Зошто виртуелните работилнции се докажано едни од најефикасните?

Зошто виртуелните работилнции се докажано едни од најефикасните?

Преку ноќ светот за секого се смени. Доживеавме забрзана трансформација во виртуелната комуникација. Секој се прилагодува на нов начин на работа, во ново опкружување. Но, една работа не е променета: Имате сложени проблеми за кои е потребно решавање, можеби дури и сега повеќе од кога било досега. 

За ваша среќа и на вашите клиенти, потребата да бидете виртуелни не треба да дозволите да влијае на вашата продуктивност, да соработувате, па дури и да решавате проблеми. Сè уште можете создавате атмосфера за решавање на проблеми без разлика каде и да се наоѓате вие и вашиот тим.

Секако, анимирањето на целиот тим заедно на Design Thinking сесија е забавно. Физичките работилници имаат своја посебност, нудат пауза од нормалниот тек на работа. Сепак и Виртуелните Design Thinking работилници функционираат и даваат позитивни резултати. Во одредени ситуации дури може да биде и подобро кога комуникацијата е на одалеченост отколку со личен контакт.

 Но, постои еден улов: Потребна е малку поголема подготовка за секого да се чувствува пријатно во виртуелната средина. Важно е да имате олеснувач или водство со искуство во организирање и делегирање виртуелни сесии. Различен вид предизвик е да се одржат ангажирани виртуелните учесници, но тоа не е ограничено на Design Thinking иницијативи, тоа е само дел од учењето како да се работи во заеднички работни средини. И иако многу компании се втурнуваат во далечниот свет порано отколку што очекуваа, можеме да ја искористиме оваа можност да докажеме дека комуникацијата на далечина може да биде успешна.

Сега живееме неизвесно и бурно. Но, во реалноста, нестабилноста и сложените средини што ги доживуваме се наше секојдневие; промената е неизбежна. Физичките бариери може да бидат сè поприсутни, но виртуелни бариери речиси и да  не постојат. Да се ​​биде оддалечен од колегите не нè спречува да ги решаваме проблемите. Design Thinking е моќна алатка што работи зад сцената кај најуспешните светски компании и тоа од голема причина. 

Секој ден, Design Thinking ја поттикнува еволуцијата, континуираното подобрување и иновативноста. И најдобриот дел од Design Thinking е тоа што можете да поттикнете иницијативи, да се поврзете со вашите клиенти, да соработувате со вашиот тим и да решавате проблеми без разлика каде се наоѓате во моментов.

Што е Design Thinking?

Ако имате предизвик што треба да се реши, се надеваме дека Design Thinking е една од алатките што размислувате да ја користите. Ако не сте запознаени со oвaa методологија, во продолжение бргу ќе ве воведеме: 

Design Thinking е креативна методологија за решавање на проблеми што ни донесе некои од најдобрите дизајни на производи што веројатно ги имате во моментов. Компаниите како IDEO, Apple и Nike го доведоа Design Thinking во центарот на вниманието во последните две децении и тоа од една голема причина: Design Thinking е методологија за решавање на проблеми што го задржува фокусот на клиентот. 

Примената на Design Thinking врз предизвиците кои го засегаат човекот, помага да се отклучат потребите и предизвиците на корисниците, дури и кога тие не знаат кои се проблемите или не се во можност да ги детектираат. Историски гледано, Design Thinking процесот е добро познат по тоа што помага во решавањето на проблемите со дизајнирање на производи. Но, не застанува само со дизајнирањето на производот, тој е вреден и за примена кај различни процеси и услуги. 

Со самото тоа што Design Thinking методологијата во центарот на својот фокус го става човекот, а луѓето се најзасегнати и погодени во оваа моментална ситуација, слободно можеме да кажеме дека овие виртуелни работилници функционираат. Освен тоа, тие допринесуваат за зближување на тимовите, даваат освежувачка атмосфера и мотивација, знаат да решат сериозни предизвици и да согледаат потенцијални предизвици во иднина.

Повеќе за обуките на Innothink тука!

Leave a comment