неуспех уште во првите 18 месеци. Причината зошто во најголем број од случаите е недостатокот на побарувачка на пазарот.

Од друга страна, најуспешните бизниси, односно оние кои постигнуваат најголем раст и приход, го должат својот успех на идентификување на основни човечки потреби.

Затоа, доколку сакате да започнете ваш бизнис, почетната точка секогаш треба да ви биде: идентификување на реална потреба која ја има една група на луѓе.

Вистинските потреби и мотивации на луѓето најчесто се потсвесни. Дури 95% од одуките на потрошувачите се потсвесни. За да ги идентификуваме потсвесните потреби, треба да развиеме силно чувство за емпатија кон крајниот корисник. 

1. Развивање на силно чувство за емпатија

Силното чувство на емпатија ни овозможува да разбереме кои се предизвиците со кои се соочува нашиот корисник, и како нашиот производ/услуга би можел/а да му го олесни животот.

Воедно, ова е и првиот чекор во Design Thinking методологијата – начин на размислување и креирање иновации кој го користат компании како Apple, Google и Tesla.

2. Дефинирање на проблемот и крајниот корисник

Откако ќе развиеме длабоко разбирање за нашиот корисник, лесно ќе може да го дефинираме проблемот кој нашиот продукт/услуга ќе го реши.

Во вториот чекор на Design Thinking методологијата, покрај проблемот, се дефинира и крајниот корисник како персона. Во првиот чекор се фокусираме на неговите потсвесни потреби, а во овој чекор ги разгледуваме неговите интереси и навики. Целта да откриеме каде и како би можеле да допереме до него.

Сметате дека е премногу рано да знаете со сигурност кој е вашиот краен потрошувач? 

Тоа е сосема нормално. Затоа Design Thinking процесот е цикличен – откако ќе ги поминете сите 5 фази повторно се враќате на првиот чекор со новите информации кои сте ги дознале и правите прилагодувања.

3. Креирање на Идејата

Не се сомневаме во тоа дека веќе имате идеја (или повеќе идеји), но важно е да прифатите дека вашата визија ќе претрпи промени. Многу промени.

За да вашата идеја и воедно бизнис биде во тие 20% кои успеваат да го помонат тестот на времето, мора да бидете постојано и брзо да се адаптирате. 

Според дефиницијата: Бизнис е организација усмерена кон нудење на материјални добра (или услуги) наменети за потрошувач, со цел да оствари профит.

Вашиот потрошувач е секогаш во право, затоа што без него, вашиот бизнис нема да може да опстои. Затоа не плашете се од постојано менување на вашата идеја според новите откритија, пред да започнете ваш бизнис.

4. Креирање на прототип

За да го откриете вистинскиот потенцијал на вашата идеја, и за да откриете како да ја подобрите, мора да направите прототип.

Еден добар прототип ги сочинува најважните елементи на продуктот, и овозможува простор за нивно тестирање.

Понекогаш тој прототип е обичен цртеж кој визуелно ги претставува различните елементи на идејата. Понекогаш е вистински продукт, тест пакување или прототип апликација.

5. Тестирање и повторно отпочнување на процесот

Последната фаза на Design Thinking процесот е тестирањето на вашата идеја. Секако, тоа треба да биде направено на начин на кој ќе добиете вреден фидбек, од вистинската група на луѓе и со доволно голем примерок.

Но, првото тестирање на вашта идеја може да биде и со само неколку луѓе – ваши пријатели и познаници, пријатели на пријатели, и колеги – луѓе кои мислите дека би го купиле вашиот производ во реална ситуација.

Од тестирањето ќе добиете многу вредни сознанија. Како што вели Guy Кawasaki, познатиот советник на Apple и Google, луѓето ќе го користат вашиот продукт на поинакви начини од тоа што го очекувате, и самите корисници ќе бидат различни од тоа што го претпоставувате.

Не плашете се и ослободете се од првичната визија. Постојано учете од корисниците, и порано или подоцна, вашата идеја ќе стане реалност. Започнете ваш бизнис користејќи Design Thinking.

Leave a comment