Тим билдинг

Подобрете ја комуникацијата, мотивацијата, продуктивноста и креативноста на вработените. Поттикнете тимска работа и добро расположение со тим билдинг активности.

Тимовите се поефикасни и соработуваат подобро кога ќе поминат низ процес и активности како што е тим билдинг. Дури и најдобрите тимови можат да имаат корист од овие вежби. Тие се одличен начин за подобрување на комуникацијата, моралот, мотивацијата, продуктивноста, креативноста и помагањето на вработените подобро да се запознаат.

Тим билдинг активностите може да се користат во било кој бизнис, голем или мал, за да се промовира подобра тимска работа на работното место, и како што знаат повеќето сопственици на бизниси и менаџери, одличната тимска работа е еден од клучните фактори поврзани со успехот на компанијата.

Во Innothink користиме неколку типови на овие активности: комуникациски активности, активности за решавање проблеми, критичко размислување, градење доверба, зајакнување на креативниот дух, донесување тимски одлуки и многу повеќе.

Image alternate text

Главната цел е да се извршуваат разни активности кои се забавни и предизвикувачки, но истовремено ќе ја подобрат ефикасноста и продуктивноста на тимот и ќе го подобрат тимскиот дух во канцеларијата. Активностите се дефинирани со цел и специфични цели на секоја компанија.

Цел на вежбите

  1. Оваа еднодневна обука носи структурирани алатки и техники на вашиот тим и го развива нивното креативно размислување и тимски дух
  2. Подобрување на нивната комуникација и нивната способност јасно да ги дефинираат проблемите и решенијата
  3. Охрабрете ги тимовите да поминат низ структуриран разговор за секоја од активностите со цел си ги споделат своите знаења со своите колеги

Доколку ви се потребни повеќе информации, контактирајте не на следната е-маил адреса contact@innothink.mk