designthinkinghome

Design Thinking обука

2 дневна креативна работилница каде преку користење на design thinking методологијата вашиот тим ќе се стекне со вештини за воведување на нови иновативни решенија во претпријатието.

Design thinking (DT) е иновативен процес кој го трансформира начинот на кој работиме секојдневно. Под Design Thinking се подразбира креативен процес на воведување на нови решенија базирани на потребите на корисниците. Оваа методологија овозможува да се идентификуваат клучни потреби на секој корисник или човек, брзо да се креираат тестирани прототипи и да се донесат иновации кои ќе одговараат на идентификуваните потреби. Преку примена на овој процес, голем број на компании се издигнале на пазарот, се издвоиле од конкурентите и станале препознатливи по својата иновативност.

На нашата дводневна интензивна и креативна работилница, учесниците ќе го осознаат методот на Design Thinking и практично ќе научат како да го применуваат во своето секојдневно работење. Во текот на работилницата, учесниците ќе научат како ефективно да работат тимски, заедно да носат одлуки, како да се справуваат со секојдневни проблеми преку користење на оваа методологија. Целта на работилницата не е само да се научи процесот, туку да се создаде еден нов mindset кој ќе може во иднина лесно да се применува. На крајот на работилницата, учесниците ќе си заминат со ново стекнато знаење, нови стекнати вештини и практично иновативно решение кое ќе го создадете вие во текот на работилницата.

Image alternate text

Број на учесници: Групи од 9 до 30 учесници кои сакаат да излезат од комфорната зона и да работат на нови продукти и услуги за подобрување на начинот на кој работи претпријатието (внатрешно подобрување).

Oваа обука е наменета за:

  • Сите кои сакаат да го развијат својот креативен дух
  • Сите кои се спремни за предизвици и да научат нешто ново, несекојдневно
  • Сите кои сакаат да станат одлични тимски играчи и сакаат од секоја група да се обидат да создадат тим кој ќе функционира и комуницира усoгласено
  • Сите кои сакаат да се менуваат и развиваат, без разлика на возраста, социјалниот статус или образованието
  • Сите кои сакаат да воведат некаква иновација во своето работење и сакаат да бидат успешни лидери

Распоред на активности

Дводневна креативна работилница во времетраење од вкупно 14 часа (7+7). Во времетраењето на работилницата учесниците практично ќе работат на областа и тематиката која ќе ја договориме користејки ги методите и алатките на Design Thinking

Design thinking алатки со кои ќе се запознаат учесницитe

  • Persona
  • Customer journey mapping
  • Rapid concept development
  • Value proposition design
  • Customer co-creation
  • Open innovation
  • Storytelling
  • Interview guide
  • Prototype testing plan
  • Thinking hats

Структура на обуката

  1. Вовед – Што е Design Thinking и како може да се имплементира во секојдневното работење? (теоретски дел)
  2. Design Thinking процес и апликативни алатки – запознавање со алатките и методите на Design Thinking (теоретски и практично)
  3. Истражување и инспирација – вовед во практичниот дел преку дознавање на потребите на идните корисници
  4. Генерирање на идејни решенија – Како да размислувате out of the box?
  5. Креирање – Како да ја претворите вашата идеја во реалност?
  6. Споделување – Групно споделување, фидбек и рефлексија

Доколку ви се потребни повеќе информации, контактирајте не на следната е-маил адреса contact@innothink.mk