Обука за реализација на иновации

Персонализирана работилница и обука за воведување на нови иновативни решенија, концепти, продукти или услуги прилагодени специфично за вашето претпријатие. Зголемете го нивото на внатрешни иновации во претпријатието преку design thinking методологијата


Компаниите често се соочуваат со потешкотии и предизвици кога станува збор воведување на иновации во претпријатието. Според Harvard Business Review главната пречка за тоа е корпоративната култура и начинот на кој што корпорациите секојдневно работат. Со цел да се воведат иновации во претпријатието и успешно да се имплементираат нови продукти или услуги, потребно е првично да се воведе нова перспектива и нов ‘mindset’ кај вработените.

Дали сакате да воведете иновации во вашето претпријатие, нов производ, нова услуга или нова маркетинг стратегија, но не знаете од каде да започнете? Тогаш оваа обука е наменета токму за вас и вашиот тим.

Преку оваа персонализирана петдневна интензивна работилница/обука, со користење на методологијата Design Thinking , ќе се воведе нов начин на размислување и функционирање на корпоративната култура во претпријатието. Design Thinking (DT) е иновативен метод кој прави трансформација на начинот на кој работиме секојдневно. DT е креативен процес преку кој се воведуваат нови решенија базирани на потребите на корисниците. Главна цел на оваа обука е воведување на иновации во претпријатието, дизајнирање и тестирање на нов продукт, нови маркетинг стратегии, креирање и тестирање на нови услуги и слично. На крајот на работилницата учесниците ќе заминат со нови тестирани решенија кои ќе го подобрат начинот на кој функционира претпријатието.

Image alternate text
Image alternate text

Innothink ја користи методологијата од Google – Google Design Sprint креирана во 2010 година.

РАСПОРЕД НА АКТИВНОСТИ

Петдневна креативна работилница во времетраење од вкупно 30 часа (6 часа на ден).

  1. ПОНЕДЕЛНИК
    • Дефинирање на идеален корисник, односно Buyer Persona
    • Анализа/ ревизија на моменталната состојба на претпријатието.
    • Дефинирање на проблем, потреби и можности.
  2. ВТОРНИК
    • Lean canvas
    • Анализа на Case studies
    • Идеи, концепт и дефинирање и започнување со прототип
  3. СРЕДА
    • Тестирање на концепт
    • Подобрување на концепт
    • Customer journey
  4. ЧЕТВРТОК
    • Value proposition canvas
    • Креирање на бизнис модел
    • Креирање на финален прототип
  5. ПЕТОК
    • Финално дефинирање на идеално решение
    • Презентација пред претставници од компанијата

Доколку ви се потребни повеќе информации, контактирајте не на следната е-маил адреса contact@innothink.mk