За нас

Innothink е првата програма во Македонија која прави трансформација на начинот на кој работиме секојдневно, преку користење на методологијата Design Thinking. Програмата Innothink нуди онлајн обуки и тренинзи за поттикнување на тимски дух и креативноста кај вработените, и воведување на нови иновации во претпријатието. Преку примена на овој процес, голем број на компании во светот се издигнале на пазарот, се издвоиле од конкурентите и станале препознатливи по својата иновативност. 

Нашата енергија сега ја пренасочуваме во виртуелниот свет, каде за време на интерактивните сесии, ќе искусите еден нов вид на креативна работилница. Со помош на нашите сертифицирани фасилитатори, ќе се чувствувате како да сте сепак сите заедно на едно место. Притоа преку соработка и дружење, ќе научите нови применливи тактики и ќе добиете нови идеи за тоа како да одговорите на предизвиците и како да ја развибате компанијата. 

Што е Design thinking?

Design thinking е иновативен метод кој прави трансформација на начинот на кој работиме секојдневно. DT е креативен процес преку кој се воведуваат нови решенија базирани на потребите на корисниците. Оваа методологија овозможува да се идентификуваат клучни потреби на секој корисник или човек, брзо да се креираат тестирани прототипи и да се донесат нови иновации кои ќе бидат соодветни за идентификуваните потреби. 

Оваа интерактивнa онлајн работилница ќе Ви овозможи со помош на Design Thinking алатките да започнете смела иновација во Вашата компанија. Ќе работите практично на предизвик во насока на човековите потреби, каде низ целиот процес во живо ќе Ве водат нашите квалификувани фасилитатори. Со комбинација на виртуелни сесии, групни и домашни задачи ќе се здобиете со практично знаење и искуство да применувате Design Thinking во Вашата секојдневна работа.

Инструктори

lela

Лела Анастасова

Project Lead & Design Thinking Facilitator


Лела е професорка по германски јазик, која се стекнува со сертифицирана лиценца по Design Thinking за да го прошири позитивниот ефект кој оваа методологија го има со поширока публика.

ivo

Иван Зографски

CEO & co-founder at Solveo


Иван е лиценциран тренер за Design Thinking кој има организирано и менторирано повеќе проекти и работилници. Тој е ко-основач на Солвео, првата агенција за иновации во Македонија и како дел од Солвео ја започна програмата Innothink.

ana

Ана Мијоска

Design Thinking Facilitator


Ана е лиценциран ментор по Design Thinking во рамките на интернационална програма за деца. Учествува во повеќе работилници за design thinking, се појавува и како фасилитатор на натпреварите организирани од Солвео.