Ана Мијовска: Промените носат продуктивност кај компаниите

Ана Мијовска: Промените носат продуктивност кај компаниите

Изминатава година беше успешна година за Innothink и Солвео, исполнета со различни предизвици, многу тимска работа, успешно реализирани работилници и проекти, задоволни клиенти и позитивни искуства. 

Она што особено нè радува е тоа што се повеќе модерни компании сфаќаат дека потрошувачот седи на чело на масата, и само со осознавањето на неговите желби и потреби се создаваат корисни продукти и услуги.

Innothink

Го знаете она чувство кога ќе најдете точно таков производ каков што сте барале одамна или ќе дознаете за услуга која е како специјално измислена за вас? Тие продукти и услуги во суштина се створени за вас, и тоа со design thinking, кориснички – ориентиран пристап во чија основа е емпатијата како најголем двигател на иновации.

Горди сме што дел од услугите и продуктите кои се создадени на нашите design thinking обуки веќе се достапни на потрошувачите, и искрено се надевам дека уживаат во она што е креирано “по нивна желба”.

Во поглед на обуките и работилниците, одново и одново ме изненадува креативниот потенцијал на учесниците, кој не може да се види ниту препознае на работното место под притисок на секојдневните работни обврски.

Преку тимската работа значително се подобрува комуникацијата помеѓу вработените, нешто што значително влијае на продуктивноста и мотивацијата на работното место.

Innothink

Од гледна точка на учесниците на работилниците и обуките, мислам дека се воодушевени кога ќе сфатат дека од една навидум секојдневна brainstorming сесија завршуваат со функционален прототип кој претставува решение на претходно дефиниран проблем.

Кога ќе го прифатат design thinking пристапот како начин на размислување и ќе започнат да делуваат наместо да размислуваат и дебатираат, тогаш започнува вистинската реализација на нивниот креативен потенцијал. Моментот на еурека е непроценлив!

Од друга страна, разбирлива ми е и скептичноста која владее за ефикасноста на design thinking пристапот, потребата за негово имплементирање, и за тоа дали гарантира одлични резултати. Самиот пазар ја диктира брзината или ја детерминира потребата од промени и иновации на компаниите.

Сепак, тоа не значи дека треба да стоиме во место, туку дека можеби има многу повеќе потенцијал и простор за новитети, многу проблеми на корисниците за кои треба да се креираат решенија во форма на продукти и услуги. Секој новитет во работењето кој ќе донесе и најмал бенефит, треба да се зграпчи, бидејќи денес успеваат да опстојат само бизнисите кои се спремни да се трансформираат и иновираат.

П.С. Во 2020 ве предизвикувам да воведете 20 новитети во секојдневниот живот и работата, а се надевам една од тие промени ќе биде соработка со тимот на Innothink и Солвео.

Leave a comment