Кои се придобивките од Виртуелните Design Thinking работилници?

Кои се придобивките од Виртуелните Design Thinking работилници?

Емпатијата кон клиентите сега е поважна како никогаш до сега. Design Thinking гo става човекот во центарот на дејствување, воведувајќи иновации на производите и процесите. 

Како рамка за решавање на комплексни проблеми, Design Thinking зазема сосема ново значење, во време на пандемија, кога практично секој треба да се прилагоди на неизвесните, брзо менливи надворешни услови.
Со драстичните контрамерки на COVID-19 преземени низ целиот свет, бизнисите се соочуваат со низа предизвици: производството и продажните објекти се се уште или пак долго беа затворени. Работните текови се управуваат од далечина, колку што е можно. Производите и услугите кои беа од голема вредност, одеднаш мораа целосно да се редизајнираат за да се oдговори на низата нови побарувања. 

Потребата за брзи иновации во насока на корисниците, сега е поголема од кога и да било. 

Збирањето и сплотувањето на вработените во заеднички (физички) простор досега беше главна карактеристика на Design Thinking работилниците и обуките. Но, сега се поставува прашањето, дали истиот ефект ќе се постигне и во виртуелен амбиент?
Моментално јавните собири,во случајов работилници се откажани речиси насекаде. Тие се трансформираа во дигитални формати. 

Повеќето на почетокот беа скептици, некои дури се чувствуваа неприродно да водат или учествуваат на онлајн работилница. Сепак атмосферата и резултатите го покажаа спротивното. Виртуелните работилници и настани покажаа одлични резултати дека можат супер да функционираат во моментов и допринесуваат на повеќе полиња: од поврзување на тимовите кои се на дистанца, до креирање на нови продукти и сервиси за новонастанатата ситуација.  

Во продолжение прочитајте кои се четирите придобивки од Виртуелните Design Thinking работилници: 

1. Адаптирани за COVID-19

Во време кога ништо не е сигурно и предизвиците достигнуваат невидени размери, фокусирање кон Design Thinking може да биде мошне ефикасно. Зошто? Бидејќи со примената на овој процес можеме да допреме, да ги разбереме, да ги набљудуваме и на крајот да им помогнеме на нашите корисници. 

Фазите дозволуваат брзо темпо од дефинирање на проблем, идеја, брз прототип и негово тестирање. А сето ова е добитно пакетче за моменталната клима, која бара брзи, ефикасни и корисни одлуки. Брзите трансформаци можат многу да влијаат за опстанокот на многу компании и индустрии.

Затоа Виртуелните Design Thinking се компатибилни за решавање на новите проблеми предизвикани од моменталната криза.

2. Заштеда на трошоци

И покрај тоа што одредени работилници кои се проследени со патувања се далеку позабавни и поедукативни, сепак тие чинат доста пари, а воедно и бараат огромен организациски ангажман.

Виртуелната работилница овозможува намалување на трошоците, а сепак мотивацијата и резултатите се видливи, што тоа е од интерес на двете засегнати страни (организаторите и учесниците). 

3. Дигитални придобивки

Виртуелните работилници можат целосно да се снимаат, што овозможува поточна проценка и лесна понатамошна обработка. Дигиталните алатки овозможуваат да ги зачувате и испраќате резултатите од работилницата во сите видови формати. Обезбедување на дигитална копија од резултатите на работилницата во рок од неколку минути, им овозможува на сите учесници понатаму да се потпрат на опиплив исход и да не бидат отсечени од моментумот што бил изграден на сесијата.

Можеби е дури и полесно да се интегрираат дигитални и колаборативни алатки на работилниците за прототипи, кои обезбедуваат уште подобри резултати, а воедно и да се користат за непосредна валидација или тестирање.

 

4. Заштеда на време

Подготовката за Виртуелна Design Thinking  работилница e иста како и за offline. Сепак, доста време е заштедено во делот на организацијата на просторот, набавката на материјали за работа, како и организирањето на оброци. 

Исто така и патувањето одзема време, каде поединци не се наоѓаат во близина на местото на одружвање на работилницата. Со Виртуелните работилници им се овозможува  на сите без оглед каде се наоѓаат да бидат присутни преку интернет. 

Освен заштеда на време, се овозможува и заштеда на компанијата да овозможи ноќевања на учесниците од други градови.

Доколку сè е направено како што треба,  Виртуелните Design Thinking  работилници можат да бидат дури и попродуктивни од традиционалните. Се покажува дека учесниците се пофокусирани, дигиталните алатки кои ја олеснуваат работата брзо ги совладуваат, менталната бариера е тргната на страна и со тоа се допринесува за поголем исход во брзо време.

Виртуелните Design Thinking работилници може да се претворат во нова најдобра практика за иновации – а тоа е итно потребно деновиве.

 

 

 

 

 

Leave a comment