4 начини како да ја поттикнете креативноста на вашето дете ова лето

4 начини како да ја поттикнете креативноста на вашето дете ова лето

Детската имагинација нема граници. Децата се природно креативни, комуникативни и ентузијастични. Но многу често, како што растат, децата ја губат храброста да се изразуваат на овој начин.

Формалното образование не е фокусирано на развивање на овие вештини. Особено во летниот период, далеку од секојдневната игра со другарчињата, децата значително стагнираат во овој поглед.

Вложувањето во креативните способности на вашето дете се многу значајни за неговиот правилен развој. Прочитајте како можете да ги стимулирате креативните способности на вашето дете за време на овој летен распуст.

1. Вложување во интереси и таленти

Секое дете е различно, и има уникатни дарби и интереси. Покрај тоа, тие се менуваат како што расте. Секогаш е важно да ги следите неговите интереси и да ги поддржувате до оној степен до кој можете.

Доколку вашето дете е особено заинтересирано за уметноста, тоа може да се креира цело лето со еден обичен сет боички. Доколку е заинтересирано за спортови, запишете го на неговиот омилен спорт. Ако е надарено за јазици, најдете канал со цртани филмови на некој друг јазик. Овие чекори се мали, но многу значајни.

Во период од 3 месеци преку игра и забава, вашето дете ќе вежба и може да стане многу умешно. Покрај тоа, ќе се зголеми неговата самодоверба и генерална мотивација за успех и на други полиња.

2. Читање интересни содржини

Никогаш не е прерано да се развие навиката за читање. Читањето не е важно само за учење. Преку редовна навика на читање се развива фокусот – нешто со кое што младите се потешко се справуваат.

Причината за тоа е технологијата, која ги учи на брза гратификација. Во контраст, книгите учат на трпение, бараат фокус и ги развиваат капацитетите за размислување и сеќавање. Помогнете му на вашето дете да ги избере оние книги кои тоа ќе сака да ги чита и поставете правило за читање секој ден, по половина час за почеток.

Поттикнете ја оваа навиката преку наградување, дискутирајте го тоа што го прочитал/а, и дадете му добар пример со тоа што и вие ќе почнете да читате повеќе.

3. Инволвирање во домашните задачи

Нема подобар начин да поминете време со вашето дете од тоа да го вклучите во задачите во домот. Најчесто, иницијална реакција на децата е негодување, но сите деца обожаваат да се чувствуваат одговорно.

Тоа се случува кога некој им верува да ја завршат работата како што треба. Секако, од ваша страна, нивните грешки треба да бидат пресретнати со трпение. Добивањето задачи кои одговорно треба да ги завршат, ги учат децата како да бидат самостојни. Со тоа расте и нивната самодоверба, а како резултат на тоа, и нивната креативност во попрактичен поглед.

Доколку детето има идеја како побрзо или полесно да заврши некоја работа, дозволете му да ви покаже и да проба. Ќе бидете позитивно изненадени од тоа како вашето дете размислува и колку е вредно.

4. Учество во креативни работилници и катчиња

Учеството во работилници и катчиња е еден од најдобрите начини да ја стимулирате креативноста на вашето дете. Во ваквите неформални активности, преку игра и забава, децата учат како да размислуваат, да се изразуваат, да работат во тим и да креираат.

Овие таканаречени меки вештини се универзално вреднувани и имаат влијание на краткорочниот и долгорочниот перформанс на вашето дете, во сите полиња.

Најдоброто за овие активности е тоа што му овозможувате на вашето дете да искуси нешто несекојдневно и да оформи нови пријателства за време на летниот распуст.

Како да ја изберете вистинската активност за вашето дете?

Не сите работилници и катчиња се подеднакво ефективни. Изберете работилница која трае минимум 4 последователни дена, за да вашето дете има можност да се опушти, да научи и да го примени наученото.

Идеално, работилницата треба да вклучува деца од различни возрасти и со различни интереси за да вашето дете има можност да го види светот од други перспективи. Активностите во работилницата треба да бидат сеопфатни, а оној што ја предводи работилницата треба да биде искусен во работата со деца, и сертифициран како тренер на темата.

Доколку креативната работилница ви звучи како најдобриот избор за вашето дете, прочитајте повеќе за нашето петдневно Design Thinking катче, моментално достапно по промотивна цена, и конкретните предности кои тоа ги нуди.

Leave a comment