Како да дојдете до најдоброто решение за проблемот користејќи ја Design Thinking методологијата?

Како да дојдете до најдоброто решение за проблемот користејќи ја Design Thinking методологијата?

“Сите сакаме иднина која ќе биде подобра од сегашноста” – во зборовите на Елон Маск, претприемачот кој го освои светот со своите ракети, електрични автомобили и тунели, ние сакаме да одиме кон подобрувања, попаметни солуции и едноставно, подобар секојдневен живот. Стремењето кон подобри решенија е тоа што ја води човечката цивилизација и резултира во нејзиниот експоненцијален развој.

Луѓето по дефиниција, се решавачи на проблеми. Design Thinking методологијата е само помагало кое го прави процесот на доаѓање до најдобрите решенија да биде полесен за нас, луѓето, и на тој начин овозможува брзо и ефикасно работење и креирање.

Водечки принцип на оваа методологија е емпатијата. Како сеопфатно разбирање и желба за помагање на луѓето за кои креираме, односно финалните корисници. Токму овој фокус на луѓето, такви какви што се, овозможува оваа методологија како начин на размислување навистина да води до подобри решенија и резултати.

Решенија на Проблеми

Како преку Design Thinking до најдобрите решенија?

Добриот дизајн, како во процесите, така и во продуктите има огромен потенцијал. Овозможува додавање вредност и зголемување на сатисфакцијата на корисникот. Со оглед на тоа дека целта на секој бизнис е, пред се, да има задоволни корисници, кои подоцна се претвораат во лојани потрошувачи и бренд амбасадори, добриот дизајн е тоа што ја прави разликата помеѓу успешните и неуспешните решенија и воедно, компании.

Design Thinking методологијата примарно се фокусира на дизајнот. Дизајнот – таков каков што им треба на луѓето: едноставен, практичен и визуелно задоволувачки. Всушност, Design Thinking е упатство со конкретни чекори. За тоа како да се дојде до најдоброто решение кое ќе ги задоволи сите потреби на финалниот корисник.

Преку емпатија, колаборација и различни алатки за темелно разгледување на проблемот, креирање на прототипи и тестирање на истите, Design Thinking методологијата овозможува до 50% побрзо лансирање на продукт на пазарот. И сето тоа, преку едноставни алатки и техники, кои можат да се имплементираат во сите процеси во компанијата.

resavanje problemi

Зошто Design Thinking методологијата е точно тоа што му е потребно на вашиот тим?

Досега, бројни компании ширум светот кои имаат имплементирано Design Thinking методи во интерните процеси, забележуваат енормен успех како резултат. Неколку примери за ова се Airbnb, Procter & Gamble и Bank of America. Овие гиганти преку Design Thinking го зголемуваат потенцијалот на човечките ресурси и креираат многу успешни решенија.

Design Thinking е клучот кој води до иновативни решенија, оптимизација на ресурси и до ефективна и ефикасна работа во секојдневието. Методологијата е применлива во сите индустрии и процеси. Лесно се имплементира преку едукативни вежби и примери. Отклучете го и Вие целокупниот потенцијал на вашиот тим преку негово континуирано надградување!

Leave a comment